TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Турската армија уби 15 курдски бунтовници

А1 - 28.10.2007

Турската армија убила 15 курдски бунтовници во операција изведена денеска во областа Тунџели, источна Турција, јави Си-Ен-Ен Турк. Операцијата била преземена во планински реон на околу 600 километри северно од границата со Ирак.

Бабаџан: Турција ги има на маса сите варијанти за дејствување против ПКК

Канал5 - 28.10.2007

Турскиот министер за надворешни работи Али Бабаџан изјави за време на посетата во Техеран дека „на маса се ставени сите варијанти“ за дејствување на неговата земја против Курдската работничка партија (ПКК) во Северен Ирак. Техеран, 28 октомври (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Али ...

Ердоган со закана дека ќе нареди акција против курдските герилци во Северен Ирак

Канал5 - 28.10.2007

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани денеска дека ќе нареди навлегување во Северен Ирак со цел акција против курдските герилци по пропаѓањето на разговорите со ирачки претставници, пренесува МИА. Ширнак, 27 октомври (МИА) Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани денеска дека ќе нареди ...

Турски авиони ги снимаат упориштата на ПКК

А1 - 27.10.2007

Турски воени авиони извршуваат разузнавачи летови во реонот на турско-ирачката граница, со цел да ги снимаат упориштата на Курдската работничка партија (ПКК) во Северен Ирак, соопштија денеска турски воени извори. Присуството на турската армија во граничниот реон и денеска е зајакнато, каде редовни ...

Прекинати разговорите за северен Ирак

Време - 27.10.2007

ВЕСТИ ОД ТУРЦИЈА Разговорите меѓу турски и ирачки министри што се водат во Анкара за да се избегне воена акција во северен Ирак биле прекинати по час и половина и не е познато дали ќе продолжат, изјави висок ирачки претставник.

Турција распореди 100.000 војници на границата со Ирак

Утрински - 26.10.2007

Триесет курдски бунтовници се убиени вчера при упад на турска територија Абдула Ѓул ја предупреди Курдската работничка партија дека трпението на Турција е при крај: заробени курдски бунтовници ДИЈАРБАКИР - Турските сили соопштија дека го одбија нападот на курдските бунтовници во близина на ...

Терористите ја провоцираат Турција

Дневник - 26.10.2007

Во средата навечер, герилска единица од 40 члена на ПКК нападнала воена позиција во пограничната провинција Хакари, но биле одбиени со оган од тенкови и артилерија Турските сили построени на границата со северен Ирак вчера одбиле напад на терористичка група и се' уште чекаат наредба за ...

Турците ги напаѓаат Курдите, но само од воздух

Време - 26.10.2007

ТЕНЗИИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Турски борбени авиони и хеликоптери вчера продолжиле со нападите врз упориштата на курдските герилци во северен Ирак, јави новинската агенција Асошиејтед прес. Нападите следуваат откако герилците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во две заседи убија над 20 турски ...

Турција губи трпение за ирачките Курди

Вест - 26.10.2007

АНКАРА, 26 октомври (АП) - Турција го губи трпението и нема да го толерира тоа што курдските бунтовници ја користат територијата на Ирак за да изведуваат терористички напади, изјави вчера турскиот претседател Абдула Ѓул. Турција се закани дека ќе изведе напад во северен Ирак ако ирачките Курди и ...

Ирак најави прекин на доставата на нафта за Турција, ако Анкара воведе санкции кон ирачките Курди

Канал5 - 26.10.2007

Ирак ќе ја прекине доставата на нафта за Турција преку нафтоводот Џејхан, доколку Анкара воведе економска блокада на северниот дел на земјата, изјави претседателот на ирачкиот парламент Махмуд Машхадани во Дамаск. Багдад, 26 октомври (МИА) - Ирак ќе ја прекине доставата на нафта за Турција преку ...

За Курдите ни струја ни храна!

Вечер Прес - 26.10.2007

Курдските бунтовници се вооружени со оружје што Американците го изгубиле, или им е украдено во Ирак Стопирањето на извозот на евтина електрична енергија за Северен Ирак и затворање на граничниот пункт Хабур на ирачко-турската граница, се некои од санкциите предложени од Советот за национална ...

Турските сили нападнаа бунтовници во северен Ирак

Утрински - 25.10.2007

Потпарол на ПКК ги демантираше информациите дека турската армија извршила напади врз нивните бази Воените авиони и хеликоптери летаа 20 км во ирачка територија, а околу 300 пешадиски војници напредуваа околу 10 км, при што убија 34 бунтовници на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) АНКАРА - ...

Турците вршат напади во северен Ирак

Време - 25.10.2007

ПО СЕРИЈАТА КУРДСКИ НАПАДИ Турските војници веќе водат офанзива во северен Ирак, навлегувајќи 20 километри на ирачка територија, при што за неколку дена убиле 34 герилци на Работничката партија на Курдистан, јави новинската агенција МИА.

Турција во офанзива против Курдите во Ирак

Вест - 25.10.2007

ЧИЗРЕ, Турција, 25 октомври (Ројтерс) - Турските воени авиони и војска изведоа напади врз курдските бунтовници во Ирак, на границата се натрупува војска, но Анкара засега се воздржува од помасовен напад, соопштија вчера воени извори.

Турски специјалци навлегоа во северен Ирак

Дневник - 25.10.2007

Ограничените операции се сметаат како последно предупредување до американските сили и Багдад самите да ги разбијат базите на терористичката ПКК на ирачка територија Турски авиони бомбардирале бази на курдските бунтовници во северен Ирак, а мала копнена единица спровела воена операција преку ...

Почна операцијата на жестоко гонење!

Вечер Прес - 25.10.2007

Објавените снимки на осумте турски војници, кои како заложници веќе неколку дена ги држат курдските бунтовници, предизвикаа нов бран масовни протести низ Турција Додека во Турција се води расправа за тоа дали да се преземе прекугранична операција против припадниците на Курдската работничка партија ...

Турција ги бомбардира курдите во Северен Ирак

А1 - 24.10.2007

Авиони на Турската армија бомбардираа логори на терористичката ПКК во Северен Ирак, јавија попладнево турските медиуми. Авионите навлегле 20-тина километри на територијата на Ирак. Во паралелна операција турската артилерија стрелала врз позициите на курдските сепаратисти, од другата страна на ...

Буш му ветил помош на Ѓул

Време - 24.10.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш на шефот на турската држава Абдула Ѓул му ветил соработка на САД со Турција во борбата против курдските герилци, кои дејствуваат од позиции од северен Ирак. - За време на телефонскиот разговор Буш ја потврди нашата заложба за соработка со Турција и со Ирак во ...

Курдските власти во северен Ирак побараа од ПКК да ги прекине вооружените активности

Канал5 - 24.10.2007

Властите во ирачки Курдистан ги повикаа денеска курдските бунтовници, кои веќе 20 години се борат против турските безбедносни сили, да ги прекинат вооружените активности. Арбил, 24 октомври (МИА) - Властите во ирачки Курдистан ги повикаа денеска курдските бунтовници, кои веќе 20 години се борат ...

Курдите од северен Ирак подготвени за примирје

Време - 24.10.2007

ТУРЦИЈА Курдските герилци од Работничката партија на Курдистан (ПКК) се согласни на примирје доколку Турција се откаже од навлегување и воена операција во северен Ирак, се наведува во декларацијата на интернет-страницата на герилците, пренесе МИА.

Илјадници турски доброволци бараат да се борат против ПКК

Утрински - 24.10.2007

Вчера, Ирак се согласи активно да и' помогне на Турција да се справи со „опасноста“ од курдските бунтовници Весникот „Хуриет“ пишува дека вкупно 4.500 лица од неделата до вчера поднеле барања за доброволно учество во армијата, а 350 од нив се жени, додека 1.200 веќе го отслужиле воениот рок АНКАРА ...

Буш му вети на Ѓул американска помош во борбата против курдските бунтовници

Канал5 - 23.10.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш во телефонски разговор му ветил на шефот на турската држава Абдула Ѓул соработка на САД со Турција во борбата против курдските бунтовници, кои дејствуваат од позиции од Северен Ирак, соопшти Белата куќа.

Турската јавност бара акција против ПКК

А1 - 22.10.2007

По загинувањето на 16-те турски војници на границата со северен Ирак, воениот и политичкиот врв на земјата е под голем притисок на јавноста која бара решителен одговор на војската против курдските сепаратисти. Илјадници војници на турската армија кои се распоредени на турско-ирачката граница чекаат ...

Курдските бунтовници од заседа убија 13 турски војници

Утрински - 22.10.2007

Борбите освен на границата со Ирак продолжија и во турската провинција Хакари, поддржани од хеликоптери „кобра“ Турски војници патролираат на границата со Ирак ТУНЧЕЛИ - Курдските бунтовници зедоа „голем број заложници“ од турските војници, објави вчера пробунтовнички ориентираната новинска ...

Курдските бунтовници убија 12 турски војници

Вест - 22.10.2007

ТУНЧЕЛИ, Турција, 22 октовмри (Ројтерс) - Курдските бунтовници вчера убија 12 турски војници во заседа во близина на границата со Ирак, поради што турскиот премиер Тајип Ердоган свика кризна седница за овластување на воена интервенција преку границат ТУНЧЕЛИ, Турција, 22 октовмри (Ројтерс) - ...

Убиени 16 турски војници при напад на курдски бунтовници

Дневник - 22.10.2007

Најмалку 16 турски војници се убиени, а десетина се ранети вчера при престрелка со курдските бунтовници во областа Хакари, југоисточна Турција, јави МИА. Ова се првите жртви на турската армија откако парламентот во Анкара и' дозволи на војската да навлезе на ирачка територија во борбата против ...

Неколку илјади лица демонстрираат против ПКК во Истанбул

Канал5 - 22.10.2007

Околу 3.000 демонстранти се собраа денеска во Истанбул за да ги осудат бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) по вчерашните жестоки судири во кои загинаа 12 турски војници и 32 курдски бунтовници. Истанбул, 22 октомври (МИА) - Околу 3.000 демонстранти се собраа денеска во Истанбул за да ...

Ердоган: На Анкара не и треба нечија дозвола за напад врз курдските сепаратисти во северен Ирак

Канал5 - 22.10.2007

Анкара ќе се подготвува за воена операција против курдските бунтовници во северен Ирак и покрај повиците на САД и НАТО да не презема такви акции, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во интервју за британскиот весник „Тајмс“.