TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Запленети 8.000 лажни евра

Време - 19.02.2005

ТЕТОВО Тетовската полиција при претрес на семејна куќа и на приватна продавница завчера нашла 40 фалсификувани банкноти од по 200 евра. Полицискиот претрес бил извршен по налог на истражен судија поради сознанија дека сопственикот на куќата и на продавницата поседувал лажни девизи.

Расветлен обид за убиство,откриени фалсификувани девизи и денари

Дневник - 16.02.2005

ПО ЕДНОМЕСЕЧНА РАБОТА НА МОБИЛНАТА ПОЛИЦИЈА Расветлен обид за убиство, откриени и фатени сторители на 33 тешки кражби, приведени 15 лица барани со потерница, откриено поголемо количество фалсификувани девизи и денари се само дел од резултатите од едномесечното работење на новоформираната мобилна ...

Битолчанец фалсификувал 200 000 италијански лири

Вест - 16.02.2005

Битолската полиција поднесе кривична пријава 62-годишниот Д.С. оти фалсификувал италијански лири. Според првичните сознанија на полицијата битолчанецот фалсификувал 200 000 италијански лири. Фалсификатот бил направен во ноември лани.

Разменувал фалсификувани италијански лири за денари

Дневник - 16.02.2005

БИТОЛА Полицијата поднела кривична пријава против битолчанец, кој протурал фалсификувани италијански лири. Според полицијата, битолчанецот Д.С. (62) во ноември 2003 година, во филијала на Охридска банка во Битола разменил две банкноти од по 100.000 италијански лири.

Камионџија од Србија осуден оти подметнал лажни евра

Дневник - 14.02.2005

ИНВАЗИЈА НА ФАЛСИФИКАТИ ВО МАКЕДОНИЈА Камионџија од Србија и Црна Гора деновиве експресно бил осуден на условна затворска казна оти на 9 февруари на штипјанец му дал лажна банкнота од 50 евра за да му ја раситни, соопшти МВР. Камионџијата Ж.Е.