TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се тенчат сметките во банките

Време - 06.12.2008

Наталија Томовска Кризата влезе во банкарскиот сектор. Банките имаат се помалку пари за да ги пласираат на своите клиенти за разлика од летово, кога кредитирањето беше во рекорден пораст.

Банките ги репрограмираат кредитите на фирмите

Вест - 06.12.2008

Економската состојба во Македонија е стабилна, иако има проблеми во некои сектори на реалната економија, заклучиле банкарите и претставниците на стопанските комори на вчерашната средба во Владата.

Бизнисмените бараат кредитирањето да не секне

Утрински - 06.12.2008

Банкарите ветија - ќе бидат и натаму потпора на домашната економија. Соња Маџовска. Забавената кредитна активност на банките, особено спрема компаниите од индустриите кои се најпогодени од кризата, ги седна на ...

Банкарите ќе продолжат со кредитирање на стопанствениците

Сител - 06.12.2008

Двете страни си дадоа збор пред владините претставници дека заедно ќе ја поминат глобалната криза. Пари ќе има, велат банкарите, но не се открива по која цена. - Банките веќе излегуваат во пресрет.

Банкарскиот сектор е стабилен

А1 - 05.12.2008

Владата, Народната Банка, бизнисмените и банкарите, седнаа на иста маса. Коваа стратегија како против евентуалните последици од светската финансиска криза.

Каматите до небо

Време - 05.12.2008

Наталија Томовска Нови повисоки каматни стапки на кредитите ќе го истенчат џебот на граѓаните. Банките веќе се соочуваат со недостиг од пари за пласман на кредити како резултат на кризата во металургијата и ...

Развојна банка

Дневник - 05.12.2008

Во услови кога „кредитната суша“ постепено ја зафаќа и Македонија, односно приватните банки стануваат се' порезервирани за одобрување нови кредити,секој денар со кој располага државата (во случајов банка во ...

Зачестени средби на Владата со стопанствениците

Форум - 05.12.2008

Македонските стопанственици, Стопанските комори и банкарите, заклучиле дека состојбите во Македонија не се така лоши како што е состојбата во поголемиот дел од развиените земји, во однос на глобалната ...

Ставревски: Кредитирањето не е загрозено

Алфа - 05.12.2008

Вицепремиерот Ставревски и банкарите смируваат – состојбата во банкарскиот сектор е стабилна, кредитирањето не е загрозено. Ставревски вели дека и покрај влијанието на светската криза, македонските банки имаат ...

Банкарскиот сектор е стабилен велат Владата, банките и коморите

Алсат-М - 05.12.2008

Ситуацијата во банкарскиот сектор и понатаму е стабилна, заклучија претставниците на Народната банка, на комерцијалните банки и на трите стопански комори во земјава по средбата со вицепремиерот за економски ...

Банкарите, стопанствениците, гувернерот на средба во Владата

Канал5 - 05.12.2008

Банките ќе продолжат со редовно кредитирање на фирмите, светската финансиска криза нема значително да го намали процентот на банкарски пари за стопанството, најмногу погодено од глобалната рецесија.

Банките и натаму потпора на економијата

Вечер Прес - 05.12.2008

Македонскиот банкарски систем моментално има стабилен депозитен потенцијал. Штедењето оди во добра насока, а ликвидната активност на банките продолжува во контекст на глобалната економска криза.

Банките го стегнаа вентилот за кредитирање

А1 - 03.12.2008

Селекција на кредитни барања, заострени услови. Банките ги затвораат вентилите за масовно кредитирање поради економската криза што веќе ја зафати и македонската економија. Нови, поригорозни услови и за компаниите и за населението. Стопирање на кредитите нема да има, но последниот квартал од годинава ќе го одбележи забавено кредитирање.

Само добрите фирми до кредит

Утрински - 03.12.2008

Банките тактизираат и ги заоструваат условите при доделување заем. Соња Маџовска. Во земјава се' потешко се доаѓа до кредит. Банките тактизираат и ги заоструваат условите при доделување заем. Внимателно се гледа кредитоспособноста на секој клиент.

Банките тактизираат со кредитите

Канал5 - 02.12.2008

Со високо ниво на претпазливост банките ги одобруваат кредитите, во последните два месеци. Помала е и реализацијата, за парите од одобрен кредит граѓаните чекаат по подолго време од вообичаеното. Засилено и по неколкупати клиентите на банките добиваат опомени за плаќање на ратите и на кредитите и на картичките.