TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Струмица е подготвена да слави на улица

Време - 19.05.2007

ВЕЧЕРВА (19 Ч.) СЕ ИГРА ПЕТТИОТ ФИНАЛЕН ПЛЕЈОФ-МЕЧ Струмица е подготвена за славје. Кошаркарите на Струмица 2005 вечерва ја имаат втората меч-топка во финалната плејоф-серија со Фершпед Работнички во која по четири меча крајно неочекувано водат со убедливи 3-1.

Струмичани без бело знаме во Скопје

Вест - 19.05.2007

ОДБОЈКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФОТ Одбојкарите на Македонија Џио денеска (19 часот) му доаѓаат на мегдан на Фершпед Работнички во првиот натпревар од финалето на плеј-офот. Во редовите на струмичани владее умерен оптимизам и велат дека ќе се обидат да изненадат.

Струмица 2005 поентира со втората меч-топка

Утрински - 19.05.2007

Струмица живее со своите кошаркарски херои, кои вечерва во својата сала (19 ч.) ја имаат втората меч топка во финалната плејод серија против Фершпед Работнички. Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната води со 3:1 и му треба уште една победа да ја прекине доминацијата на „шпедитерите“, кои ...

Струмичани подготвуваат спектакл

Вечер Прес - 19.05.2007

Вечерва, во преполната сала "Парк" Струмица 2005 против Ф. Работнички ја бара шансата за освојување на толку посакуваниот поен и освојување на титулата Топката вечерва се сели во Струмица, во салата "Парк", каде ќе се одигра петтиот финален натпревар од разигрувањето за титулата.

Старт со многу неизвесности

Вечер Прес - 19.05.2007

Вечерва, во салата во Градскиот парк, финалистите во купот Работнички Ф. и Македонија - Џио ја почнуваат трката за три победи и шампионскиот пехар Вечерва, во салата во Градскиот парк (19 ч), почнува трката за титулата во одбојка за која ќе се борат екипите на актуелниот првак Работнички Ф.

Струмичко-скопски дуел за титула и во одбојкарскиот шампионат

А1 - 18.05.2007

Струмичко-скопски дуел за титула ќе има и во одбојкарскиот шампионат. Во натпреварите за титулата ќе играа суверениот првак Работнички Фершпед и Струмица Џио. Во оваа конкуренција фаворит е скопскиот тим и покрај тоа што струмичани пружија солиден отпор во финалето од ...

Работнички ја разбуди надежта за одбрана на титулата

А1 - 18.05.2007

Воведниот триумф во финалната серија од кошаркарскиот плеј оф, кај Фершпед Работнички ја разбуди надежта за одбрана на титулата. Спречија дебакл и елиминација со 4:0, но за историски пресврт ќе им требаат два успеха на теренот на Струмица.

Работнички ја спаси првата меч-топка

Време - 18.05.2007

ШАМПИОНОТ НАМАЛИ НА 1-3 ВО ФИНАЛНАТА ПЛЕЈОФ-СЕРИЈА СО СТРУМИЦА 2005 Кошаркарите на Струмица 2005 ќе мора да одиграат најмалку уште еден натпревар за да дојдат до четвртата победа во првенството финале со Фершпед Работнички, а со тоа и до првата шампионска титула во историјата на клубот.

Работнички се спаси од срамот

Вест - 18.05.2007

КОШАРКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФОТ ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ - СТРУМИЦА 2005 79:70 (1:3) (24:17, 11:12, 21:18, 21:23) Скопје. - Сала "Градски парк". Гледачи: 1.200. Судии: Стојовски, Мицевски и Ивановски. ФЕРШПЕД Р.: Марковски, Стојчевски, Веселиновски 6, Костовски 10, Симиќ 18, Кочов, Тасовски 8, Накиќ, ...

Шампионот, конечно, до првата победа

Утрински - 18.05.2007

Фершпед Работнички го намали резултатот во финалната серија на 1:3, Струмица в сабота има нова меч-топка По четири меча конечно и шампионот Фершпед Работнички ја оствари својата прва победа во плејоф серијата против Струмица и намали на 1:3.

Спречија пораз на нула

Дневник - 18.05.2007

Ф. Работнички ја забележа првата победа против Струмица и намали на 1-3 Фершпед Работнички спречи првпат во кошаркарските првенства на Македонија некој друг тим да ја слави титулата во негова сала, откако ја победи Струмица 2005 со 79-70, и намали на 1-3 во финалето на плејофот.

Забавата продолжува во Струмица

Вечер Прес - 18.05.2007

Екипата на Ф. Работнички по триумфот над Струмица 2005, привремено ја одложи промоцијата на струмичани во нови прваци кои наредниот меч ќе го играат пред своите симпатизери - Уште пред средбата реков дека на сите наредни дуели со Струмица 2005 ќе размислуваме само од натпревар на натпревар за ...

Кошарка: Работнички - Струмица 79:70

А1 - 17.05.2007

Промоција на шампионот не се случи ниту стотина метри подалеку од градскиот стадион, во салата во Градскиот парк. Бранителот на кошаркарскиот трон Фершпед Работнички не дозволи да биде збришан од претендентот Струмица и намали на 3:1, во финалната серија од плеј офот.

Само Хаџивасилев со шампионски прстен на раката

Време - 17.05.2007

РЕЧИСИ СИТЕ ВО СТРУМИЦА 2005 ДОСЕГА СЕ БЕЗ ТИТУЛА Игор Крстевски Евентуалното освојување на шампионската титула, за што првата шанса ја имаа уште на синоќешниот четврти меч од финалната плејоф-серија со Фершпед Работнички, за речиси сите кошаркари на Струмица 2005 би била прва во нивните играчките ...

Загина дваесет и петгодишен струмичанец

Време - 16.05.2007

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СТРУМИЦА – НОВО СЕЛО Дваесет и петгодишен струмичанец го загуби животот, а неговиот сопатник е потешко повреден, во тешката сообраќајна незгода што се случила вчераутро, на излезот од Струмица, кон Дабиле, соопштија од СВР Струмица.

Загина возач на"опел кадет", сопатникот ...

Вест - 16.05.2007

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ПРЕД СТРУМИЧКОТО СЕЛО ДАБИЛЕ Вчера во раните утрински часови на магистралниот пат Струмица - Ново Село, пред Дабиле, се случи тешка сообракајка во која животот го загуби 25- годишниот Златко Цветковски од Струмица.

Струмица уште вечерва сака да му го зададе последниот удар на шампионот

Утрински - 16.05.2007

Само уште една победа им е потреба на струмичани за да ја прекинат доминацијата на Фершпед Работнички Струмица 2005 уште вечерва во „Градски Парк“ среде Скопје (19.30 ч) ќе се обиде да му го зададе последниот удар на шампионот Фершпед Работнички, во финалната серија од плејофот, во која води со 3:0.

Еден загинат и еден повреден во сообраќајка кај Дабиле

Утрински - 16.05.2007

СТРУМИЦА - Златко Цветковски (25) од Струмица загина, а неговиот сопатник Александар В. (23) од селото Дабиле се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа која вчера околу 2 часот по полноќ се случи на патот Струмица - Ново Село.

Струмичка фешта во парк

Вечер Прес - 16.05.2007

Вечерва, во салата во Градскиот парк (19,30 ч) се игра четвртиот финален натпревар во кој ќе играат Ф. Работнички и Струмица 2005 на која и е потребен уште еден поен за титулата Малку кој можеше да претпостави пред стартот на финалната серија за титулата, во Космофон супер лига, дека Струмица 2005 ...

Загина возач на опел

Вечер Прес - 16.05.2007

Во тешка сообраќајна незгода што се случи во струмичко Сачево загина двесет и петгодишниот Златко Цевтковски од Струмица. Во сообраќајката со тешки повреди минал сопатникот на Цветковски, 23-годишниот А.В. од село Дабиле. Повредениот е пренесен и хоспитализиран во струмичката болница.

Загинат и повреден во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

А1 - 15.05.2007

25-годишниот Златко Цветковски од Струмица го загуби животот, а 23-годишниот Александар В. од селото Дабиле е тешко повреден во сообраќајната несреќа што ноќеска околу 2 часот по полноќ се случила на патот Струмица-Ново Село.

Работнички ќе се обиде да ја спречи Струмица во плеј офот

А1 - 15.05.2007

Финалната серија од кошаркарскиот плеј оф продолжува во Скопје, каде што Струмица доаѓа со 3:0 во победи против Фершпед Работнички. Во Градски парк во Скопје, но во кошаркарската сала, актуелниот шампион Фершпед Работнички ќе се обиде да ја спречи Струмица да ја прослави титулата пред очите на ...

Струмица ја дели победа од историјата

Вест - 15.05.2007

КОШАРКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФОТ СТРУМИЦА 2005 - ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ 74:70 (24:20; 11:21; 20:18; 19:11) Струмица. - Сала "Парк". Гледачи: 4.000 Судии: Стојовски, Милоевиќ и Терзиевски. СТРУМИЦА: Богоев 8, Цветков, Софатидис 2, Флуелен 8, Караманолев, Грнчаров 13, Крстевски 1, Гоцевски 25, Хаџивасилев ...

Струмичани се на една победа до историската прва титула

Време - 15.05.2007

СТРУМИЦА 2005 ПОВЕДЕ СО 3-0 ВО ФИНАЛНАТА ПЛЕЈОФ-СЕРИЈА СО РАБОТНИЧКИ Со одлична одбрана во последните три минути од средбата во кои не примија ниту еден поен и со серијата 6-0 во истиот период, кошаркарите на Струмица 2005 дојдоа до победата во третиот меч од плејоф-финалето со Фершпед Работнички ...

Работнички Фершпед драматично стигна до десеттиот пехар

Време - 15.05.2007

ФИНАЛЕ НА КУП НА МАКЕДОНИЈА, МАЖИ Одбојкарите на Работнички Фершпед го освоија десеттиот пехар во националниот куп, откако во финалето во неделата ја победија струмичката екипа на Македонија Џио, единствениот противник што барем малку според квалитетот му се доближува на најтрофејниот и ...

Десетта круна во низа за Работнички

Вест - 15.05.2007

ОДБОЈКА - ФИНАЛЕ НА МАШКИОТ КУП Одбојкарите на Работнички Фершпед ја одбранија титулата во Купот, откако во финалето ја совладаа Македонија Џио со 3:1 за својата десетта круна во низа. Немаше да биде незаслужено и ако пехарот им припаднеш МАКЕДОНИЈА ЏИО - РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД 1:3 (25:22; 19:25; ...

Куп-трофеите во Струмица за Работнички Фершпед

Утрински - 15.05.2007

Во машкото финале „железничарите“ подобри од Македонија Џио со 3:1, во женското составот на Пеица подобар од Македонија Макс со 3:0 САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Веќе видено. Одбојкарите на Работнички Фершпед ја одбранија титулата во Купот на Македонија. До јубилејниот 10.

„Шпедитерите“ во Струмица без кош во последните три минути

Утрински - 15.05.2007

Фершпед Работнички е на добар пат да го предаде трофејот - во финалната серија подобар до четири губи со 0:3 Струмица 2005 е на чекор до освојување на титулата. И во третиот меч од финалната серија струмичани го совладаа шампионот Фершпед Работнички 74:70, па сега им треба само уште една победа за ...

Струмица се готви за прослава

Дневник - 15.05.2007

По победата од 74-70 во третиот финален дуел, Струмица 2005 ја дели само еден чекор од најголемиот успех во историјата на струмичката кошарка. Третата победа против комплетниот Ф. Работнички со разиграниот Диме Тасовски се „скрши“ при крајот на првото полувреме, кога се повреди плејмејкерот на ...

„Железничарите“ тешко стасаа до Купот

Дневник - 15.05.2007

Работнички Фершпед е нов-стар носител на Купот на Македонија во одбојка за мажи, откако во возбудливото финале во салата „Парк“, во Струмица, го совлада финалистот Македонија Џио со 3-1 (22-25, 25-19, 34-32, 33-31). Во неизвесно финале, во кое дури два сета се играа на разлика, скопјани ја освоија ...

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Ново Село

Канал5 - 15.05.2007

Дваесет и петгодишен струмичанец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрината на регионалниот пат Струмица – Ново Село. Дваесет и петгодишен струмичанец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрината на регионалниот пат Струмица Ново Село.

Десетта титула за Работнички Ф.

Вечер Прес - 15.05.2007

Во исклучително квалитетен меч скопјани славеа победа против солидниот состав на Македонија - Џио со 3:1 во сетови Најтрофејниот одбојкарски клуб во Македонија, Работнички Ф. се закити со десеттата куп титула откако во неизвесен натпревар, во Струмица, во големото финале, ја совлада екипата на ...

Струмичани чекор до историскиот успех

Вечер Прес - 15.05.2007

Екипата на Струмица 2005 и во третиот натпревар беше поуспешна од Ф. Работнички и сега и недостасува само уште една победа да го освои шампионскиот пехар Струмичани се на прагот да го прослават најголемиот клупски успех. Против Ф.

Одбојкарите на Струмица се на прагот до освојување на шампионскиот трон

А1 - 14.05.2007

Најубавиот месец во годината може да донесе промоција и на нов кошаркарски првак. Струмица има големо водство од 3:0 во победи против Фершпед Работнички во финалната серија од плеј-офот, така што прекин на доминацијата на нашиот најтрофеен клуб е можен веќе в среда.

Работнички и Македонија во финалето

Вест - 14.05.2007

ОДБОЈКА - КУП НА МАКЕДОНИЈА СТРУМИЦА. - Финалистите на одбојкарскиот плеј-оф за шампионската титула, Работнички Фершпед и Македонија Џио, се пласираа и во финалето на Купот. Во првиот полуфинален натпревар во салата "Парк" во Струмица, бранителот на трофејот Работнички за нешто повеќе од 70 минути ...

Пехарот за Работнички Фершпед

Вест - 14.05.2007

ФИНАЛЕ НА ЖЕНСКИОТ КУП Работнички Фершпед откако ја освои шампионската титула ја одбрани и втората круна и целосно ги исполни зацртаните цели на клубот за оваа година. Многу подобрата екипа на скопјанки во финалето на Купот ја совлада Македонија Макс со максимални 3:0.