TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Зоран Крстевски нов лидер на ЛП

А1 - 27.07.2008

Зоран Крстевски е новиот лидер на Либералната партија, избран на денешниот вонреден конгрес на партијата во Свети Николе. Одлуката едногласно ја донесоа 157-те делегати од 30-те општински организации од вкупно 40.

Денеска вонреден Конгрес на ЛП

Кирилица - 27.07.2008

Состојбата во ЛП кулминира, по одлуката на екс-претседателот Стојан Андов на предвремените парламентарни избори да коалицира со „ Сонце“, што според партиски извори, не била желба на мнозинството од членството.

Членови на ЛП не го признаваат конгресот на партијата

А1 - 24.07.2008

Членови на Либералната партија не го признаваат конгресот и изборот на Борче Стојановски за лидер на партијата. Организациониот одбор на вонредниот конгрес на Либералната партија денеска соопштија дека неодамнешниот избор на Стојановски е нелегитимен и оти легитимен партиски конгрес ќе се одржи на ...

Политичката анонимност не e хендикеп

Утрински - 24.07.2008

Борче Стојановски, новиот лидер на Либералната партија Гордана Дувњак Од минатиот викенд нов лидер на Либералната партија е 44-годишниот битолчанец Борче Стојановски. По професија е дипломиран геодетски инженер и долги години се занимава со приватен шпедитерски бизнис.

Андов: Не зборувам за состојбите во ЛП

Кирилица - 23.07.2008

Организацискиот одбор на вонредниот конгрес на либералите не го признава новоизбраниот претседател на партијата и најавува дека легитимниот лидер ќе биде избран в недела во Свети Николе.

Легитимноста либералите ќе ја решаваат на суд

Н.Македонија - 23.07.2008

Работите во Либералната партија се заоструваат по одржувањето на конгресот на партијата мината недела, од страна на крилото на досегашниот претседател на партијата, Стојан Андов. За нов претседател на ЛП беше избран Борче Стојановски.

Либералите судски ќе се докажуваат за лидерот

Дневник - 22.07.2008

Либералите судски ќе се докажуваат за лидерот Организацискиот одбор на вонредниот конгрес на либералите не го признава новоизбраниот претседател на партијата и најавува дека легитимниот лидер ќе биде избран в недела во Свети Николе.

Еден дел од ЛП не го признава Стојановски за претседател

Канал5 - 22.07.2008

Дел од членството на Либералната партија не го признава изборот на Борче Стојановски за нов претседател, зашто конгресот кој се одржа пред 4 дена според нив не бил според статутот на партијата. Тие ќе одржат вонреден конгрес во недела во Свети Николе.

На 27 јули вонреден Конгрес на ЛП ...

Кирилица - 22.07.2008

Според статутот на Либералната партија, Републичкиот одбор брои 85 членови. 60 од нив доставија заверени изјави на нотар дека присуствувале на седницата на РО на 16 јуни каде беше донесена одлука за вонреден Конгрес- изјави на прес конференција, Драган Василески претседател на Организационот одбор ...

Вонреден конгрес на Либералната партија

Нетпрес - 22.07.2008

Од организациониот одбор за подготвуавње на вонреден конгрес на Либералната партија денеска соопштија дека вонредниот конгрес ќе се одржи на 27 јули во Свети Николе, на кој што по статутарен пат повеќе од 30 општини делегираат свои претставници и на тој конгрес ќе присуствуваат 278 членови.

Андов ја испушти шансата да остави здрава политичка партија

Кирилица - 22.07.2008

Либералната Партија деновиве го доживува кулминатот на својата демократизација, или барем очекувањата се такви. Се случуваат два партиски конгреса едноподруго.

Не сакаме отцепување, сакаме партијата да остане компактна

Вечер Прес - 22.07.2008

Сакаме да ја демократизираме и омасовиме Либералната партија, за која мислиме дека има место на политичката сцена. Каниме и поранешни функционери, а кои во меѓувреме од разни причини не биле активни во работата на партијата, вели Љупчо Мешков, член на иницијативиониот одбор за смена на ...

Борче Стојановски го замени Андов

Вест - 21.07.2008

Либералната партија на завчерашниот конгрес го избра Борче Стојановски за нов лидер. По 17 години на чело на партијата, Стојан Андов се повлече од партискиот врв и остана да биде само обичен член.

Борче Стојановски ќе ги консолидира либералите

Дневник - 21.07.2008

Борче Стојановски ќе ги консолидира либералите Борче Стојановски, претседател на битолскиот разгранок, е новиот лидер на Либералната партија, кој по 17 години го заменува Стојан Андов.

Андов се повлече, Борче Стојановски нов претседател на ЛП

Утрински - 21.07.2008

Ќе инсистираме опозицијата да направи договор со власта и поскоро да се врати во парламентот, вели Андов Либералната партија со која досега раководеше Стојан Андов на саботниот Конгрес избра нов лидер и Претседателство.