TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Арафат составува нова влада

А1 - 13.10.2002

Палестинскиот лидер Јасер Арафат започна со составувањето на новата влада и таа треба да биде претставена за десетина дена, соопшти палестински преставник. Нејзини најважни задачи ќе бидат да и се стави крај на израелската окупација, како и подготовки за изборите закажани за јануари.

„Хамас“ денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот напад

А1 - 11.10.2002

Вооруженото крило на палестинското радикално исламско движење „Хамас“ денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Тел Авив, во кој беше убиена една Израелка. Палестинец самоубиец вчера се обидел да влезе во израелски патнички автобус при што бил спречен од возачот и ...

Самоубиец нападна автобус во Тел Авив

Утрински - 11.10.2002

Ново влошувањ?на ситуацијат?во Израел ТЕ?АВИВ - Самоубиствен напаѓа?вчер?се разнел покрај автобу?во близинат?на Те?Авив, откако израелскит?патниц?го спречиле да се качи во него, убивајќи една жена ?повредувајќи пе?лица, соопштиј?израелск?полициск? ?болнички извори.

Буш предупреди Израел да не повредува цивили

А1 - 09.10.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш изрази длабоко загриженост поради израелскиот напад во појасот Газа, во кој се убиени 15 Палестинци, повикувајќи ја израелската војска да избегнува повредување на цивили во извршувањето на своето право на самоодбрана, изјави портпаролот на Белата Куќа, Ари Флечер.

Шефот за човекови права на ОН го осуди убиството на 14 Палестинци

Вест - 09.10.2002

ЖЕНЕВА, 9 октомври (Ројтерс) - Шефот за човекови права при Обединетите нации, Серџо Веира де Мело, вчера изјави дека убиството на 14 Палестинци во Газа од Израелците ја прекршува Женевската конвенција. Комесарот за човекови права упати писмо до израелскиот министер за надворешни работи Шимон Перез ...

Шарон најавува нови воени акции

Утрински - 09.10.2002

По нападот во појасот Газа ЕРУСАЛИМ - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека воениот напад во кој на појасот Газа настрадаа 14 Палестинци претставувал успешна операција, но дека жали што во него биле повредени неколку цивили.

Осудена израелската акција во појасот Газа

А1 - 08.10.2002

Израелската воена акција во појасот Газа, во која загинаа 14 лица, е предмет на жестоки критики кај меѓународната заедница. „Овие акции не одат во прилог на поголема безбедност на Израел“, оцени генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан.

Хамас ќе ги одмазди 12-те цивили загинати во израелскиот напад на Кан Јунис

Вест - 08.10.2002

"Убиството на цивили мора да се казни со убиство на цивили", се закани исламската милитантна група Хамас по нападот врз палестинската болница КАН ЈУНИС, Појасот Газа, 8 октомври (Ројтерс) - Исламската милитантна група Хамас вчера се зарече дека ќе го одмазди убиството на 12-мина Палестинци, кои ...

Израелците со хеликоптери и тенкови убија 12 Палестинци

Утрински - 08.10.2002

За време на последниот израелски упад во појасот Газа ГАЗА - Палестински извори соопштија дека 12 лица биле убиени, а голем број повредени за време на последниот израелски упад во појасот Газа. Единица на израелски тенкови и хеликоптери "апачи" во раните утрински часови во вчерашниот ден навлегле ...

Израелците убија 12 Палестинци во голема офанзива против Хамас

Дневник - 08.10.2002

ПОЈАС ГАЗА Израелските сили за безбедност прексиноќа убиле 12 Палестинци во голема операција против милитантната група Хамас во појасот Газа. Колона од дваесетина израелски тенка и оклопни борбени возила навлегле во населбите Катиба и Ал Амал покрај градот Хан Јунис, главното упориште на Хамас.

Израелските сили нападнаа палестинска болница

А1 - 07.10.2002

Израелската армија нападна изутрината палестинска болница во Кхан Јунис, град во појасот Газа, јавија западните агенции, повикувајќи се на изјави на очевидци. Болницата е нападната од сите страни, изјавија очевидците, додавајќи дека во нападот се повредени најмалку две лица.

Арафат го прогласи Источен Ерусалем за палестинска престолнина за инает на САД

Вест - 07.10.2002

РАМАЛАХ, 7 октомври (ДПА) - Како реакција на барањето на американскиот Конгрес Ерусалим да се признае како главен град на Израел, палестинскиот претседател Јасер Арафат потпиша закон со кој Источен Ерусалим се прогласува за главен град на Палестинската држава.

Ерусалим стана и палестинска престолнина

Утрински - 07.10.2002

Контрапотег на Јасер Арафат по одлуката на САД Илјадници Палестинци јавно протестираа по американската одлука РАМАЛАХ - Палестинскиот претседател Јасер Арафат потпиша закон со кој формално објави дека Ерусалим ќе биде престолнината на независната палестинска држава, изјави законодавниот спикер ...