TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

9-ти ден од акцијата за предавaње на нелегалното оружје

А1 - 09.11.2003

Денеска е 9-ти ден од започнувањето на акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје во земјава. Претставници на оперативниот центар денеска посетија собирни пунктови во Липково и Арачиново. На собирниот пункт за општина Липково денеска биле предадени една полуавтоматска пушка, 4 рачни ...

Трајковски: „Секое предадено оружје ќе значи многу за безбедноста“

А1 - 08.11.2003

Претседателот на Република Македонија смета дека сеуште е рано да се дава оценка за успешноста на акцијата разоружување што во земјава започна пред една недела.Но според Трајковски таа веќе дала подобри резултати од претходните ваквите акции изведени во соседните земји.

На собирен пункт во Скопје предадени 10 килограми експлозив ТНТ!

Утрински - 07.11.2003

Акција Скопје - На еден од скопските собирни пунктови вчера се предадени девет килограми и 700 грама експлозив ТНТ, 900 парчиња куршуми за пушка 7,9 милиметри, 179 парчиња прачки експлозив "камитит", 20 детонаторски каписли и друг вид оружје.

Предадено поголемо количество оружје во Скопје

А1 - 06.11.2003

На еден од скопските собирни пунктови денеска се предадени девет килограми и 700 грама експлозив ТНТ, 900 парчиња куршуми за пушка 7,9 милиметри, 179 парчиња прачки експлозив „Камитит“, 20 детонаторски каписли и друг вид оружје.

Позитивни оценки за текот на акцијата разоружување

А1 - 06.11.2003

Според оперативниот центар за разоружување, нелегалното оружје се предава во сите региони во Македонија. На еден од скопските собирни пунктови за нелегално оружје денеска биле предадени 9,7 кг експлозив тнт, 900 куршуми за пушка 7,9 мм, 179 парчиња експлозив „Комитит“ и 20 детонарски каписли.

Разоружувањето е успешно

Дневник - 06.11.2003

СПОРЕД ЕУ И ОБСЕ Акцијата за собирање на нелегалното оружје се одвива успешно, оценија претставниците на меѓународната заедница. - Малите технички проблеми се однесуваат на бројот на собирните пунктови и на локациите. Тие беа надминати многу брзо - изјави потполковникот Висенте Естебан, портпарол ...

Матејчани се "раздужија" од тенкот на АРМ

Дневник - 06.11.2003

АКЦИЈА ЗА ДОБРОВОЛНО ПРЕДАВАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО Членовите на комисиите одбиваат да ги отворат кутиите во кои треба да се наоѓа предаденото оружје Жителите-Албанци од Матејче, Кумановско, вчера се "разоружија" од тенкот што го заробија од АРМ за време на конфликтот.

Реконструкцијата е конструктивна, предавањето на оружјето е успешно

Утрински - 06.11.2003

Меѓународните претставници со позитивен став Реконструкцијата на македонската Влада Европската унија ја оцени како конструктивна и позитивна, "пред сў во рамките на спроведување на целосна имплемент ација на Рамковниот договор".

За ЕУ, ОБСЕ и „Конкордија“ акцијата разоружување успешна

А1 - 05.11.2003

Претставниците на меѓународната заедница во Македонија оценуваат дека акцијата за собирање на нелегалното оружје во земјава се одвива успешно и дека одредените технички проблеми биле навреме решени од кординативното тело.ОБСЕ има 11 тимови набљудувачи кои посетиле 65 собирни пунктови, а евро силите ...

Разоружувањето во тетовско и гостиварско тече нормално

А1 - 04.11.2003

Сите собирни пунктови нормално функционираат, одзивот на граѓаните е се помасовен, има видни резултати, велат од регионалната организација за собирање на оружје под чија надлежност е регионот на северозападна Македонија. На пунктовите се предава разновидно оружје, но првите конкретни бројки ќе ...

Разоружување денеска и во Куманово

А1 - 04.11.2003

На излезот од Куманово на спомен-костурницата се наоѓа пунктот за доброволно предавање на оружје. Ограден простор, неколку шатори, дрвени сандаци за да се положи предаденото оружје, но не се знае празни ли се полни ли се. „Комисијата нема многу работа, но сепак има предавање на оружје за бројката ...

Акцијата за разоружување се одвива и во источна Македонија

А1 - 04.11.2003

Во делчевско засега е собрана една рачна бомба, на два пункта во Виница има собрано еден ловечки пиштол, 72 патрони, една стара автоунгарска пиштол и детонаторска каписла. Во Кочани акцијата се одвива на два пункта досега се предадени една рачна бомба, една малокалибарска пушка, пушка М48 и 190 ...

Акцијата за предавање на нелегалното оружје во Велес без проблеми

А1 - 04.11.2003

Претставници на Оперативниот центар при Координативното тело за спроведување на акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје денеска го посетија собирниот пункт во Велес. Портпаролот на Оперативниот центар, Никола Чунихин, нагласи дека низ целата држава акцијата се одвива успешно и ...

Со пушка да бараш, пункт не наоѓаш!

Дневник - 04.11.2003

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОРУЖЈЕ Никој не кажува колку парчиња оружје се собрани Во Сарај и во Арачиново нема ни трага од пунктови за собирање оружје, а пунктот во селото Теарце се состоеше од тројца луѓе, кои осамени, на дожд, чекаа дали некој ќе предаде пиштол или реденик, какви што често можеше да се ...

Предадени првите парчиња оружје во Дебар

А1 - 03.11.2003

Првите парчиња нелегално оружје и муниција денеска се предадени на собирниот пункт во Дебар, со што и во овој регион започна да се спроведува акцијата за разоружување. Неколку жители на Дебар на пунктот лоциран во поранешната сушара за тутун предадоа неколку бомби кашикари, една полуавтоматска ...

Марковски: „Акцијата за предавање на оружјето тече според планот“

А1 - 03.11.2003

Акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје тече плански, во добра насока и без никакви проблеми, оцени Благоја Марковски, офицер за операции во Оперативниот центар при Координативното тело са спроведување на акцијата, по денешната посета на собирниот пункт Центар во Скопје.

Регистрирано пукање во липковско

А1 - 03.11.2003

Синоќа во период од 19 часот па се до полноќ полицијата во кумановско липковскиот регион регистрирала повеќе истрели од огнено оружје. Според првичните информации пукањето се слушнало од селата Ваксинце, Отља и Липково, и досега нема информации за материјална штета или човечки жртви.

Разоружани очекувања

Дневник - 03.11.2003

КОМЕНТАР - ДАНИЕЛА ВЕЉАНОВСКА Ако денот се познава по утрото, тогаш е сигурно дека разоружувањето во земјава е дефинитивно пропадната работа. Никој нема да се откаже од употребливото оружје, ниту ќе го посоветува блискиот да го стори тоа.

Каде што е ДПА на власт, има проблеми со разоружувањето

Утрински - 03.11.2003

Стартуваше големата акција за собирање на нелегалното оружје во Македонија Сашко Димевски Акцијата за разоружување во Македонија, како и што се очекуваше, во саботата почна со организациски проблеми, чија заднина е политичка.

Довидување на оружјето

Дневник - 03.11.2003

поЧна АКЦИЈАТА за разоружување Од 16 декември само припадниците на МВР и на Армијата ќе смеат да носат оружје на јавни места Акцијата за разоружување почна со слаб одѕив и со бојкот на некои места. Разоружувањето се одвива на 123 пункта во земјава, а до 10 ноември надлежните нема да кажат колку ...

Хари и Дехари се разоружаа

Вест - 03.11.2003

РАКОВОДСТВОТО НА МВР ПРВО МУ КАЖА НЕ НА ОРУЖЈЕТО Министерот Хари Костов го предаде неговиот ловечки карабин и скап пиштол од марката "смит и весон", заменик-директорот на УБК Фатмир Дехари "неговото последно нелегално парче оружје 'рѓосана автоматска пушк Министерот за внатрешни работи Хари Костов, ...

Предадени и минофрлачки гранати

Утрински - 03.11.2003

Тетово ТЕТОВО- "Во сите собирни пунктови во овие два дена веќе има почетни резултати. Предадено има куршуми од речиси сите калибри, пиштоли, пушки, но и друго оружје и минско-експлозивни средства, рече Благоја Марковски, офицер за операции при Координативното тело.

Пунктот во Липково активиран дури во саботата

Утрински - 03.11.2003

Куманово КУМАНОВО - Шефот на Оперативниот центар за доброволно предавање на оружјето, полковникот Благоја Марковски, вчера претпладне по телефон на дописникот на "Утрински" од Куманово му изјави дека пунктот за подрачјето на Липково е активиран во саботата попладне со четиричлена комисија и покрај ...

Во Прилеп една пушка помалку

Дневник - 03.11.2003

Една пушка и четири пиштоли биле предадени вчера во Прилеп. - Позитивно сум изненаден, бидејќи прилепчани во споредба со другите градови, масовно се огласија на повикот за доброволно разоружување. С$ уште владее мал интерес за легализација.

Конфликтните подрачја не се разоружуваат

Вест - 03.11.2003

СЕ КРИЈАТ ПОДАТОЦИТЕ КОЛКУ ОРУЖЈЕ СЕ СОБИРА ДНЕВНО Во Липково сметаат дека се уште не е безбедно, состојбата не е релаксирана за да го дадат оружјето, во Арачиново не било предадено ни парче, исто е во Студенични и во Сарај На вториот ден од акцијата за доброволното предавање на нелегалното оружје ...