TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Џаро "мести" монодрама

Вечер Прес - 11.06.2005

Штета што во последниве години е се попасивен за да може да се научи нешто повеќе од неговите тајни. Ненадминливиот и најконтроверзен балкански менаџер, Велибор Џаровски - Џаро, иако не прави концерти, фестивали ниту спортски натпревари, сепак, секогаш знае добро да изненади.

Тито вози "фолксваген" - близнак !?

Вечер Прес - 11.06.2005

Во МВР се води истрага за повеќе украдени, главно скапи возила, а на списокот на "осомничени" е и автомобилот на пратеникот Тито Петковски, неофицијално дознава "Вечер-спец" од висок функционер во полицијата. Според сознанијата, Петковски управува "фолксваген" - близнак.

Ловориките за "Лет во место"

Вечер Прес - 11.06.2005

Претставата "Лет во место" на Драмскиот театар од Скопје, работена по текст на Горан Стефановски, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски е лауреат на 40. јубилеен МТФ "Војдан Чернодрински". Жирито во состав Љубиша Георгиевски - режисер, Русомир Богдановски - драматург и Бајруш Мјаку - актер, на ова култно ...

Скопје се закити со "Рамстор"

Вечер Прес - 11.06.2005

Скопје денеска ќе го добие луксузниот трговски центар "Рамстор". Симболиката за сечењето на црвената панделка е посветена на бројот 11, што е пронајден во датумот и часот на неговото отворање. На само ден пред отворањето, честа први да го посетат ја имаа новинарските екипи од електронските и ...

Доделени ,,оскари" во граѓанскиот сектор

Вечер Прес - 11.06.2005

Ако во Холивуд се делат награди за филмската индустрија, во Македонија се делат награди за придонес во развојот на граѓанското општество, демократијата и одржливиот развој. Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка по петти пат ги додели наградите во елитниот хотел Александар Палас.

Изгоре сендвичарницата "Нино"

Вечер Прес - 11.06.2005

Во пожарот што ноќта меѓу четвртокот и петокот избувна во еден од објектите од привремен карактер, лоцирани пред ГТЦ, во центарот на Скопје, целосно изгоре сендвичарницата "Нино". Во случајов, во кој освен материјална штета нема повредени, делумно е опожарен и киоскот до "Нино", исто така ...

Женска "револуција" во ВМРО-Народна

Вечер Прес - 11.06.2005

Златарницата "Голдмак" за секоја жена, која е член на ВМРО-Народна, ќе изработи по една "сребрена пеперутка". Тоа е новиот симбол на Унијата на жените на оваа партија, што треба да го изразува слободниот дух на жената. Со пеперутката на градите, припадничките на поубавата половина, предводени од ...

Грција "врие" од фалс евра!

Вечер Прес - 11.06.2005

Грчките власти се вознемирени од големиот број фалсификувани банкноти на еврото, кои банките секојдневно ги собираат во реонот на Солун, објави весникот "Ангелиофорос". Според весникот, само во една полициска станица во Солун секој месец пристигнувале во просек од 100 до 150 фалсификувани банкноти ...

"Македонска пошта" излезе од була

Вечер Прес - 11.06.2005

"Македонска пошта" по неколку годишна финансиска була, последните месеци работи профитабилно и станува се поуспешна компанија ориентирана кон своите корисници. Не прецизирајќи го профитот што е остварен годинава, првиот човек на Поштата, Таип Јакупи, рече дека тоа се должи на добрата организација и ...

Во вечноста со "Калеш Анѓо"...

Вечер Прес - 10.06.2005

Стефан Гајдов (1905 - 1992) припаѓа на првата генерација македонски школувани музичари, заедно со Живко Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Аспарух Хаџи Николов и Петре Богданов-Кочко. Доајени во историјата на македонската музика, кои со своето делување ги поставија темелите на музичкиот ...

Нов проект ,,Заедно за младите"

Вечер Прес - 10.06.2005

На повидок е формирањето на уште еден парламент во Македонија. Станува збор за Национален Младински Парламент кој треба да е дел од проектот на Британскиот Совет ,,Заедно за младите". Проектот е во соработка со Граѓанската фондација и Интеркултурниот центар, а во блиска соработка со корисникот на ...

"Рамстор" го продава џабе купеното земјиште

Вечер Прес - 10.06.2005

ВМРО-ДПМНЕ има сознанија дека фирмата "Рамстор Македонија" го продава "џабе" купеното земјиште во центарот на Скопје. "Земјиштето од 20.000 метри квадратни што Владата го продаде за 560.000 евра на "Рамстор Македонија", сега се продава по неколку пати повисока цена - рече Влатко Ѓорчев на ...

Терминалот на "5" и "15" нема да се дислоцира?!

Вечер Прес - 10.06.2005

Дислокацијата на автобускиот терминал на "5" и "15", иако веќе една година наголемо се најавуваше од Градските власти и Општината Кисела Вода, нема да се случи. Како што дознаваме од надлежните, Министерството за транспорт и врски го одби барањето на Градот за новата локација на булеварот АСНОМ на ...

"Гаучисите" го растурија светскиот првак

Вечер Прес - 10.06.2005

Аргентина ја потврди супериорноста во Јужноамериканската зона од квалификациите за СП 2006 година. Во дербито на колото "гаучосите" дома го победија Бразил со 3:1 и со овој успех го заверија настапот на "мундијалот" во Германија.

"Сименс" влезе во Македонија

Вечер Прес - 10.06.2005

Претседателот на Владата на Република Македонија, Владо Бучковски, вчера престојуваше во Минхен каде се сретна со премиерот на Германската Покраина Баварија, Едмонд Штојбер. На разговорите беше договорено интензивирање на економската соработка и воспоставувње поинтензивни контакти меѓу Република ...

Се "готват" нови отказни решенија?!

Вечер Прес - 10.06.2005

По завчерашната смена на неколкумина први луѓе од нивните раководни места во Градскиот комитет за урбанизам и сообраќај, меѓу кои Мице Славковски заменик претседател во Одделението за сообраќај, Љупчо Митковски - Одделение за градежно земјиште, Јагода Нешковска од Одделението за образование, ...

"Секси-гаражи" за проститутките на СП 2006 во Германија

Вечер Прес - 10.06.2005

Идната година, Германија ќе биде организатор на најголемата светска фудбалска манифестација, на која, како и секогаш, нема да ја има Македонија. Но, тоа не е тема на овој напис. Има време. Имено, организаторите уште отсега стравуваат од големата навалица на проститутки во 12 градови, каде што ќе се ...

"Чија си" за лауреатите

Вечер Прес - 10.06.2005

Со мјузиклот "Чија си" во режија на Виолета Џолева, а по текст на Сашо Насев и продукција на Универзалната сала од Скопје, вечерва (20 ч.) за последен пат ќе се крене завесата на 40-тиот МТФ "Војдан Чернодрински" во Прилеп. Со оваа претстава ќе бидат почестени наградените актери, режисери, ...

Комунален "ремонт" на градот

Вечер Прес - 10.06.2005

За четири проекти во решавање на дел од проблемите во комуналната инфраструктура, Владата одобрила шест милиони денари. Од нив, два милиони ќе бидат потрошени за изградба на потисен цевковод во високата градска зона, каде што веќе е изграден резервоар за вода.

Берлускони "врти" милиони!

Вечер Прес - 10.06.2005

Додека италијанското стопанство тоне во рецесија, премиерот Силвио Берлускони собира пари од акциите. Со продажбата на 16,7 отсто акции во фирмата "Медијасет" во април, Берлускони, според податоците што ги објави холдингот "Фининвест", заработил повеќе од два милиони евра.

"Смрдлива Вода" полна со гости

Вечер Прес - 10.06.2005

Одморалиштето "Смрдлива Вода" на Кожуф Планина, оддалечено околу 24 километри од Гевгелија, најрано од кога било досега, почна да се полни со гости. Како и секогаш, први дојдоа гостите кои овде имаат викендички чиј број ја надминува бројката од 350.

Индира за "пензионирање" ќе пресече до крајот на јуни

Вечер Прес - 09.06.2005

Иако беше меѓу најекспонираните во тимот на годинашниов вице-шампион на Европа, Кометал Ѓ.Петров во Лигата на шампионите, капитенот на нашиот најтрофеен клуб Индира Кастратовиќ ја немаше на списокот на репрезентативки на селекторот Андреј Портној за претстојните бараж средби со Србија и Црна Гора ...

Збрка со "дивите" колеџи

Вечер Прес - 09.06.2005

Конкурсот за упис на новата генерација студенти на државните факултети, денеска ќе биде преповторен во дневниот печат. Причина е што неговото завчерашно објавување во весникот "Нова Македонија", создаде забуна во јавноста, на што реагираа и од Министерството за образование и наука.

"Нови фосили" во живо по долги години!

Вечер Прес - 09.06.2005

По долги години "Нови фосили" прексиноќа повторно заедно настапија во Студио 10 на ХТВ. Сања Долежал, Рајко Дујмиќ, Владимир Кошиќ - Зец, Маринко Колнаго и Нено Шариќ во шоуто ја испеаја "За добра стара времена" и уште неколку песни кои ја потсетија публиката на старите времиња.

"Пливање во прашината" од Игор Исаковски

Вечер Прес - 09.06.2005

Романот "Пливање во прашината" (издание на "Слово") на Игор Исаковски, денеска (20 ч.) ќе биде промовиран во клубот "Вега" во ГТЦ. По промоцијата, концерт ќе одржат блузерите Јук Џоинт Експрес и Вајлд банч. Влезот е слободен.

"Свети спас" заштитник на храбрите

Вечер Прес - 09.06.2005

На западните падини на Националниот парк "Пелистер" до реката Шемница, која преку Драгор се влева во Црна Река, се наоѓа селото Маловиште, единствено во поширокиот регион населено со влашко население. Некогаш многубројно, денес со луѓе што на прсти можат да се избројат.

Ќе се бараат и нови опции за "Словенечка"?!

Вечер Прес - 09.06.2005

Експропријацијата на земјиштето на кое треба да се изгради булеварот "Словенечка", по се изгледа "ги исплаши" Градските власти поради сумата пресметана за обесштетување на сопствениците. За изградба на оваа сообраќајница која ќе претставува врска меѓу улицата "Босна и Херцеговина" и Јадранската ...

"Макпетрол" нуди смирување!

Вечер Прес - 09.06.2005

Компаниите кои дел од своето производство го организираат со користење на гасот како енергенс, ќе можат да продолжат нормално да работат. Ден претходно од "Макпетрол", кој досега вршеше набавка и дистрибуција на гасот до потрошувачите, беа известени дека од денес, кога официјано стапува во сила ...

Клиничари му "парираат" на Митрев за Воена болница

Вечер Прес - 09.06.2005

Група врвни клиничари му "парираат" на сопственикот на приватната кардиохируршка болница, д-р Жан Митрев, кој деновиве по сториите за преселбата на градска хирургија, во серија ги актуализира своите апетити да ја лапне целата Воена болница.

Информативна "диктатура" на Јанша!

Вечер Прес - 09.06.2005

Портпаролот на Владата на Словенија, Јернеј Павлин, испратил упатство до сите словенечки министерства со кое од нив се бара да не комуницираат со неделникот "Младина", односно да ја "редуцираат комуникацијата на минимум", јави БЕТА.

Судијата в болница - Вранишковски "куртули"

Вечер Прес - 09.06.2005

Седницата во Апелациониот суд на која требаше да се разгледува жалбата по пресудата на Основниот суд од Битола во траење од 1,5 година затвор за расчинетиот владика на МПЦ, Зоран Вранишковски е одложена за 22 јуни. Претседателот на Советот, судијата Васко Кузев, на јавната седница извести дека ...

"Поп рок фест" со постфестивалски активности

Вечер Прес - 09.06.2005

"Поп рок фест 2005" и по завршувањето на фестивалот работи на својот проект. Имено, победниците на овој фестивал, гостите од СЦГ Жика Џорџевиќ и "Пикасо бенд" потпишаа две годишен договор со белградската куќа ПГП-РТС . Ова е уште еден факт дека "Поп рок фест" успеа да направи свој стил и свој имиџ ...

"Галебите" шират крилја

Вечер Прес - 08.06.2005

Радосна вест од Охрид: Холанѓаните се враќаат. По долги години холандските граѓани одново се заинтересирани за летување и одмор на охридското крајбрежје.Туристичките работници тријат раце, не само од најавите за склучување на аранжмани, туку и од долетувањето на првите групи, кои ја отворија веќе и ...

Апостолски на Хаг "му даде рок" до 15 јули

Вечер Прес - 08.06.2005

Хашкиот трибунал денеска ги доби државните гаранции за обвинетите Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Документите со кои Македонија гарантира дека обвинетите ќе му бидат достапни на Трибуналот, ако се бранат од слобода и се наоѓаат на територијата на Македонија ги достави министерката за правда ...

"Авалон" ќе враќа по 250 денари за "Скопје саундс гуд"

Вечер Прес - 08.06.2005

Продукцијата "Авалон" на граѓаните кои купиле и ги чуваат влезниците за фестивалот "Скопје саундс гуд" ќе им врати по 250 денари. Тоа е договорено со Организацијата на потрошувачите на Македонија и со Државниот пазарен инспекторат, откако повеќе граѓани реагирале до овие институции дека на 28 мај, ...

"Каде песно моја" на ТВ-екраните

Вечер Прес - 08.06.2005

Новиот спот на М2 Продукција во соработка со Мобимак и Кока-Кола, на ѕвездата на М2 - Ламбе Алабакоски за песната "Каде песно моја", веќе го има на сите ТВ-станици во Македонија. Спотот го изработи Томато Продукција. За потребите на спотот беше направен специјален базен, инсталирани илјадници ...

Изложба на Титовата "ергела"

Вечер Прес - 08.06.2005

Во холот на музејот "25 Мај" во Белград се изложени два исклучително луксузни и скапи автомобили на Тито, што тој ги користел за време на своето владеење. Станива збор за бисерите од неговата "ергела", специјалните верзии на "ролс-ројс" и "мерцедес".

Гран при за италијанската "Ајдана и другите"

Вечер Прес - 08.06.2005

Со доделување на наградите за најдобри телевизиски остварувања од доменот на животната средина и заштитата на културното наследство во Охрид заврши шестиот Меѓународен телевизиски Еко фестивал. Гран при за најдобра ТВ-програма од областа на заштита на животната средина во износ од 1.800 евра му е ...

"Метаморфози" се врати со прва награда

Вечер Прес - 08.06.2005

На меѓународната театарска смотра "Славјански базар" во Москва, штипскиот Народен театар, со претставата "Метаморфози" постигна голем успех, можеби најголем во својата богата историја. Претставата на Народниот театар од Штип, стручното жири ја прогласи за најкомплетна и и ја додели првата награда.

Пломбата иницираше нов санитарен јазол за ОУ "Климент Охридски"

Вечер Прес - 08.06.2005

И за учениците од ОУ "Климент Охридски" во населбата Бутел, учебната година ќе заврши на 10 јуни. Ова, на само еден ден по пломбата што ја доби од санитарната инспекција, го потврди директорката на училиштето Татјана Цветковска.

Пилотите за жалење поради "мизерните" плати

Вечер Прес - 08.06.2005

Пилотите на МАТ најавуваат штрајк. Навистина, не сите. Некои велат дека е ујдурма, а други дека за две недели ќе престанеле да летаат. Причина за тоа, според овие вторите, било што се уште не ја добиле априлската, а и мајската плата и што во изминативе седум месеци тие им биле намалени за 30 отсто.

Езерото "Треска" и летово затворено за капачите

Вечер Прес - 08.06.2005

Езерото "Треска" и ова лето ќе биде затворено за капачите, а надлежните ќе бараат алтернативни решенија за проблемот со лошиот квалитет на водата. Според надлежните во ЈП "Паркови и зеленило" и покрај желбата овој рекреативен центар конечно да проработи, добиените анализи не оставаат простор за ...

"Бела птица" за Бато

Вечер Прес - 08.06.2005

Куп убави зборови, се постари - се повредни како стари реликвии, куп инспирации оттргнати од заборав, весел дух, емоции и многу тајни, крие најновата книга-песнарка "Бела птица", која госпоѓа Зора деновиве ја објави во спомен и чест на нејзиниот син Владимир Нејашмиќ-Бато, на нејзината снаа и ...

"Стоунси" и Боуви се откажаа од "Лајв 8"

Вечер Прес - 08.06.2005

Британските рок-легенди ги шокираа организаторите на концертот Лајв 8. "Ролинг Стоунс" и Дејвид Боуви одбија учество на овој голем хуманитарен спектакл, иако музички се уште активни. И Стоунси и Боуви беа дел од оригиналниот "Лајв ејд" од 1985 година, но по 20 години оттогаш, сепак, нема да ...

"Лумикс" во употреба кон крајот на годината?!

Вечер Прес - 08.06.2005

Објектот лоциран пред зградата на ЕСМ во наредните 40 дена треба да биде целосно покриен и застаклен. Металната покривна конструкција е завршена, а деновиве таа се обложува со алуминиумски плочи во вид на "филигран", по што ќе почне и неговото странично застаклување.

Вработените во "Јасен" се неодговорни

Вечер Прес - 07.06.2005

Претставници на Здружението на граѓани од "Порече" деновиве треба да остварат средба со одговорните служби од Министерството за земјоделие и Владата, за да добијат одговор зошто е стопирано трасирањето на патот од Порече за Скопје во должина од 7,8 километри.

Забрането штрајкување на "Марков трг"!

Вечер Прес - 07.06.2005

Штрајковите на "Марков трг" пред хрватската Влада и Саборот, изгледа, ќе влезат во историјата. Причината за тоа е едноставна: Владата реши да ги забрани јавните собири пред Саборот и Банските двори. Имено, Владата во итна саборска процедура упатила измени на Законот за јавно собирање во кој се ...

Презерватив со лого "Бијело дугме" - 1000 евра

Вечер Прес - 07.06.2005

Само три дена откако се пуштени во продажба продадени се преку 50. 000 билети за белградскиот концерт на "Бијело дугме", закажан за 28 јуни на Хиподром. Како што дознаваме, во продажба се пуштени три категории на карти. Првата е за стоење и чини 50 евра, другата од 100 евра е за седење, и третата ...

Сопругата на Карембу со нозе за во "Гинис"

Вечер Прес - 07.06.2005

Госпоѓата Адријана Скленарикова, родена на 17 септември 1971 година во Брезно, Словачка, би можела да влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственичка на најдолгите нозе. Вака деновиве ја "закачаат" шпанските новинари, свесни дека таа навистина е една од најубавите жени на 20 и на 21 век, ...

"Гаспром" ја купува "Известија"

Вечер Прес - 07.06.2005

Еден од најугледните и највлијателните дневни весници во Русија -"Известија", наскоро преминува во рацете на државниот монополист "Гаспром". Холдингот на "Гаспром-медија" веќе се договорил со досегашните сопственици на контролниот пакет- акции за купување на овој весник кој има тираж од 200 000 ...

Полицијата ќе го деблокира "Градиште"?

Вечер Прес - 07.06.2005

Поранешните сопственици на имотите во автокампот "Градиште" и покрај тоа што во петокот доцна попладне го примија решението од Охридскиот суд за деблокирање на влезот во кампот, и во текот на вчерашниот ден се уште не ги отстранија блокадите.

Македонци на "Егзит", "Крафтверк" во Македонија

Вечер Прес - 07.06.2005

Вчера напладне, во кафулето "Блу кафе урбан" во центарот на Скопје, "Балкан идеја" пред новинарите ги изнесе деталите за престојниот фестивал "Егзит 05", и концертот на "Крафтверк" во Скопје. На "дводелната" прес-конференција прво се зборуваше за фестивалот на кој ќе учествуваат и македонски ...

Предраг Димитровски в.д. главен и одговорен уредник на "Вечер"

Вечер Прес - 07.06.2005

Од вчера в.д. главен и одговорен уредник на "Вечер" е Предраг Димитровски, кој досега ја извршуваше функцијата заменик-главен уредник. Досегашниот главен и одговорен уредник Владимир Тулевски, по кадровската смена, останува во Редакцијата како уредник ...

Јахтата "Русија" повторно заплови

Вечер Прес - 07.06.2005

Од пристаништето во Санкт Петербург, по завршената реконструкција, повторно заплови луксузниот брод "Русија", изграден во 1973 година по личен указ на тогашниот генерален секретар на ЦК КПСС, Леонид Брежнев. Бродот "Русија" е долг 96 метри, широк 14,3 м и велат дека за неговото подновување воопшто ...

"Стринг форсис" во "Вега"

Вечер Прес - 07.06.2005

В недела на 12 јуни со почеток во 21 часот, во скопскиот клуб "Вега", групата "Стринг Форсис" ќе одржи концерт. Цената на влезниците изнесува 100 денари, а ќе можат да се подигнат на влезот во "Вега". Ова е една од нашите најквалитетни групи, која секогаш побудува внимание кај ...

Потпишаниот "Мајн Кампф" на аукција

Вечер Прес - 06.06.2005

Потпишаното прво издание на книгата "Мајн Кампф" од Адолф Хитлер кон крајот на месецов ќе се најде на аукција со почетна цена од 25 илјади фунти, објави аукциската куќа Блумсбери. Книгата доаѓа во "пакет" со разгледници и благодарници што лично ги потпишал Хитлер, како и со разни предмети кои ...

Цеца го "урна" Градски

Вечер Прес - 06.06.2005

Со масовен одѕив, огромни овации и неверојатна позитивна енергија скопската публика на најголемата балканска атракција Цеца Ражнатовиќ и приреди срдечен пречек. Но, и таа ним! Мега-ѕвездата завчеравечер успеа да собере околу 30 илјади луѓе на Градскиот стадион во Скопје, за по завршувањето на ...

Бусек не "клекна"!

Вечер Прес - 06.06.2005

Пишува: Виолета ЦВЕТКОВСКА Маратонскиот натпревар меѓу царинските екипи на македонската и привремената косовска влада влезе во финалето. Косово ни води со 10 спрема 0. На реваншот во Приштина најмногу што можеме да издејствуваме е 8 спрема 0, односно 8 отсто царина за стратешките македонски ...

"Да го обоиме светот"

Вечер Прес - 06.06.2005

Јавната установа за деца "Срничка", во петокот го одбележа јубилејот од десет години работа во областа од згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст. Прославата која по тој повод беше организирана, се одржа во Домот на АРМ.

Шарапова "вљубена" во Вимблдон

Вечер Прес - 06.06.2005

Руската тениска мега-ѕвезда, Марија Шарапова, на завчера завршениот Грен Слем во Париз, не се прослави, бидејќи во четвртфиналето беше поразена од шампионката Жастин Анен Арден (6:4, 6:2). Но, таа е веќе во Лондон, каде што се подготвува да го повтори успехот од минатата година, кога за првпат ја ...

Врачени наградите за актерите од "Друга страна"

Вечер Прес - 06.06.2005

На актерите Јовица Михајловски и Камка Тоциновски вчера во Риека им беа врачени наградите за најдобар актер и за најдобар млад актер за улогите на Лаки и Мала во претставата "Друга страна" од Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски.

"Феникс" ќе бара вода на Марс

Вечер Прес - 06.06.2005

Американската вселенска агенција НАСА го одобри проектот за следната мисија на Марс, чија цел е во арктичката зона на Црвената планета да го испрати возилото, наречено "Феникс", кој ќе бара траги од вода и можни знаци за живот во минатото или сега.