TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Турција почина 12-годишно девојче со симптоми на птичји грип

А1 - 15.01.2006

Птичјиот грип однесе уште жртва. Дванесетгодишната Фатма Јозкан почина денеска во болницата во источната турска област Ван, откако пред неколку дена била примена со симптоми на птичји грип. Во болницата се наоѓа и братот на Фатма , петгодишниот Мохамед.

ПАЦИЕНТОТ ПРИМЕН ВО БОЛНИЦА ВО БЕЛГИЈА НЕ Е ЗАБОЛЕН ОД ПТИЧЈИ ГРИП

Канал5 - 15.01.2006

Првите анализи извршени над пациентот кој е примен во една болница во Сент Пиер, Белгија, по неговото враќање од Турција, покажуваат дека тој не е заболен од птичји грип, соопшти попладнево белгискиот министер за здравство Руди Дјомот.

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАКАНАТА ОД ПТИЧЈИ ГРИП И МЕРКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ

Канал5 - 15.01.2006

Владата е пасивна, оценува ВМРО ДПМНЕ и бара итно донесување на акционен план и на закон за заштита од птичјиот грип. Со него, би се обезбедиле пари за надокнада на земјоделците и фармерите, за докомлетирање на лабораторијата за дијагностика и за набавка на средства за заштита на здравствените ...

Македонските претставници не кажуваат што е договорено во Луксембург

А1 - 14.01.2006

Македонските претставници кои синоќа се вратија од состанокот во Луксембург не соопштуваат што договорија 25 земји членки и кандидати на ЕУ за птичјиот грип. Во понеделник прво ќе му реферирале на министерот Димов . Дотогаш, два дена информациите за смртоносниот грип ќе си ги знаат само тројцата ...

Македонија ЃП откажа од Анталија, Работнички К. - тактизира, а Башкими - гајле нема!

Време - 14.01.2006

ПТИЧЈИОТ ГРИП ГИ ИЗБРКА, РЕЧИСИ, СИТЕ ЕКИПИ ОД ТУРЦИЈА Македонија Ѓорче Петров нема да патува во Турција на подготовки поради епидемијата на птичји грип, која е раширена во таа зеја. Раководството на второпласираниот тим на табелата реши дека премногу е ризично да се патува за Анталија, каде што ...

Лекови има за само 0,05 отсто од населението

Време - 14.01.2006

ПАНИКАТА ЗА ПТИЧЈИОТ ГРИП НЕ СТИВНУВА Министерството за здравство има обезбедено само 1.000 пакувања од лекот „тамифлу“, што е доволно за 0,05 отсто од населението во земјава. Според експертите од Светската здравствена организација (СЗО), во случај на пандемија на птичјиот грип, антивирусни лекови ...

Опасноста демне од преселните и од прелетните птици

Утрински - 14.01.2006

Се приближува опасноста од ширење на птичјиот грип преку миграторните птици Патките, гуските и жолтоклуните лебеди најризични АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Птиците-преселници, но и прелетните птици, кои во земјава престојуваат извесен период и потоа во март заминуваат, се потенцијална опасност од ...

Засилени контроли и брошури за птичјиот грип

Дневник - 14.01.2006

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА и бугариЈа На граничните премини од нашата земја кон Грција се преземаат засилени мерки за заштита од птичјиот грип. На преминот Богородица од вчера на сите патници им се делат брошури што ги дистрибуираше Министерството за здравство, со упатство и препораки за заштита ...

Продолжува уништувањето на живината во Истанбул

Дневник - 14.01.2006

ЗА ДА се СПРЕЧИ ШИРЕЊЕ НА ПТИЧЈИ ГРИП Во Истанбул продолжува уништувањето на живината во трите кварта Газиосманпаша, Кјучјукчекмеџе и Есенлер, кои беа ставени под карантин поради опасноста од ширење на птичјиот грип, јави МИА.

Тројца заразени побегнале од болница

Вечер - 14.01.2006

Три лица за кои постои сомневање дека се заболени од птичји грип побегнале од болница во северната турска провинција Болу, јави телевизискиот канал Си Ен Ен-Турк. Преработувачот на месо од живина Јуксел Челик, заедно со својата сопруга и синот, доцна синоќа се обратиле во локалната болница, жалејќи ...

Три нови случаи со птичји грип во Турција

А1 - 13.01.2006

Три нови случаи со птичји грип во Турција. Вкупно 19. Тројца од нив починале. Но, заболените се од областа Санфлиура во близина на границата со Сирија и провинцијата Сирт во источниот дел на земјата. Во северната турска провинција Болу пак, три лица заболени од птичји грип побегнале од карантин.

Три лица заболени од птичји грип побегнале од болница во Турција

А1 - 13.01.2006

Три лица за кои постои сомневање дека се заболени од птичји грип побегнале од болница во северната турска провинција Болу, јави телевизискиот канал Си Ен Ен-Турк. Преработувачот на месо од живина Јуксел Челик, заедно со својата сопруга и синот, доцна синоќа се обратиле во локалната болница, жалејќи ...

Опасноста од грипот демне и од фрижидерите и од кокошарниците

Време - 13.01.2006

СЛОБОДЕН ЧОКРЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ВЕТЕРИНАРНАТА УПРАВА ТВРДИ Велика Атанасова Досега нема докажан случај на пренос на вирусот на птичји грип преку замрзнатото живинско месо, меѓутоа теоретски ваква можност постои, тврди Слободен Чокревски, директорот на Ветеринарната управа на Македонија.

Македонија ја откажа Анталија

Вест - 13.01.2006

ПТИЧЈИОТ ГРИП ГИ ИЗБРКА СПОРТСКИТЕ ЕКИПИ ОД ТУРЦИЈА Птичјиот грип полека, но сигурно ги брка спортските екипи кои се наоѓаат на подготовки во Анталија, Турција. Истовремено, и оние клубови кои имаа резервирано во хотелите во оваа турско одморалиште за да ги одработат подготовките за пролетниот дел ...

Дојранчани не се плашат од птичјиот грип

Вест - 13.01.2006

Дојранчани не ги потресе најавата на орнитолозите од Природно научниот музеј дека птиците преселници од кои Бугарија се плаши да не и го пренесат птичјиот грип, наскоро треба да слетаат и на Дојранско езеро. Бугарските власти поред 2 дена најавија де Дојранчани не ги потресе најавата на ...

ОН бараат фонд од 1,5 милијарда долари за птичјиот грип

Утрински - 13.01.2006

Како помош за спроведување на програмите за борба против смртоносниот вирус Парите ќе бидат употребени за програмите за вакцинација за птици, обезбедување доволен број обучени кадри и подготовки за евентуална можност од пандемија кај луѓето ЊУЈОРК - Обединетите нации побараа 1,5 милијарда долари ...

Сто милиони вакцини за кокошките во Русија

Утрински - 13.01.2006

Во борба против птичјиот грип МОСКВА - Русија во борбата против причјиот грип годинава ќе потроши повеќе од една милијарда рубли (1 евро=34 руби). Парите за вакцинација и другите превентивни мерки ќе бидат издвоени од резервните државни фондови.

Нашите живинари се жалат дека едвај врзуваат крај со крај

Утрински - 13.01.2006

Додека птичјиот грип се заканува да ја уништи цела живина во регионот Се враќа кревката доверба на потрошувачите кон домашното производство на пилешко месо и јајца АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Галопирачкото ширење на птичјиот грип предизвика големи штети кај живинарите во регионот, но и кај македонските ...

Птичјиот грип ја одбележа годината на петелот

Дневник - 13.01.2006

СМРТОНОСНА ПАНДЕМИЈА ГО ДЕМНЕ СВЕТОТ Ширењето на птичјиот грип од Азија кон европските земји ја означи 2005 година, а вирусот засега не покажува знаци на слабеење и се заканува со избивање на пандемија. Откако првото жариште на вирусот беше регистрирано во декември 2003 година во Виетнам, болеста ...

Во Банско нема птичји грип

Дневник - 13.01.2006

ЗАРАЗАТА НЕ ШИРИ ПАНИКА Кокошките од Струмичко не пцовисале од птичји грип, тврди Ветеринарната управа повикувајќи се на резултатите од испитувањата на Факултетот за ветеринарна медицина. Анализите продолжуваат за да се утврди што го предизвика неодамнешниот помор на стотина кокошки на едно ...

Во Турција три лица веројатно заразени од птичји грип побегнале од болница

Канал5 - 13.01.2006

Три лица за кои постои сомневање дека се заболени од птичји грип побегнале од болница во северната турска провинција Болу, јави телевизискиот канал Си Ен Ен-Турк. Анкара, 13 јануари (МИА) - Три лица за кои постои сомневање дека се заболени од птичји грип побегнале од болница во северната турска ...

Вирусот H5N1 можеби мутира и станува опасен за човекот, предупредуваат научниците од Лондон

Канал5 - 13.01.2006

Разновидноста на H5N1 на вирусот на птичји грип можеби мутира и станува опасен за човекот, предупредија научници од лабораторијата Мил Хил во Лондон. Лондон, 13 јануари (МИА) - Разновидноста на H5N1 на вирусот на птичји грип можеби мутира и станува опасен за човекот, предупредија научници од ...

Чокревски дециден: Не е птичји грип

Вечер - 13.01.2006

Мртвите кокошки од струмичкото село Банско не биле заболени од птичји грип, потврди директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски. Тој додаде дека испитувањата на Факултетот за ветеринарна медицина продолжуваат за да се утврди од што точно угинала живината. "Кокошките од Банско се чисти.

Потврден и третиот смртен случај

Вечер - 13.01.2006

Турција вчера објави трет смртен случај предизвикан од птичји грип и два нови случаи на луѓе заразени од смртоносниот вид на вирусот Х5Н1. Турското Министерство за земјоделство соопшти дека тестовите направени по смртта на шестгодишното момче, што почина на 6 јануари во Ван, Источна Турција, ...

СЗО: Заканата од птичји грип расте

А1 - 12.01.2006

Заканата од птичји грип расте со секој ден, но појавата пандемија меѓу луѓето може да се спречи ако здравствените институции, во сите земји без исклучок, навремено реагираат. Ова го изјави директорот за азискиот регион на Светската здравствена организација Шигер Оми на конференција за птичјиот грип ...

Кокошките од Банско немаат птичји грип

А1 - 12.01.2006

Кокошките од Банско немаат птичји грип од смртоносниот вирус Х5Н1, вели за А1 професорот од Ветеринарниот институт Методија Додовски. Сепак, причината за нивното угинување сеуште не е позната, анализата продолжува. Институтот нема информации за нови сомнителни случаи во Македонија.

Турција објави трет смртен случај од птичји грип

А1 - 12.01.2006

Турција денеска објави трет смртен случај предизвикан од птичји грип и два нови случаја на луѓе заразени од смртоносниот вид на вирусот Х5Н1. Турското Министерство за земјоделство соопшти дека тестовите направени по смртта на шестгодишното момче, што почина на 6 јануари во Ван, Источна Турција, ...

Европа на штрек од птичјиот грип - Македонија се подготвува

А1 - 12.01.2006

Птичјиот грип е откриен во 11 турски провинции, а постои сомнеж дека се проширил во уште 14. Европа е на штрек, експертите во Луксембург подготвуваат план за обезбедување лекови во случај на пандемија. На конференцијата се и тројца македонски експерти. Македонија дури сега сериозно да се подготвува.

Птичјиот грип однесе нова жртва во Индонезија

А1 - 12.01.2006

Птичјиот грип однесе нова жртва во Индонезија, откако девојка починала синоќа во болница во Џакарта, соопштија здравствените власти на таа азиска држава. Жртвата починала по тридневно лекување, а извршените тестови покажале дека девојката која била во контакт со мртви птици се заразила со ...

Препорака до бугарските државјани да не патуваат во земји со птичји грип

А1 - 12.01.2006

Владата во Софија им препорача денеска на бугарските државјани да се воздржат од патување во земјите кои потврдија постоење на птичји грип и прогласија епидемија од оваа болест. Во случај на крајна потреба од патување во земјите со птичји грип, бугарската влада ги советува граѓаните да избегнуваат ...

Градоначалникот Костовски не се плаши од птичјиот грип

Вест - 12.01.2006

ПО ПРЕСТОЈОТ ВО АНТАЛИЈА ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, кој новогодишните празници ги мина во Турција, вели дека не се почувствувал загрозен од појавата на пртичји грип во оваа земја. Тој откако се вратил во Скопје не побарал помош, ниту пак направил ...

Работнички и Македонија на "стендбај"

Вест - 12.01.2006

ПО ИЗБИВАЊЕТО НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ТУРЦИЈА Претходно направениот план на подготовки на нашите фудбалски прволигаши Работнички Кометал и Македонија Ѓорче Петров би можел да биде пореметен поради присуството на птичјиот грип во Турција.

Паника: и замрзнатото пилешко - смртоносно!

Време - 12.01.2006

ВИРУСОТ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП ОТПОРЕН НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ Велика Атанасова Адријана Георгиев Вирусот на птичјиот грип е термолабилен и се уништува со варење и со печење на пилешкото месо. Меѓутоа, на ниски температури, односно со смрзнување, вирусот, причинител на оваа опасна болест не се уништува, ...

Димов: Болеста е само закана

Утрински - 12.01.2006

Министерот за здравство тврди дека се преземаат сите мерки за заштита од птичји грип Согласно со препораките на СЗО, министерот Димов тврди дека заштитните активности се сите оние предвидени за фазата кога птичјиот грип е само закана Во Македонија се преземаат сите здравствени мерки против птичјиот ...

Птичјиот грип може да долета со дивите птици

Утрински - 12.01.2006

Кои се можните потенцијални пренесувачи на опасната болест на подрачјето на нашата држава Најголема потенцијална опасност за ширењето на вирусот на птичјиот грип се сметаат птиците што престојуваат и на суво и во вода Борис Трнков Веќе подолго време јавноста во нашата земја, а и пошироко, е ...

ОН стравуваат од ендемија на смртоносниот вирус во Турција

Утрински - 12.01.2006

Поради многу брзото ширење на птичјиот грип Експертите стравуваат дека развојот на настаните би можел да предизвика глобална пандемија Птичјиот грип би можел да стане ендемија во Турција и претставува сериозен ризик за соседните земји, предупреди ФАО, Организација за храна и земјоделство при ОН.

Анкара во војна против птичјиот грип

Дневник - 12.01.2006

ЗА ДА СПРЕЧИ ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА БОЛЕСТА Турција ги засили безбедносните мерки за да се спречи понатамошно ширење на птичјиот грип, кој се заканува дека ќе предизвика пандемија и ќе се префрли и во соседните земји, јави Ројтерс. Од вирусот Х5Н1, кој во Турција уби три деца, се заразени 15 луѓе.

Птичјиот грип го одлага летот за Анталија

Дневник - 12.01.2006

РАБОТНИЧКИ К. Птичјиот грип во Турција го замрзна патувањето на македонскиот фудбалски шампион Работнички Кометал на подготовки во Анталија. - Ја следиме ситуацијата. Размислуваме и за алтернативно решение - вели Ѓоре Јовановски, тим-менаџерот Работнички К. Според зацртаниот план, Работнички К.

Кушадаси да не си

Дневник - 12.01.2006

ЗАКАНА ОД ПТИЧЈИ ГРИП Љубица Балабан Масовниот помор на кокошки во Банско, Струмичко, нема врска со птичјиот грип, тврди Ветеринарната управа, иако резултатите од анализите на пцовисаната живина се уште не се познати. Птичјиот грип може да стане ендемски во Турција и претставува сериозен ризик за ...

Летоците не ја сопираат храната од Турција

Дневник - 12.01.2006

НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕВЕ БАИР Жаклина Цветковска На граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка, вчера напладне на патниците им се делеа летоци со препораки за заштита од птичјиот грип. Други мерки се уште не се спроведуваат.

Чокревски: Угинатите кокошки од Банско немале птичји грип

Канал5 - 12.01.2006

Мртвите кокошки од струмичкото село Банско не биле заболени од птичји грип, потврди за МИА директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски. Тој додаде дека испитувањата на Факултетот за ветеринарна медицина продолжуваат за да се утврди од што точно угинала живината.

Здравствените институции подготвени за евентуалната појава од птичји грип

Канал5 - 12.01.2006

Ова е простиријата на инфективната клиника каде ќе се згрижуваат пацинетите за кои би имало сомнеж дека се заразени од птичји грип. Медицинските експерти уверуваат дека се подготевени за вентуланата опасност од појавата на оваа болест.

СЗО: Нема основа за паника поради птичјиот грип во Турција

А1 - 11.01.2006

Нема основа за паника поради експлозијата на птичји грип во Турција, рече на прес-конференција во Анкара генералниот директор на европското биро на Светската здравствена организација Марк Данзон. Тој ги повика Турците да избегнуваат контакт со болни или мртви птици, за кои има сомнеж дека се ...

Ердоган: Ситуацијата со птичјиот грип во Турција е под контрола

А1 - 11.01.2006

Ситуацијата со птичјиот грип во Турција е под контрола, оцени турскиот премиер Таип Ердоган. „Состојбата е под контрола и ќе продолжиме да го следиме развојот на настаните одблизу“, изјави синоќа Ердоган на заедничка прес конференција со јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми, кој се наоѓа во посета ...

Уште две лица починаа од птичји грип во Кина

А1 - 11.01.2006

Уште две лица починаа од птичји грип во Кина, соопшти денеска Рој Вадија, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Пекинг. Вадија истакна дека станува збор за 10-годишно девојче од јужната провинција Гванси и 35-годишен маж од провинцијата Цејанси, со што бројот на починатите од ...

Птиците од кои стравува Бугарија ќе слетаат во Дојран

Вест - 11.01.2006

МАКЕДОНСКИТЕ ОРНИТОЛОЗИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Според м-р Тодор Ивановски од Природнонаучниот музеј, и само десетина птици да дојдат, ако се болни може многу лесно да го рашират вирусот на птичји грип. Тој вели дека тоа се истите птици од кои стравуваат и бугарските власти, а претпоставките се си Дивите ...

Против птичјиот грип се бранат со скрстени раце

Време - 11.01.2006

НА АЕРОДРОМОТ ВО ПЕТРОВЕЦ Никој од патниците што вчера од Истанбул пристигнаа на скопскиот аеродром не доби упатство за заштита од птичјиот грип, ниту, пак, беше подложен на медицински контроли, иако овие мерки беа најавени од Министерството за здравство.

Патниците во авион се едуцираат за птичји грип

Утрински - 11.01.2006

Заштитни мерки на аеродромските власти против вирусот Директорот на скопскиот аеродром, Димитар Џеков, појаснува дека во соработка со надлежните од Министерството за здравство, на сите патници што патуваат во ризичните земји, односно во државите каде што е регистриран смртоносниот вирус Х5Н1, при ...

По забраната за увоз од Турција, не влегол ниту грам пилешко месо

Утрински - 11.01.2006

На граничните премини Богородица и Ново Село БОГОРОДИЦА - НОВО СЕЛО - На граничниот премин Богородица, по заканите од појавата на епидемија од птичји грип во Турција, не се воведени дополнителни мерки за заштита од вирусот. Во сила се преземените мерки во октомври, во прв ред, забраната за увоз на ...

Повторно страв од птичји грип

Утрински - 11.01.2006

По алармантните вести за ширење на смртоносниот вирус во Турција, македонските власти ги засилија контролите на границите По наглото ширење на птичјиот грип во Турција на граничните премини Деве Баир, Богородица и Ново Село уверуваат дека преку нив не може да влезе птичји грип во Македонија и дека ...

Пилињата од Турција се трошеле како алва

Утрински - 11.01.2006

Рафтовите на маркетите и на зелените пазари преплавени со пилешко месо набавено од Турција Увозниците велат дека на декларацијата се гледа дека пилешкото е произведено и набавено пред воведувањето на забраната за увоз ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Турско пилешко месо ги преплавува месарниците, тезгите на ...

Бугарија се подготвува за опасната зараза

Утрински - 11.01.2006

На нашиот источен сосед му се заканува птичји грип Веројатноста во Бугарија да се појават огништа на птичји грип е голема, предупреди министерот за земјоделство и шумарство, Нихат Кабил. Тој претпоставува дека вирусот на птичјиот грип може да биде пренесен од дивите гуски.

Птичјиот грип се закотви и во реонот на Кушадаси

Дневник - 11.01.2006

ЕПИДЕМИЈАТА СЕ ШИРИ НИЗ ТУРЦИЈА Симптоми на птичји грип вчера се откриени и кај еден пациент во турскиот град Кушадаси, каде што неодамна беше регистрирано масовно пцовисување на живината, јави МИА. Турските медиуми пренесуваат дека три лица во градот Ајден и едно тригодишно дете во Кушадаси се ...

Ни летоци ни лекари за патниците од Истанбул

Дневник - 11.01.2006

ЗАДОЦНИЈА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ПТИЧЈИ ГРИП Љубица Балабан Ниеден од стотината патници што вчера напладне долетаа од Истанбул во Скопје не доби упатство за заштита од птичјиот грип, ниту лекарски надзор, иако Министерството за здравство најави засилена контрола на тие што се враќаат од ризичните ...

Во Кина уште две лица починаа од птичји грип

Канал5 - 11.01.2006

Уште две лица починаа од птичји грип во Кина, соопшти денеска Рој Вадија, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Пекинг. Пекинг, 11 јануари (МИА) - Уште две лица починаа од птичји грип во Кина, соопшти денеска Рој Вадија, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) ...

Две нови можни жаришта на птичји грип во Романија

Канал5 - 11.01.2006

Во две села во округот Браила во Југоисточна Романија денеска се откриени нови можни жаришта на птичји грип. Букурешт, 11 јануари (МИА) - Во две села во округот Браила во Југоисточна Романија денеска се откриени нови можни жаришта на птичји грип.

ФАО: Птичјиот грип во турција може да стане ендемичен и да ги вознемири соседните земји

Канал5 - 11.01.2006

Патогениот вирус на птичји грип H5N1 може да стане “ендемичен” во Турција и да ги исплаши соседните држави, предупреди денеска Организацијата на Обединетите нации за храна (ФАО), која смета дека координацијата е решавачка во борбата против вирусот.

Засилен здравствениот надзор на патниците од Турција

Вечер - 11.01.2006

На граничните премини од вчера е засилена здравствената санитарна контрола на патниците кои доаѓаат од Турција и од другите региони во кои се региситрани случаи на птичји грип кај луѓето. Почнаа да се дистрибуира и инфромативниот материјал за ова заболување.

Нема лекарска контрола за патниците од Турција

А1 - 10.01.2006

Со прашање упатено само до стјуардесата, лекарите ги пречекаа првите патници кои пристигнаа од Турција. Денеска немаше настинати и болни во авионот. На овој начин аеродромските лекари ги контролираат патниците кои доаѓаат од земјите каде има заболени од птичји грип.

Продолжува да се шири птичјиот грип во Турција

А1 - 10.01.2006

Нови два случаи на птичји грип во Турција денеска се регистрирани во областа Сивас и градот Кушадаси. Со ова бројот на заразени се искачи на 16 заболени, а за уште 100-тина постои сомневање дека можеби и тие се инфицирани. Бројот на пациенти во болниците од час во час се зголемува.

Со летки против птичјиот грип

Вест - 10.01.2006

ВЛАСТИТЕ СЕ ФАТИЈА ЗА НАЈВАЖНАТА МЕРКА ЗА ЗАШТИТА Од денес на сите гранични премини и на двата аероидроми Министерството за здравство на патниците ќе им дели памфлети со препорака да избегнуваат контакти со мртви птици, да јадат добро сварено пилешко и да избегнуваат купување и носење предмети или ...

На границите ќе ги прегледуваат патниците и багажот

Време - 10.01.2006

ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА ЗА ПТИЧЈИОТ ГРИП Адријана Георгиев На аеродромите и на граничните премини во земјава сите патници што доаѓаат од ризичните земји во кои се регистрирани заболени од птичји грип, или заминуваат во тие земји, ќе добијат печатено упатство со препораки за лична заштита од ...

Пет нови случаи на птичји грип

Утрински - 10.01.2006

ТУРЦИЈА Идентификувани се пет нови случаи на заразени лица од птичјиот грип во неколку турски провинции, со што се зголеми бројот на инфицирани на 14, соопштија официјалните лица. Случаите потврдени од страна на Турција дека станува збор за смртоносниот вирус Х5Н1 значи дека вирусот сега е присутен ...

Птичјиот грип не е опасност за Македонија, тврдат надлежните

Утрински - 10.01.2006

Ветеринарната управа се огласи по алармантните податоци од Турција за ширење на опасниот вирус Забраната за увоз на свежо и замрзнато пилешко месо од Турција е во сила од октомври минатата година АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Во Македонија нема опасност од појава на птичји грип, сметаат нашите ...

Птичја памет

Дневник - 10.01.2006

Тодор Пендаров Меѓу главните вести на светските агенции е смртта на децата заболени од птичји грип во Турција. На сите национални медиуми се објавуваат мерките што надлежните органи ги преземаат како превентива од оваа смртоносна болест.

Птичјиот грип се шири низ Турција

Дневник - 10.01.2006

СМРТОНОСНАТА БОЛЕСТ НА ПОРТАТА НА ЕВРОПА Птичјиот грип се шири во Турција, зголемувајќи ги стравувањата дека болеста наскоро ќе се префрли и на европска почва, јави Ројтерс. Во Истанбул од завчера се хоспитализирани 23 луѓе, од кои 13 деца, кои покажуваат симптоми на птичји грип.

Вирусот може да долета со преселниците

Дневник - 10.01.2006

ВО МАКЕДОНИЈА засега НЕМА ОПАСНОСТ ОД ПТИЧЈИ ГРИП Во Македонија нема опасност од појава на птичји грип по последните смртни случаи во Турција што ги предизвика оваа болест. Можните преносители на болеста во моментов се само дивите птици-преселници, а не патниците што се враќаат од Турција, соопшти ...

Нов случај на птичји грип во Турција, Грција и Бугарија преземаат превентивни мерки

Канал5 - 10.01.2006

Нов случај на птичји грип е потврден кај пациент во округот Сивас во централниот дел на Турција, јави денеска турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Анкара, 10 јануари (МИА) - Нов случај на птичји грип е потврден кај пациент во округот Сивас во централниот дел на Турција, јави денеска турската ...

На Петровец се уште не се контролираат на патниците од Турција

Канал5 - 10.01.2006

Македонија задоцни во пречекот на првите авионски патници од Турција. И покрај најавената превентива - патниците кои попладнево пристигнаа со летот од Истанбул на аеродромот Петровец не виделе ниту лекар, ниту пак ги добиле флаерите со опис на заштитата и симптомите на птичјиот грип.

Не постои опасност за здравјето на луѓето од птичјиот грип

Канал5 - 10.01.2006

Нема закана за здравјето на луѓето, птичјиот грип е вирусна болест кај животните вели за Канал 5 претседателот на комисијата за заразни болести Блажо Николовски, кој појаснува дека овој тип на вирус Х5Н1 се пренесува од живина на човек, но не и од човек на човек.

Не носете пердуви и украсни птици од Турција

Вечер - 10.01.2006

"Избегнувајте контакт со мртви птици, јадете добро термички обработена храна од живина, да се избегнува купување и носење предмети или сувенири од живина, како што се пердуви и украсни птици, а при враќањето во земјата ако се јават симптоми на дишните патишта, температура, кашлица, болки во ...

Во Македонија засилени мерки против птичјиот грип

А1 - 09.01.2006

Од утре засилени мерки за заштита од птичји грип на аеродромите и граничните премини во државата. Ќе се делат летоци со препораки на македонски, турски, албански. Вака одлучи Комисијата за заштита од смртоносниот вирус, откако болеста се прошири во Турција.

Секојдневно се откриваат нови случаи на птичји грип во Турција

А1 - 09.01.2006

Во Турција секојдневно се регистрираат нови случаи на смртоносниот вирус на птичји грип кај луѓето. Само денеска нови пет случаи. Луѓето ги преплавија болниците , а околу стотина од нив пријавиле симптоми на болеста и веќе се тестираат за присуство на вирусот.

Уште две деца заразени со смртоносниот вирус

Време - 09.01.2006

ПТИЧЈИ ГРИП ВО ТУРЦИЈА Смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип бил откриен кај уште две деца од различни семејства, на возраст од пет и осум години, кои биле хоспитализирани во болница во источниот турски град Ван, јави АФП.

Нема контрола за патниците од Турција

Вест - 09.01.2006

УСПАНИ ОД ПРАЗНИЦИТЕ ЗАБОРАВИЈА ДЕКА ПТИЧИЈОТ ГРИП Е ПРЕД ВРАТА Ако стујардесите не пријавуваат дали некој во авионот кива или кашла, патниците не се праќаат на дополнителни прегледи за птичЈи грип Никој не контролира дали турските патниците што слетуваат на аеродромот Петровец во Скопје или ...

На Турција и се заканува епидемија од птичји грип

Утрински - 09.01.2006

По третата човечка жртва на смртоносниот вирус Двајца тинејџери од источна Турција почина од вирусот во почетокот на неделата, а во саботата почина и нивната 11-годишна сестра ДОГУБАЈАЗИТ - Турските претставници се обидуваат да ја спречат епидемијата на птичји грип меѓу живината, поттикнати од ...

Трета жртва на птичји грип во Турција

Дневник - 09.01.2006

ЕПИДЕМИЈАТА НА СМРТОНОСНИОТ ВИРУС НЕ СТИВНУВА Турските здравствени власти масовно ја уништуваат живината и се обидуваат да ја скротат епидемијата на птичји грип која уби три деца во источниот дел на земјата, јави Ројтерс. Први жртви на птичјиот грип во Турција, шеста земја досега каде што ...

Се уште важи забраната за месо од Турција

Канал5 - 09.01.2006

Забраната за увоз на живи птици и производи од птичјо потекло од Турција е на сила уште од октомври, кога се појави и првиот случај на птичји грип во оваа земја – велат од Ветеринарната управа. Забраната за увоз на живи птици и производи од птичјо потекло од Турција е на сила уште од октомври, кога ...

Пет нови случаи на птичји грип во Турција

Канал5 - 09.01.2006

Пет нови случаи на птичји грип се регистрирани во северните градови во Турција, соопшти денеска началникот за примарна заштита при турското Министерство за здравство, Туран Бузган. Анкара, 9 јануари (МИА) - Пет нови случаи на птичји грип се регистрирани во северните градови во Турција, соопшти ...

Официјално, 14 заболени од птичји грип –неофицијално, повеќе

Макфакс - 09.01.2006

Анкара Вкупно 14 лица се позитивни на тестирањето на птичји грип во Турција, меѓу кои и трите деца што починаа, соопшти денеска министерот за здравство Реџеп Акдаг. Светската здравствена организација (СЗО), досега, потврди четири случаи на птичји грип во Турција, вклучително и два смртни случаи.

Белгија смета дека во епидемија на птичји грип би имало до 50 илјади жртви

Макфакс - 09.01.2006

Брисел Меѓу 20 и 50 илјади луѓе би можеле да починат во Белгија доколку избувне пандемија на птичји грип, соопшти денеска владина комисија за борба со птичјиот грип. Според експертите во Брисел, ако во Белгија избувне пандемија, за осум до 12 недели би можеле да се заразат два до три милиони луѓе.

ЕУ забрани увоз на пердуви од соседите на Турција

Макфакс - 09.01.2006

Брисел Европската комисија (ЕК) забрани увоз на необработени пердуви од шест соседни земји на Турција, со намера да спречи ширење на птичјиот грип во Европа, соопштено e денеска во Брисел. Забраната се однесува на Азербејџан, Грузија, Ерменија, Иран, Ирак и Сирија.

Десетици се лечат од птичји грип - ЕК забрани увоз на пилешко

Макфакс - 09.01.2006

Истанбул/Брисел Дваесет и една лице се хоспитализирани во Истанбул поради страв од птичји грип, објавија денеска весниците, со што расте стравот дека опасната болест се проширила на овој турски 12-милионски град. Здравствените власти за денеска ги очекуваат наодите од испитувањата, објави дневникот ...

Регистрирани пет нови случаи на птичји грип

Макфакс - 09.01.2006

Анкара Турските власти објавија дека резултатите од анализите покажале оти најмалку пет нови лица се позитивни на вирусот на птичји грип, што изгледа дека се шири кон запад. Светската здравствена организација испрати група експерти во најпогодената област за да ги испита преземените мерки и да ја ...

Заразени уште пет лица

Вечер - 09.01.2006

Две деца и еден возрасен човек се примени во болницата во Анкара со симптоми на птичји грип, соопшти градоначалникот на турската престолнина. Според направените лекарски прегледи, кај пациентите е потврдено постоењето на вирусот на птичјиот грип.