TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Косоварите очекуваат условна независност

А1 - 02.10.2005

Повеќе од 60% од граѓаните на Косово веруваат дека резултатот од преговорите за статусот на Покраината ќе биде условна независност, под привремен мониторинг на Европската Унија. Ова, како што пренесува Макфакс, го покажува најновото испитување на јавното мислење спроведено од приштинската агенција ...

Грчка дипломатска делегација во Белград, Подгорица и Приштина

Макфакс - 02.10.2005

Атина Грчка делегација од министерството за надворешни работи денеска ќе замине во посети на Белград, Подгорица и Приштина за да се информира за состојбата пред можните преговори за конечниот статус на Косово. Најавувајќи ја посетата, претставникот на грчкото МНР Јоргос Кумуцакос, изјави дека ...

Драшковиќ во Кина- тема Косово

Макфакс - 02.10.2005

Белград Министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ денеска ќе допатува во Кина, соопшти Кабинетот на министерот. Драшковиќ со кинеските власти, покрај унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, ќе разговара и за Косово.

Анкета - Граѓаните на Косово очекуваат условна независност

Макфакс - 02.10.2005

Приштина Повеќе од 60 отсто од граѓаните на Косово веруваат дека резултатот од преговорите за статусот на покраината ќе биде условна независност, под привремен мониторинг на Европската унија. Ова, како што пренесува Макфакс, го покажува најновото испитување на јавното мислење спроведено од ...

И условна независност е независност

Дневник - 01.10.2005

шЕФОТ НА АЛБАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА СЕ ОПРАВДУВА Шефот на дипломатијата во новата влада на Албанија вчера го дообјасни својот став за Косово, поради кој беше остро нападнат од опозицијата, па дури и се соочи со интерпелација на почетокот на својот мандат, јави Макфакс.

Поголема заштита за српските цркви на Косово

Макфакс - 01.10.2005

Белград Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за состојбата на Косово Каи Еиде во својот извештај оценува дека српските верски објекти на Косово заслужуваат поголемо внимание и заштита. “Српските православни објекти претставуваат нешто повеќе од важен дел на српскиот идентитет.

Тачи повторно претседател на косовските демократи

Макфакс - 01.10.2005

Приштина Хашим Тачи повторно е избран за претседател на Демократската партија на Косово, на конгресот што заврши синоќа во Приштина. Тачи, кој е на чело на партијата од 1999 година, пред учесниците на третиот конгрес на партијата најави дека косовскиот парламент во текот на оваа недела ќе ја усвои ...

Словенечкиот план за Косово - во Белград и Приштина

Макфакс - 01.10.2005

Љубљана Планот на словенечкиот претседател Јанез Дрновшек за конечниот статус на Косово, во рамки на можната улога на Словенија како домаќин на прелиминарните и неформални разговори, ќе им биде претставен деновиве на Белград и Приштина, јавија локалните гласила.

Бериша во Македонија

Макфакс - 01.10.2005

Скопје Новиот албански премиер Сали Бериша денеска ќе допатува во еднодневна официјална посета на Република Македонија. Во рамки на посетата, премиерот Бериша ќе биде примен од македонскиот премиер Владо Бучковски, по што ќе следат разговори на официјалните делегации од двете земји.

Црвенковски: Статусот на Косово - договор на Белград и Приштина

Макфакс - 01.10.2005

Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски повтори денеска дека Скопје ќе прифати секое решение за статусот на Косово што ќе го договорат Белград и Приштина. “Република Македонија ги поддржува заедничките преговори меѓу Белград и Приштина со посредство на меѓународната заедница за решавање ...

Финалниот статус на Косово да не ги наруши постојните граници на Балканот

Макфакс - 01.10.2005

Скопје Македонскиот и албанскиот премиер Владо Бучковски и Сали Бериша се согласија денеска дека финалниот статус на Косово не треба да ги наруши постојните граници на земјите во регионот. “Се согласивме дека било какво решение што ќе води кон независност на Косово и нема да предизвика нарушување ...

Рупел - Словенија е за статус на Косово прифатлив и за Србија

Макфакс - 01.10.2005

Белград Единствениот став на словенечкиот претседател, Владата и Министерството за надворешни работи е дека идниот статус на Косово мора да биде европски, постигнат во договор меѓу Белград, Приштина и Меѓународната заедница. Ова синоќа, во телефонскиот разговор со српско-црногорскиот министер за ...

Албанија: Условна независност за Косово

А1 - 30.09.2005

Албанскиот министер за надворешни работи Бесник Мустафај изјави дека условна независност би бил најдобриот избор на Косово. Албанија ја поддржува резолуцијата на Обединетите нации со која се поништува директната власт на Белград над Косово и со која конечниот статус на покраината е отворен за ...

Рашковиќ - Нема независност за Косово

А1 - 30.09.2005

Албанците на Косово не може да добијат независност бидејќи тоа е дел од Србија - изјави новоименуваниот шеф на српскиот Центар за покраината Санда Рашковиќ - Ивиќ. Таа повтори оти Белград не отстапува од предлогот „повеќе од автономија, помалку од независност“, укажувајќи оти со негово прифаќање ...

Преговори за Косово во декември

Дневник - 30.09.2005

ВУК ДРАШКОВИЌ ТВРДИ Преговорите за конечниот статус на Косово ќе почнат во декември, во Виена, со посредство на Обединетите нации, изјави министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ, јави Макфакс. - СЦГ ќе бара да се обезбеди заштита на правата на српското малцинство на ...

Косово поважно од Младиќ и Караџиќ

Време - 30.09.2005

АНАЛИЗА НА НОВИНСКАТА АГЕНЦИЈА РОЈТЕРС Еврокомесарот Хавиер Солана завчера најави дека Европската Унија ќе почне преговори за стабилизација и асоцијација на Србија и Црна Гора во Унијата, иако властите во Белград се уште не ги уапсиле бараните воени злосторници Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, јави ...

Косовските Албанци протестираа против преговорите на покраината

Вест - 30.09.2005

Црвената боја употребена на протестот ја симболизира крвта на загинатите во воениот конфликт во Косово во 1998-1999 година, соопшти еден од организаторите на протестот Приштина, 30 септември (Ројтерс) - Една косовска младинска организација вчера истури лажна крв пред влезот на парламентот во ...

Косовци на протест за независност

Дневник - 30.09.2005

ПРЕД ПАРЛАМЕНТОТ ВО ПРИШТИНА Околу 100 косовски Албанци вчера пред парламентот во Приштина одржаа протест на кој го искажаа незадоволството од најавените преговори за идниот статус на Косово со властите во Белград, јави Ројтерс.

Бериша фаќа демократски приклучок со светот преку Косово

Утрински - 30.09.2005

Новата влада на демократите во Тирана изненади со промена на ставот спрема регионалните проблеми Идејата на новите власти во Тирана Косово да добие условна независнот под меѓународна контрола ги остави без збор политичарите во Приштина Димитар Чулев Новата позиција на Тирана спрема Косово, ...

Преговорите за Косово во декември, во Виена

А1 - 29.09.2005

Преговорите за идниот статус на Косово ќе започнат во декември, во Виена, со посредство на Обединетите Нации. Ова, синоќа во Белград, го најави министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ. Според него, разговорите би биле насочени кон изнаоѓање на привремено решение, доколку ...

Интерпелација во Тиранапоради новиот став за Косово

Дневник - 29.09.2005

УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА МАНДАТОТ Новата албанска влада, на самиот почетокот на мандатот најверојатно ќе биде соочена со интерпелација, поради јавното напуштање на ставот на Тирана за независност на Косово, јави Макфакс. Опозициските социјалисти најавија интерпелација против новиот шеф на ...

Српска кавга околу Косово

Време - 28.09.2005

НЕЕДИНСТВО ВО СРПСКИОТ ТАБОР ПРЕД ОЧЕКУВАНИТЕ ПРЕГОВОРИ Косовскиот парламент вчера го одобрил составот на својата делегација при очекуваните преговори со Србија за конечниот статус на Косово. Наспроти барањата на косовски интелектуалци, во делегацијата нема место за тамошните Срби.

НОВИОТ ШЕФ НА АЛБАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Е КАТЕГОРИЧЕН

Дневник - 28.09.2005

НОВИОТ ШЕФ НА АЛБАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Е КАТЕГОРИЧЕН Новиот министер за надворешни работи на Албанија се заложи за условна независност на Косово. Министерот Бесник Мустафај, во интервју за Ројтерс, изјави дека промената на политиката на Тирана, која тој ја објави од говорницата на Обединетите нации ...

Разговорите за Косово ќе започнат до крајот на годината

Утрински - 27.09.2005

Според високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Хавиер Солана ПАРИЗ - Разговорите за финалниот статус на отцепената српска покраина Косово, веројатно, ќе започнат кон крајот на годинава, изјави вчера шефот на надворешната политика на ЕУ, Хавиер Солана.

Ахмети: Независноста на Косово ќе придонесе за стабилност во Македонија

Утрински - 27.09.2005

Средба на лидерот на ДУИ со косовските политичари ПриШтина - Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, изминатиот викенд престојуваше во посета на Приштина, каде што се сретна со претседателот на Народното движење на Косово (НДК), Емруш Џемајли, објавуваат дел од косовските и ...

Еиде демантира дека има притисок врз него

А1 - 26.09.2005

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за проценка на стандардите во Косово, норвешки амбасадор во НАТО, Каи Еиде демантира дека вршат притисок врз него. „Во мојата работа не сум изложен на никакви политички притисоци во врска со извештајот.

Еиде: Слободно го пишувам извештајот за Косово

Време - 26.09.2005

ПО ОБВИНУВАЊАТА Норвешкиот дипломат Каи Еиде, испратен од Обединетите нации за да го испита напредокот на Косово, вчера демантира дека е под притисок да ја претстави состојбата на Косово за поубава отколку што реално е, јави МИА.

Македонија ќе го признае Косово

Канал5 - 26.09.2005

Македонија ќе биде втората држава по Албанија која ке ја признае независноста на Косово доколку договор за менување на статусот на покраината постигнат Белград и Приштина. Македонија ќе биде втората држава по Албанија која ке ја признае независноста на Косово доколку договор за менување на статусот ...