TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нови 10 киднапирани во Ирак

А1 - 19.09.2004

Вооружена ирачка група киднапирала 10-мина вработени во турско-американска компанија и се заканила дека ќе ги убие доколку фирмата не се повлече од Ирак, соопшти денеска катарската телевизија Ал Џезира. На снимката што ја прикажа оваа телевизиска куќа, а што им ја испратиле Баталјоните на Абу Бакр ...

Македонците и Албанците беа киднапирани за да се разгори војната

Време - 18.09.2004

ДЕТЕКТИВОТ СТАМЕН ТРАЈЧЕВСКИ ТВРДИ Александар Божиновски Киднапирањата на 12 Македонци и на 6 Албанци било смислен чин, со цел да се разгори меѓуетничката омраза и така да се распламти воениот конфликт во тетовскиот регион, открива за „Време“ приватниот детектив Стамен Трајчевски, кого го ангажираа ...

И МВР и ДУИ бараат докази и имиња на убијците

Дневник - 17.09.2004

ИСТРАГА ЗА КИДНАПИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ Со изјави засновани на непроверени сознанија, прашањето за лицата исчезнати во воениот конфликт се политизира, вели портпаролката на ДУИ И полицијата и владејачката партија Демократска унија за интеграција бараат тој што има докази и што ги знае имињата на ...

МВР ги има истите сознанија како детективот Трајчевски

Време - 17.09.2004

СЛУЧАЈ „КИДНАПИРАНИ“ Изнесените информации на приватниот детектив Трајчевски, кој ја спроведува истрагата за киднапираните Македонци во воениот конфликт во 2001 година, не содржат речиси ништо ново, велат во МВР. - Повеќето информации што ги изнесе Трајчевски, МВР веќе ги има добиено.

МВР ќе истражува дали жртвите се закопани во Дреновец

Утрински - 17.09.2004

Повторно се одмотува клопчето околу киднапираните Македонци за време на кризата во 2001 година Како извршители на убиствата на киднапираните се посочуваат припадници на ДУИ, чии имиња се спомнувани и досега во повеќе наврати, велат во полицијата Даниела Трпчевска Телата на киднапираните Македонци ...

Двајца Американци и Британец киднапирани во Ирак

А1 - 16.09.2004

Двајца Американци и еден Британец изутринава се киднапирани во Ал Мансур (Багдад), соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи. Претходно Министерството информираше дека во ирачката престолнина се киднапирани тројца Британци.

Детектив тврди дека убијците се во ДУИ

Дневник - 16.09.2004

СОЗНАНИЈА ЗА СУДБИНАТА НА КИДНАПИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ Нашите информации за ликвидацијата и за местото каде што се закопани ги доставивме до МВР, но тоа не презема ништо, обвини детективот Стамен Трајчевски, најмен од роднините на киднапираните Дванаесетемина Македонци, киднапирани во војната во 2001 ...

Високи функционери на ДУИ ги ликвидираа Македонците

Време - 16.09.2004

СЛУЧАЈ „КИДНАПИРАНИ“ Сите дванаесет киднапирани Македонци се ликвидирани со оружје во пет приватни куќи во тетовската населба Дреновец, а извршители се актуелни политичари и високи функционери на ДУИ, вели приватниот детектив Стамен Трајчевски, кој ја спроведува истрагата за киднапираните Македонци ...

Трајчевски: „3 функционери на ДУИ убиле по 1 од киднапираните Македонци“

А1 - 15.09.2004

Тројца функционери на ДУИ ликвидирале по еден од киднапираните македонци за време на кризата во 2001-та, тврди приватниот детектив Стојмен Трајчевски ангажиран од семејствата на 12-мината киднапирани. Трајчевски знае и дека 5-мина од киднапираните со уште еден Албанец се убиени во куќи во ...

Лека со нова кривична пријава за злосторство врз цивили

Дневник - 15.09.2004

СЛУЧАЈ КИДНАПИРАНИ МАКЕДОНЦИ Роднините на Македонците киднапирани во војната во 2001 година вчера во Јавното обвинителство во Тетово поднесоа кривична пријава против Даут Реџепи-Лека, за кривично дело злосторство врз цивилно население, соопшти Борис Милосавлевски, јавен обвинител во Тетово.

Црно писмо од Ирак

Дневник - 15.09.2004

шпекулации ПРИ НЕДОСТИГ ОД официЈални вести Кумановец деновиве испратил писмо од Ирак во кое напишал дека е убиен еден од тројцата киднапирани Македонци Писмо, кое кумановец од Ирак наводно го испратил до своите роднини, длабоко ги вознемири семејствата на тројцата Македонци киднапирани во Багдад.

Веста дека киднапираните се живи, внесе надеж кај семејствата

А1 - 14.09.2004

Веста дека киднапираните се живи, во домот на киднапираниот Далибор Лазаревски внесе малку надеж. По 24 денови откога на тројцата Кумановци им се губи секаква трага во Багдад, информацијата на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци е првиот добар глас што доаѓа во деновите на исчекување.

Австралија не се повлекува од Ирак

А1 - 14.09.2004

Австралискиот премиер Џон Хауард денеска изјави дека нема да ја повлече војската од Ирак и покрај заканата од Тајната исламска армија дека ќе убијат двајца киднапирани Австралијанци, доколку барањето за повлекување на војската не биде исполнето во рок од 24 часа. „Ние не преговараме со терористи.

Го киднапирале оти ги измамил

Време - 14.09.2004

ГОСТИВАР Двајца гостиварци биле осомничени дека киднапирале и малтретирале сограѓанин затоа што ги измамил, соопшти полицијата. Гостиварската полиција поднела кривични пријави за грабнување против Џ. С. (60) и Д. Д. (57), додека против Н. Ј.

Босански Хрват бил ранет,киднапиран, па ослободен од Ирак

Дневник - 14.09.2004

ИЗВЕШТАЈ НА "ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ" Босански Хрват во минатата недела бил ранет и киднапиран во Ирак, по што бил пуштен дома, откако бил платен откуп за негово ослободување, јави Макфакс пренесувајќи извештај на загрепскиот весник "Вечерњи лист".

Ослободен Босански Хрват киднапиран во Ирак

А1 - 13.09.2004

Босански Хрват минатата недела бил ранет и киднапиран во Ирак, по што бил пуштен дома, откако бил платен откуп за негово ослободување, пишува денеска загребскиот весник „Вечерњи лист“. Станува збор за 35 годишен жител на Читлук, кој побарал да остане анонимен.

Димовски: „МНР знаеше за киднапираните Кумановци пред медиумите“

А1 - 13.09.2004

Министерството за надворешни работи за киднапирањето на тројцата Кумановци во Ирак беше информирано неколку дена пред тоа го објават медиумите, вели Владо Димовски претседател на невладината организација Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци.

Македонските "удби" бараат информации за тројцата кумановци

Дневник - 13.09.2004

ПО 22 ДЕНА ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО Агенцијата за разузнавање и државните служби за безбедност засилено комуницираат со странските разузнавачки служби и агенции за да добијат информации за судбината на тројцата киднапирани кумановци, дознава "Дневник".