TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Планет М“ ќе го тужи Вардар

Време - 12.06.2008

ФУДБАЛ “Планет М лтд“ ќе се обиде по судски пат да стигне до раководењето со Вардар. Најтрофејниот македонски клуб во саботата и беше предаден на компанијата „Гофи“, а Трифун Костовски е избран за нов претседател- Ќе поднесеме тужба со привремена мерка.

Вардар затворен за странци

Дневник - 12.06.2008

Кошаркарскиот клуб Вардар нема да ангажира странски кошаркари, туку ќе се ориентира на домашните, и ја заврши соработката со Вардар Осигурување, компанијата што три сезони го спонзорираше клубот. Вардарци се разочарани што само тие од четирите македонски клуба не добиле покана за настап во ...

„Планет“ блокирана во трката за Вардар

Дневник - 12.06.2008

Малтешката фирма што сакаше да го преземе Вардар вели дека е изиграна, а новите газди од „Гофи“ го отфрлаат обвинувањето Претставниците на малтешката фирма „Планет М Лимитид 2“ што конкурираше за влез во ФК Вардар, како единствена, на јавно објавениот конкурс, обвинуваат дека биле изиграни од ...

Трифун Костовски на чело на Вардар

Дневник - 09.06.2008

Новиот претседател на собранието на клубот вети годишен буџет од над еден милион евра Скопскиот градоначалник Трифун Костовски е промовиран во нов претседател на Собранието на ФК Вардар, одржано завчера во просториите на Еуростандард банка.

"Црвено-црните" во рацете на Трифун Костовски

Вест - 09.06.2008

СОБРАНИЕ НА ФК ВАРДАР Најтрофејниот македонски клуб Вардар од саботата е во рацете на скопскиот градоначалник и бизнисмен Трифун Костовски, т.е. неговата групација "Гофи". На Собранието, што се одржа во просториите на банката "Еуростандард", беше разрешен досегашниот в.д.

Со „Кометал“ почнува реинкарнацијата на Вардар

Време - 09.06.2008

ФУДБАЛ Делегатите на собранието на Вардар со акламација го прифатија Трифун Костовски за нов претседател на Вардар. Конечно, Вардар доби моќен и стабилен спонзор, кој преку финансирањето на Работнички покажа и докажа дека знае како се води фудбалски клуб и како се воведува професионализмот во ...

Трифун Костовски нов претседател на црвено-црните

Утрински - 09.06.2008

Претпријатието „Гофи“ ДООЕЛ од Скопје стана доминантен сопственик во Вардар Емил Китановски Познатиот бизнисмен и актуелен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски е новиот претседател на најтрофејниот фудбалски клуб во земјава, скопски Вардар.

Вардар со Трифун по нови титули

Вечер Прес - 09.06.2008

Новиот претседател, кој има 15 гласа во Собранието, а преостанатите 14 рамноправно ги делат фирмата "Мода М" на Орце Камчев и навивачите, најави дека "црвено-црните" ќе бидат најпознат македонски бренд во Европа Без трошка страв, без грам сомневање, најверните фанови предводени од в.д претседателот ...