TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Загубарите останаа непривлечни за странците

Утрински - 08.11.2003

Неизвесно дали до крајот на годинава ќе се реши продажбата на проблематичните претпријатија МАЈА ТОМИЌ Стануваат се понеизвесни оптимистичките тврдења на Владата дека до крајот на оваа година загубарите дефинитивно ќе се тргнат од дневен ред на листата приоритетни економски проблеми во државава, со ...

За десет месеци продадени само седум загубари

Вест - 07.11.2003

ДРЖАВАТА ГИ ОТКАЧИ ЗАГУБАРИТЕ, НО НЕ ИМ НАЈДЕ ГАЗДИ Сите 24 фирми-загубари од листата сврзана за ФЕСАЛ аранжманот се ликвидирани, а според последниот извештај за продажбата на загубарите, продадени се пет дела од "Годел", "Нокатекс", "Силика алумосиликати"...

Фасовци ќе протестираат поради лошата тендерска понуда

Утрински - 07.11.2003

Последниот тендер за ФАС „11 Октомври" ги револтира поранешните вработени Поранешните вработени од ФАС ?11 Октомври" во стечај в понеделник ќе одржат заеднички состанок на кој ќе донесат одлука за одржување протести пред Министерството за економија и пред консултантската куќа ?Лајонс и Бриџис".

Фасовци незадоволни од тендерот за продажба

А1 - 06.11.2003

Работниците од ФАС, не се задоволни од новиот начин и условите под кои е објавен четвртиот тендер за продажба на имотот на скопската фабрика за автобуси, каде целиот имот на ФАС се продава во еден пакет, а не како во изминатите три тендери каде скопската фабрика се нудеше на продажба во три пакети.

Продажбата на загубарите со слаби резултати

А1 - 05.11.2003

Од 24 фирми загубари со околу 40.000 работници чие решавање беше условено со „фесал два аранжманот“ досега се продадени само 4 фабрики со околу 6.000 вработени. За најголемите фирми од листата на загубарите, „Фас“, „Хемтекс“, „Годел“и по три обајвени тендери, не се најдоа купувачи.

Распишан тендер за продажба на ФАС

А1 - 04.11.2003

По три неуспешни обиди да се продаде скопски „Фас“, денеска е објавен четвртти меѓународен тендер за продажба на имотот на фабриката. Новина во овој тендер е што понудувачот кој ќе биде одбран за најсериозен ќе мора да уплати 50.000 евра како гаранција дека има вистинска намера да го купи скопски ...

Неделава нов тендер за продажба на ФАС „11 Октомври"

Утрински - 03.11.2003

По два неуспешни обида за скопскиот загубар Имотот на ФАС ?11 Октомври" во текот на неделава повторно ќе биде понуден на продажба преку меѓународен тендер, најави минатата недела стечајниот управник на фабриката, Симо Михајловски.