TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Магдинчев го надмина и Федерер

Дневник - 28.09.2007

Магдинчев и Холанѓанецот Хасе направија единствен подвиг. Само Лазе против Жил Кремер и Хасе во дуелот со Гаштау Елијаш од Португалија победија, иако им дозволија на противниците да се вратат, и од 0-2 во сетови и да израмнат на 2-2.

Шанса за успех или дуел со играч како Федерер?

Вест - 27.09.2007

НАШИТЕ НАЈДОБРИ ТЕНИСЕРИ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРВИОТ ПРОТИВНИК ВО ДЕЈВИС КУПОТ ЗА 2008 Шансата за успех или историската можност да се игра против тенисер како Роже Федерер е дилемата меѓу која се распнати желбите на нашите Дејвис куп- репрезентативци во пресрет на денешната ждрепка (од 12 часот) за ...

Сеедно со кого ќе играме, само да е во Скопје

Време - 27.09.2007

ДЕНЕСКА ЖДРЕПКА ЗА ДЕЈВИС-КУПОТ Никола Богојевски Без некоја посебна желба за противник од светските велесили во Првата евро-африканска зона, но со желба првиот меч во Дејвис-купот да го игра на домашен терен, македонската тениска репрезентација, три дена по големиот успех со опстанокот во ...

Магдинчев ја посакува Грузија

Утрински - 27.09.2007

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Јунакот на историската победа во Луксембург за опстанок во Првата група од Евроафриканската зона на Дејвис купот, Лазар Магдинчев, би сакал Македонија во својата втора година во втората по квалитет група в година да стартува против Грузија.

Федерер доаѓа во Скопје

Вечер Прес - 27.09.2007

Откако успеа да го совлада Луксембург, денеска селекцијата на Македонија ќе го добие наредниот противник, а како можни кандидати се репрезентациите на Швајцарија, Хрватска, Италија, Словачка, Грузија и Холандија -Заминавме во Луксембург со една цел, да победиме.

Дејвис куп репрезентативците уживаат во успехот

А1 - 26.09.2007

Македонските Дејвис куп репрезентативци се уште уживаат во успехот што го остварија изминатиот викенд, кога со драматичната победа во Луксембург обезбедија опстанок во првата Евро-африканска зона. За двете клучни сингл победи, што ги оствари во мечеви од по пет сета, Лазар Магдинчев вели дека биле ...

Магдинчев: Замислено-сторено - опстанок

Време - 26.09.2007

ДЕЈВИС-КУП Си го остваривме замисленото, а тоа беше опстанок во Првата зона, рече Лазар Магдинчев, херојот на македонската дејвискуп-репрезентација, по двете напорни победи во пет сета на гостувањето во Луксембург, изминатиот викенд, по кој Македонија остана во евро-африканската елита.

Царот Лазар магичен

Дневник - 26.09.2007

Магдинчев мина над 10 часа на теренот, но доби сатисфакција „Тешко, долго, но на крајот слатко“, со куси зборови во изјава за „Дневник“ новиот македонски тениски херој Лазар Магдинчев ја опиша победата над Луксембург, вредна опстанок во Првата евроафриканска зона.

Историска победа на тенисерите во Луксембург

Утрински - 25.09.2007

Дејвис-куп Лазар Магдинчев Решавачкиот поен за триумфот од 3:2 го освои Магдинчев, Македонија и в година во Првата група РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Точно во 20,28 ч. прексиноќа заврши големата битка во Еш за опстанок во Првата група од Евроафриканската зона на Дејвис купот, во која по три натпреварувачки ...

Лазе за петка во петтиот сет од петтиот меч

Дневник - 25.09.2007

По повеќе од 4 часа игра Магдинчев ја надмина кризата по која Кремер му израмни на 2-2 во сетови и успеа да го добие решавачкиот меч за победа Лазар Магдинчев е тенискиот јунак што ни донесе опстанок во Првата евроафриканска зона од Дејвис-купот, со триумф од 3-2 (6-1, 6-3, 6-7, 6-7, 6-4) во ...

Роже Федерер е можниот противник на Македонија

Време - 25.09.2007

ТЕНИС Најдобриот светски тениски рекет Роже Федерер може да им биде противник на македонските тениски репрезентативци во Дејвис-купот, откако Швајцарија не успеа да обезбеди опстанок во Светската група и загуби од силната Чешка со 1-4 во баражите за пласман во тениската елита.

И Федерер меѓу можните следни противници

Вест - 25.09.2007

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ВО ПРВАТА ЕВРОАФРИКАНСКА ЗОНА ОД ДЕЈВИС КУПОТ Лазар Магдинчев го совлада Жил Кремер со 6:1, 6:3, 6:7, 6:7, 6:4 во решавачкиот, петти меч од дуелот со Луксембург во Еш сур Алцете, овозможувајќи и на Македонија уште една година престој во Првата евроафриканска зона од Дејвис купот.

„Маратонецот“ Магдинчев и обезбеди опстанок на Македонија

Време - 25.09.2007

ДЕЈВИС-КУП, ПРВА ЕВРО-АФРИКАНСКА ЗОНА Македонската дејвискуп-репрезентација остана во Првата евро-африканска елита и во идната година, откако нашите тенисери по маратонски пет меча, од кои четири во пет сета со вкупни 3-2 го победија Луксембург.

Остануваме меѓу 40 најдобри!

Вечер Прес - 25.09.2007

Лазар Магдинчев ги оствари решавачките победи, наспроти влошувањето на повредата на Русевски Тениската репрезентација на Македонија останува во елитната Прва група од Евро-африканската, откако во драматичен петти меч кој траеше пет сета, Лазар Магдинчев успеа да го совлада Жил Кремер.

Тенисерите скокнаа на 35-то место

А1 - 24.09.2007

Македонските тенисери повторно се наши спортски јунаци. Останаа во првата Евро-африканска зона од Дејвис купот, со победата над Луксембург во исцрпувачкиот натпревар и тоа на теренот на противникот. Остварија и скок од седум места на најновата ранг листа на Дејвис куп репрезентации.

Опстанокот во Првата група од Дејвис купот во рацете на Магдинчев

Утрински - 24.09.2007

Синоќешниот дуел на вториот македонски рекет со Кремер решаваше за победникот во мечот со Луксембург во Еш Лазар Магдинчев синоќа го имаше во свои раце опстанокот на Македонија во Првата група од Евроафриканската зона на Дејвис купот, а со тоа и најголемиот успех во досегашното 14-годишно ...

Добар почеток, неизвесен крај

Дневник - 24.09.2007

По двете победи во сингл-мечевите, пропуштивме шанса во мечот во двојки, кој траеше 5 сета, па последна надеж ни беше Магдинчев, по повредата на Русевски Македонија пропушти златна шанса и предност од 2-0 во мечеви за експресно да го обезбеди опстанокот во Првата евроафриканска зона, во Луксембург, ...

Опстанокот во рацете на Магдинчев

Вест - 24.09.2007

ТЕНИС - ДЕЈВИС КУП Опстанокот на Македонија во Првата евроафриканска зона од Дејвис купот беше во рацете на Лазар Магдинчев. Тој вчера попладне го играше решавачкиот, петти меч против нерангираниот Жил Кремер во Еш сур Алцете, откако со серијата од две победи домашниот Луксембург израмни на 2:2.

Одличен почеток, драматичен расплет

Вечер Прес - 24.09.2007

Човек на одлуката е Лазар Магдинчев, откако во првиот меч го победи првиот рекет на Луксембург, Жил Мулер, остана наш адут и во последниот меч при 2:2 Македонија беше на чекор од остварувањето на целта и опстанок во Првата група од Евро-африканската зона на Дејвис Купот, но по почетното водство од ...