TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Собранието ја усвои декларацијата за автокефалноста на МПЦ

А1 - 23.01.2004

Со консензус собранието ја усвои декларацијата со која се почитува автокефалноста на Македонската православна црква. По 7 неуспешни верзии, политичките противници СДСМ И ВМРОДПМНЕ застанаа зад декларацијата за подршка на МПЦ и признавање на нејзиниот афтоќефален статус од другите православни цркви.

Владиците на МПЦ неканонски одделени од СПЦ

Дневник - 23.01.2004

СПОРЕД ПРИВРЗАНИЦИте на Јован Преку автономната охридска архиепископија сакаме да влеземе во заедницата на православни цркви од кои неканонски не одделија владиците на МПЦ, соопштија вчера претставници на граѓанската иницијатива што ја поддржуваат архиепископијата создадена од СПЦ.

Граѓанска иницијатива за поддршка на т.н. Охридска Архиепископија

А1 - 22.01.2004

Охридската архиепископија е македонска црква, не е српска, ние не сме србомани, ниту владиката Јован е српски егзарх, истакнаа верниците од како што тие велат призната православна охридска архиепископија. Нивното отклонување од МПЦ не значи непризнавање и на архиепископот охридско-македонски г.г.

Ако преговара Иринеј Бачки, проблемот ќе трае со генерации

Дневник - 22.01.2004

ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ ОДГОВАРА Српскиот владика Иринеј е најголема пречка за напредок во преговорите - тврди портпаролот на САС на МПЦ Ако српскиот владика Иринеј остане во преговорите за автокефалноста на МПЦ, проблемот ќе трае не една, туку неколку генерации владици, оцени вчера портпаролот на САС на ...

Скопскиот универзитет го осудува посегањето по самостојноста на МПЦ

А1 - 21.01.2004

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги осуди најновите случувања меѓу Македонската и Српската православна црква, со кои на најгруб начин се посега по самостојноста на МПЦ, се вели во денешното соопштение на оваа високообразовна институција.

Усогласена деклaрацијата за поддршка на МПЦ

А1 - 21.01.2004

Собранието ги поддржува напорите на МПЦ за зачувување на единството, и признавање на нејзиниот автокефална статус од другите православни цркви и верува дека тие процеси ќе се одвиваат во демократски и толерантен дух, во заемен соработка и меѓусебно почитување.

Народот е устието на МПЦ

Дневник - 21.01.2004

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Двата брега на Вардар, најчест синоним за сите наши реални и потенцијални поделби, завчера во Скопје беа премали за Водици. Така беше и на охридското пристаниште, во Битола, Гевгелија, Теарце, во секој град... Нема црква што не би се гордеела со такво присуство на луѓето.

СПЦ ги затвори вратите за преговори со МПЦ

Дневник - 21.01.2004

РАСКОЛ Владиката Иринеј изјави дека за автокефалноста ќе се преговара само со претставниците на "Охридската архиепископија" СПЦ ќе ги затвори вратите за преговорите со МПЦ и за автокефалноста ќе се разговара само со претставниците на "Охридска архиепископија", најави српскиот и бачки владика Иринеј.

Ристевски: „Расколот во МПЦ потекнува од лошо водените разговори со СПЦ“

А1 - 19.01.2004

Расколот во МПЦ кој ќе има последици за црквата и државата потекнува од лошо водените разговори со СПЦ кои резултираа со потпишување на нишкиот документ. Со потпишувањето на можноста за двојно име на црквата, преговарачите од врвот на МПЦ испратија лоша порака, вели академик Блаже Ристeвски.

Г.Г.Стефан: Проблемот не е во МПЦ, туку во односот на другите цркви кон неа“

А1 - 19.01.2004

„Минимална основа за обновување на разговорите меѓу македонската православна црква и српската црква може да се очекува само откако ќе бидат повлечени сите одлуки на СПЦ со кои се нарушува јурисдикцијата на МПЦ“, изјави архиепископот Охридски и Македонски Г.Г Стефан во денешното интервју за ...

Тимотеј: Со нишкиот документ предложивме двојно име на МПЦ

Вест - 19.01.2004

"Во нишкиот договор ние никогаш не се откажавме од името Македонска православна црква, како што некои сакаат тоа да го претстават, туку предлагавме можност за двојна употреба", вели владиката Тимотеј во интервјуто за македонската редакција на радио Слободна Европа Според митрополитот Тимотеј, ...

Границите на македонската држава се и црковни меѓи

Вест - 19.01.2004

ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ, Г.Г. СТЕФАН, ОД БИТОЛА ПОРАЧА Во словото по божествената литургија во битолскиот соборен храм, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, рече дека МПЦ се возобновува исто како српската, грчката, бугарската, а во поново време и ал Вчераутро во Соборниот храм "Свети ...

Со нишкиот договор МПЦ требало двојно да се нарекува

Утрински - 19.01.2004

Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј, ги објаснува деталите од договорот меѓу Македонската црква и Српската ?Во нишкиот договор ние никогаш не се откажавме од името Македонска православна црква, како што тоа некои сакаат да го претстават, туку предлагавме да има можност за двојна употреба", изјави ...

Врз МПЦ е направено страшно злосторство

Дневник - 19.01.2004

АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН ГИ ОБВИНИ СОСЕДНИТЕ ЦРКВИ Српската и другите соседни православни цркви прават злосторство со тоа што ја негираат Македонска православна црква, наследничка на Охридската архиепископија од која тие произлегле, обвини вчера поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан.

ИНТЕРВЈУ НА Г.Г. СТЕФАН ЗА “ВЕЧЕРЊЕ НОВОСТИ”

Канал5 - 19.01.2004

- “Минимална основа за обновување на разговорите меѓу Македонската православна црква и Српската православна црква може да се очекува само откако ќе бидат повлечени сите одлуки на СПЦ со кои се нарушува јурисдикцијата на МПЦ”, вели во интервјуто - “Минимална основа за обновување на разговорите меѓу ...