TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бошковска и во Австралија барала адвокати за Љубе

Време - 25.06.2005

СПОРЕД ЗАГРЕПСКИОТ „ГЛОБУС“ Виолета Бошковска и во Австралија барала адвокати што ќе го бранат нејзиниот сопруг Љубе пред Хашкиот трибунал, објави хрватскиот неделник „Глобус“ во последниот број. Неделникот тоа го поврзува со фактот што и обвинителот кој го води случајот е Австралиец.

Глобус тврди дека Бошкоски нема пари за одбрана во Хаг

Утрински - 25.06.2005

Холандија се согласи да го организира и превозот на ексминистерот Холандската влада дала позитивно мислење околу евентуалниот трансфер на ексминистерот Љубе Бошкоски надвор од земјата, во случај Судскиот совет на Хашкиот трибунал да му овозможи привремено пуштање на слобода.

Враќањето на четирите случаи од Хаг ја вознемири Македонија

Вест - 24.06.2005

ПРЕС НА ХАШКИОТ ТРИБУНАЛ Подготовките за трансфер од Хаг во Македонија на четирите предмети од војната во 2001 година ќе потраат, а Хаг и Скопје ќе ги дискутираат чекорите за враќање на предметите, изјавил на прес специјалниот политички советник на главниот хашки обвинител Жан Даниел Рух.

Министерката Младеновска ќе ги ослободува Бошковски и Тарчуловски

Време - 24.06.2005

В ЧЕТВРТОК ПРЕД СУДСКИОТ СОВЕТ ВО ХАГ Министерката за правда Мери Младеновска - Ѓорѓиевска ќе ја претставува Владата пред Судскиот совет на Хашкиот трибунал, кој на 30 јуни треба да ги разгледува барањата на Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски да се бранат од слобода.

Мери ќе го враќа Љубе

Вест - 24.06.2005

СО ОДЛУКА НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО ЗА СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДНИОТ СУД Министерката за правда Мери Младеновска - Ѓорѓиевска е претставникот од Македонија кој треба да отпатува во Хаг и да присуствува на седницата на Судскиот совет на Хашкиот трибунал, закажана за 30 јуни, на која ќе бидат разгледани ...

Младеновска ќе докажува во Хаг дека ќе се исполнат гаранциите

Утрински - 24.06.2005

Министерката за правда ќе се обрати до Судскиот совет на Трибуналот Министерката за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ќе има на располагање 15 минути да му објасни на Судскиот совет на Хашкиот трибунал зошто Македонија дава гаранции за привремено пуштање на слобода на обвинетите Љубе Бошкоски и ...

Мери ќе ја брани гаранцијата за Љубе и Јохан

Дневник - 24.06.2005

ОДЛУКА НА ВЛАДИНОТО ТЕЛО ЗА СОРАБОТКА СО ХАГ Министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска ќе ја претставува Македонија на седницата на Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 30 јуни, на која ќе се разгледуваат барањата на Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски за привремено пуштање на слобода.

Само веб-сајт за брат Љубе?!

Вечер Прес - 24.06.2005

Љубе Бошкоски доби своја веб-страница - www.ljubeboskoski.com.mk На сајтот, чиј создавач е Здружението за поддршка на поранешниот министер, обвинет од Хашкиот трибунал, може да се дознае се за животот на Љубе. За вистината за Љуботен, за сите новости од Хаг, за ставовите на граѓаните, а можете да ...

Мери ќе ја претставува Македонија

Вечер Прес - 24.06.2005

Министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска ќе ја претставува Република Македонија на седницата на Судскиот совет на Хашкиот трибунал, закажана за 30 јуни, на која ќе бидат разгледани барањата на одбраната на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски за добивање можност обвинетите да се бранат од ...

Младеновска идниот четврток ќе оди за Хаг

А1 - 23.06.2005

Министерката Младеновска идниот четврток има 15 минути да му образложи на Советот на Хашкиот Трибунал зошто Тарчуловски и Бошковски треба да бидат пуштени да се бранат од слобода. По толку време имаат адвокатите на двајцата обвинети.

Трансферот на хашките предмети ќе потрае

А1 - 23.06.2005

Подготовките за трансфер во Македонија на четирите предмети од војната во 2001 година ќе потраат, а Хашкиот трибунал и Скопје ќе ги дискутираат практичните чекори за нивното враќање. Ова на редовна прес - конференција во Хаг го изјави специјалниот политички советник на главниот хашки обвинител, Жан ...

Љубе од Хаг го раскара Собранието

Време - 23.06.2005

ЖЕСТОКА ДЕБАТА ВО ОПОЗИЦИСКИТЕ РЕДОВИ Александра М. Митевска Прашањето дали Љубе Бошковски треба да се смени од функцијата претседател на собраниската комисија за надзор над работата на УДБК и на Агенцијата за разузнавање, жестоко ги раскара пратениците од ВМРО-ДПНМЕ и од ВМРО-НП, на вчерашната ...

Пратениците направија маркетинг во името на Љубе Бошкоски

Утрински - 23.06.2005

Собранието на Македонија почна нова 101. седница, а речиси ништо конкретно не сработи Експресниот предлог на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за смена на Бошкоски од местото претседател на собраниска комисија ги потпали народните избраници КАТИЦА ЧАНГОВА Собранието на Македонија вчера почна нова, ...

Кој ќе ја претставува Владата на судењето во Хаг?

Утрински - 23.06.2005

Координативното тело Координативното тело на Владата вчера доцна попладне требаше да се договори кој ќе ја претставува Владата на претстојното судско рочиште во Трибуналот, на кое хашките судии треба да одлучат по барањето дали двајцата македонски обвинети ќе можат да се бранат од слобода.

Пратениците се испокараа за Брат Љубе

Дневник - 23.06.2005

СОБРАНИЕ Пратениците на вчерашната седница повторно направија политички маркетинг со својот колега Љубе Бошковски и се искараа дали тој треба да остане претседател на собраниската комисија за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Љубе не го даваме

Вечер Прес - 23.06.2005

Љубе Бошкоски, иако е далеку со километри, вчера пак ги скара довчерашните сопартијци, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна, но ја разедини и позицијата. Предлогот на ДПМНЕ, тој да биде сменет од претседателското место на Комисијата за надзор на УБК и Агенцијата за разузнавање, за да може ...

Кој ќе ги убедува судиите да ги пуштат Бошковски и Тарчуловски?

Време - 21.06.2005

ПРЕД ЗАКАЖАНАТА РАСПРАВА ВО ХАГ Во Владата се уште не се знае кој на 30-ти овој месец ќе оди во Хаг за да ги убедува судиите да ги пуштат Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски да се бранат од слобода, велат во Министерството за правда.

Хаг ќе се изјасни за Љубе и Јохан

Вечер Прес - 21.06.2005

Судскиот совет на Хашкиот трибунал, на седница која ќе се одржи на 30 јуни ќе ги разгледа гаранциите за двајцата обвинети Македонци, Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски. На седницата на која ќе присуствува и претставник на македонската влада се очекува од Трибуналот да се изјаснат дали обвинетите ќе ...

Закажана расправа за пуштање на Љубе и Јохан

Време - 20.06.2005

СПОРЕД АДВОКАТОТ НА БОШКОВСКИ Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 30 јуни ќе расправа за барањата на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски да бидат пуштени да се бранат од слобода, информира адвокатот на Бошковски Драган Гоџо.