TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелската влада го одобри планот за повлекување од Газа

А1 - 20.02.2005

Израелската влада го одобри планот на премиерот Шарон за повлекување од Појасот Газа и за евакуирање на израелските доселеници од тој регион по повеќе од 37 години окупација. Според израелското радио, седумнаесет министри гласале за повлекувањето од Газа и за евакуацијата на 8000 доселеници од таа ...

Фатах го одобри составот на новата палестинска влада

А1 - 17.02.2005

Раководството на Движењето за ослободување на Палестина (Фатах) го одобри составот на новата палестинска влада, во која приврзаниците на палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ги раководат клучните ресори, соопштија денеска палестински извори.

Израел ќе става пунктови на sидот што ги дели од Палестина

Вест - 16.02.2005

ЕРУСАЛИМ (Ројтерс) - Израел планира да постави пунктови опремени со висока технологија на својот sид на Западниот Брег. Израелците велат дека ова ќе го олесни движењето на Палестинците, но Палестинците велат дека вака би се одредиле границите на идната држава под израелски услови.

Израел ќе ги префрла доселениците од Газаво нови населби на Западниот Брег

Дневник - 16.02.2005

ЕВАКУАЦИЈА Израел планира да изгради нова доселеничка населба на окупираниот Западен Брег за да ги смести во неа еврејските доселеници што ќе ги повлече од другата палестинска територија Газа, јави Ројтерс. Израелските власти објавија дека префрлањето ќе биде привремено.

Израел почна да им препушта градови на Палестинците

Вест - 15.02.2005

Ерусалим, 15 февруари (АП) - Израел за 24 часа на Палестинците ќе им ја предаде контролата врз безбедноста во градот Ерихон.Тоа е првиот од петте автономни градови на Западниот брег на реката Јордан кој Израел вети дека ќе го врати на Палестинците во рамките на договорот постигнат минатата недела ...

Шарон ги ослободи првите 500 палестински затвореници

Вест - 14.02.2005

Ерусалим, 14 февруари - Израел одлучи да ослободи 500 палестински затвореници, рече премиерот Ариел Шарон. Тој уште минатата недела најави ослободување на 900 палестински затвореници, од кои 500 овие денови, а 400 во наредните недели и тоа во знак на подршка на палестинскиот претседател Махмуд ...

Хамас го поддржа примирјето со Израел

Дневник - 14.02.2005

МИРОВЕН ПРОЦЕС НА БЛИСКИОТ ИСТОК Лидерите на палестинската милитантна организација Хамас соопштија дека ќе го поддржат примирјето со Израел и ветија дека нема да одговорат на евентуално насилство на израелската војска, јави Ројтерс.