TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Костовски не оди кај Петковски

Време - 22.10.2005

НОВИ ПАРТИИ Нема да се приклучам во партија што би ја формирал Тито Петковски, рече вчера скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Тој додаде дека се уште размислува дали да формира своја партија, а не сакаше да ги коментира информациите дека Тито Петковски и Лилјана Поповска би му се приклучиле.

СДСМ сепак ќе го игнорира Петковски

Дневник - 22.10.2005

ОДЛУКА НА ПАРТИСКИОТ ВРВ СДСМ ќе го игнорира Тито Петковски и нема да разговара за неговите активности се додека не добие официјална информација дали тој ќе формира нова партија. Ова било заклучено на прексиноќешниот состанок на Централниот одбор на партијата.

Трифун Костовски не сака во партијата на Тито Петковски

Утрински - 22.10.2005

Наместо една, можно е формирање на три нови политички партии БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Македонската политичка сцена би можела да биде збогатена со три нови субјекти кои одделно би ги предводеле Тито Петковски, Трифун Костовски и Лилјана Поповска, наместо досега очекуваниот заеднички политички проект на ...

Трифун Костовски не сака со Тито Петковски

Дневник - 22.10.2005

НОВИ ПАРТИИ Скопскиот градоначалник Трифун Костовски е категоричен дека нема да и се приклучи на новата политичка партија што ќе ја формира пратеникот Тито Петковски, но не сака да коментира дали ќе ги прими него и Лилјана Поповска ако формира своја партија.

Дисидентите не можат да се договорат!

Вечер Прес - 22.10.2005

На завчерашната седница Централниот одбор на СДСМ не го отворил прашањето за заминувањето на Тито Петковски, кој во изминатиов период агитира за формирање на нов политички субјект во Македонија. Расправата за однесувањето на пратеникот на СДСМ и член на Претседателството ја "спречил" лидерот Владо ...

Костовски: Hе одам во партија на Тито

Вечер Прес - 22.10.2005

"Македонија има потреба од трета опција што ќе биде проевропска и ќе ги промовира пред се етичките норми на живеењето. Ова го мислам бидејќи се истрошени идеите и визиите на двете најголеми политички партии, изјави вчера градоначалникот на Град Скопје Трифун Костовски, потврдувајќи ја изјавата ...

Петковски по втор пат го игнорираше Бучковски

А1 - 21.10.2005

Најавите за новата партија на Петковски која подолго време ја вознемирува владеачката СДСМ, ниту синоќа не го оставила имуно раководството и членовите на партискиот централен одбор. Дилемите биле отворени. Социјалдемократите сакале од Петковски да слушнат колку има вистина во гласините.

Сакам партија без дисиденти

Вест - 21.10.2005

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ТРИФУН КОСТОВСКИ ЗА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ Македонија има потреба од трета опција, која ќе биде проевропска и ќе ги промовира етичките норми на живеење, вели градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, во интервјуто за програмата "Дојче веле" на македонски јазик.

Петковски однива да разговара со Бучковски

Канал5 - 21.10.2005

Тито Петковски побара дополнителни два дена за да ја реши неизвесноста ќе излезе ли од СДСМ и застане на чело на нова партија, Автентична македонска политичка акција. Денешниот ден го мина затворен во својата канцеларија во Собранието.

Костовски: Македонија има потреба од трета проевропска опција

Утрински - 21.10.2005

Според скопскиот градоначалник Скопје - Македонија има потреба од трета опција која ќе биде проевропска и ќе ги промовира, пред сў, етичките норми на живеењето, изјави градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, во интервјуто за Дојче Веле.

ЛДП го обвини скопскиот градоначалник за неодговорност

Утрински - 21.10.2005

Либералдемократите критични спрема процесот на децентрализација Либералдемократската партија на вчерашната прес-конференција го обвини Трифун Костовски и вмровските градоначалници за крајна неодговорност во работењето. Политиката на Груевски и на Костовски во процесот на децентрализација подразбира ...

Најавите на Петковски ги вознемирија членовите на СДСМ

Утрински - 21.10.2005

Врвот на социјалдемократите разменувал информации за активностите на Тито Петковски Во СДСМ немаат целосни информации што прави членот на нивното Претседателство БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Членството на владејачкиот Социјалдемократски сојуз е вознемирено од последните најави на пратеникот и член на ...

ЛДП: Костовски и ВМРО-ДПМНЕ децентрализацијата ја користат за политичка борба

А1 - 20.10.2005

ЛДП смета дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Град Скопје Трифун Костовски процесот на децентрализацијата го разбираат и го спроведуваат единствено како средство за политичка борба, а не како процес за подобрување на условите за живот на граѓаните на Македонија.

Бучковски: Петковски да се изјасни за новата партија

А1 - 20.10.2005

Бучковски го повика сопартиецот Тито Петковски да ги демантира или да ги потврди гласините за нова политичка партија. Претседателот на СДСМ од Петковски чека одговор, останува во СДСМ или си заминува. „Јас сум уште посериозен, не би коментирал ништо што официјално не е соопштено во партијата.

Лицитирање како ќе се вика партијата на Петковски - АМПА или Социјалдемократска алтернатива

Канал5 - 20.10.2005

Тито Петковски не се појави на вчерашниот состанок на претседателството на СДСМ. По најавите дека ке формира своја партија речиси и да не може да се види во друштво на сопартијците. Ги избегнува и камерите за јавно признание иако почнаа да се вртат и имиња за неговата партија, социјалдемократска ...

Тито бара екипа за АМПА

Вест - 20.10.2005

НОВА ПАРТИЈА? Приврзаниците на вечниот опозиционер во СДСМ Тито Петковски тврдат дека тој придобил дел од партиските ограноци на СДСМ, во Битола, Кавадарци, Штип, Струга и Тетово Се поизвесно е дека пратеникот на СДСМ Тито Петковски идниот месец ќе ја промовира својата партија.

Тито Петковски во АМПА

Дневник - 20.10.2005

НОВА ПАРТИЈА Новата политичка партија на чие чело ќе застане пратеникот на СДСМ Тито Петковски најверојатно ќе се вика АМПА - Акциона политичка алтернатива или Социјалдемократска алтернатива, дознава "Дневник". Петковски неодамна во интервјуто за една штипска телевизија најави дека промоцијата на ...

Тито следниот месец ја формира партијата

Вечер Прес - 19.10.2005

ШТИП, 19 ОКТОМВРИ. - Пратеникот Тито Петковски веќе не крие дека ќе формира партија. Пред два дена во Штип, на ТВ Стар, тој јавно проговори дека ќе формира партија, но не сакаше да прецизира дали во неа ќе членуваат Трифун Костовски и Лилјана Поповска.

Поповска не сака да биде цвет на реверот

Дневник - 18.10.2005

ДОДЕКА КОСТОВСКИ ЌЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ПАРТИЈА Не гледам дека постои политичка групација со сериозна програма за обнова на Македонија, туку само поединци растрчани на сите страни, кои дејствуваат некоординирано, изјави вчера пратеничката Лилјана Поповска по најавите дека ќе влезе во новата партија на ...

Трифун бара време, Лиле - сериозни луѓе

Време - 18.10.2005

ПО НАЈАВИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВА ПАРТИЈА Диана Младеновска Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вчера побара време за да размисли дали ќе формира нова партија, која, како што претходно најави, би требало да го „олесни“ негово политичко дејствување.

Трифун се премислува!

Вечер Прес - 18.10.2005

Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски вчера изјави дека нема донесено одлука за формирање партија. Ова изјава е "дообјаснување" на неговото интервју што завчера го објави Радио Слободна Европа, во кое тој не ја исклучи можноста да формира нов политички субјект.

Трифун се шири!

Вечер Прес - 18.10.2005

Ако Господ прво себе си поделил брада, градоначалникот си додели простор. Имено, градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, чија фирма "Гофи" се наоѓа во Палатата Македонија, интензивно работи на проширување на својот деловен простор.

Костовски сака да размисли пред конечната одлука за нова партија

А1 - 17.10.2005

Костовски збунет. Скопскиот градоначалник откако самиот ги подгреа шпекулациите за нова партија денеска вели - оставете ме да размислам до конечната одлука. „Ве молам, нема потреба од додатни шпекулации на таа тема. Оставете ме да размислам, дали тоа ќе биде политички субјект или пак некоја друга ...

Ми треба партија за да давам резултати

Вест - 17.10.2005

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ТРИФУН КОСТОВСКИ ЗА РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА "За да можам успешно да функционирам и да давам вистински резултати за градот, а не да одговарам на политичките желби, можеби ќе биде неминовно формирање на нова партиска опција, која можеби ќе се промовира во близок период", ...

Трифун Костовски ќе формира политичка партија

Утрински - 17.10.2005

Најава на скопскиот градоначалник во интервју за Радио Слободна Европа КАТИЦА ЧАНГОВА Станува извесно дека во блиска иднина ќе се промовира нов субјект на политичката сцена во Македонија. Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски вчера најави дека постои можност за формирање нова политичка ...

Трифун ќе формира нова партија

Време - 17.10.2005

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА Формирањето партија во која би фигурирало моето име е можно, изјавил градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, во радио-телевизиското интервју за Радио Слободна Европа. - Јас не би ја исклучил таа можност.

ТРИФУН КОСТОВСКИ СЕ УПЛАШИ ОД СОПСТВЕНАТА ИЗЈАВА ДЕКА ЌЕ ФОРМИРА ПАРТИЈА

Канал5 - 17.10.2005

Градоначалникот е вознемирен по сопствените изјави за можноста од формирање нова партија во која би се нашло и неговото име. Градоначалникот е вознемирен по сопствените изјави за можноста од формирање нова партија во која би се нашло и неговото име.

На Трифун му треба партија

Вечер Прес - 17.10.2005

Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, не ја исклучува можноста за формирање партија во која би фигурирало неговото име. "Јас не би ја исклучил таа можност, но, секако, ќе има анализа дали тоа е неопходно потребно. Факт е дека моето функционирање во изминатите неколку месеци, како независен ...