TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Карерас барал строго италијанска кујна

Вест - 24.06.2005

Избирливата оперска sвезда Хозе Карерас за својот тридневен престој во Охрид за отворањето на годинашното Охридско лето инсистирал менито да му биде составено главно од италијанска кујна. Но, како што ни велат од организаторот "Охридско лето", сепак ќе му бидат понудени и наши врвни специјалитети: ...

Карерас ќе се чуе и на генералната проба

Време - 24.06.2005

ВО ПРЕСРЕТ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ Организаторите на „Охридско лето“ се уште не се договориле како ќе се одвива генералната проба на Античкиот театар, закажана ден пред големото отворање на фестивалот со многу најавуваниот настап на светски познатиот тенор Хозе Карерас.

Хименез: растев со уметноста на мојот вујко

Утрински - 24.06.2005

Внукот на Карерас ќе го диригира концертот на славниот шпански тенор Освен класична музика, Давид Хименез е љубител на џезот и на Бразилската музика, особено на босановата Диригент на концертот на славниот шпански тенор Хозе Карерас, со кој на 12 јули во Античкиот театар ќе се отвори фестивалот ...

Мал чекор за Карерас, голем за Филхармонијата

Време - 24.06.2005

Ангелина Димоска Да не беше Хозе Карерас, македонските филхармоничари немаше на добијат хонорар за концертот на отворањето на фестивалот „Охридско лето“. Звучи парадоксално, ама дејствува - оркестарот на Македонската филхармонија упати ултимативно барање, кое организаторите не можеа да го одбијат, ...

Најмалку по 100 евра за филхармоничарите

Дневник - 23.06.2005

ЗА КОНЦЕРТОТ СО КАРЕРАС Уметниците на Македонска филхармонија за концертот со Карерас ќе добијат хонорар колку што бараат. Тоа значи дека ќе им бидат исплатени најмалку по 100 евра за секој уметник за настапот на отворањето на Охридско лето.

"Секој треба да си го знае местото"

Вест - 23.06.2005

БЛАГОЈ СТЕФАНОВСКИ НЕ СЕ МЕША ВО ЦЕЛАВА РАБОТА И ВЕЛИ Министерот за култура Благој Стефановски,за бунењето на филхармоничарите, вчера за "Вест" изјави дека тој својата работа си ја завршил, а натаму потегот е на директорот на Охридско лето Зоран Стрезовски кој треба да има менаџерски способности.

Филхармоничарите, сепак, ќе добијат хонорар за концертот на Карерас

Вест - 23.06.2005

ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ОХРИДСКО ЛЕТО Музичарите мислат дека заслужуваат барем по 200 евра хонорар бидејќи се симфоничари, а не оперски оркестар па да свират арии Музичарите на Македонската филхармонија и нивниот синдикат, откако објавија дека нема да свират на концертот на Карерас на отворањето на ...

Филхармоничарите почнаа со пробите

Утрински - 23.06.2005

Хозе Карерас во Охрид ќе пристигне на 10 јули На концертот Ќе гостува Тина Горина, која постојано го придружува славниот тенор Тина Иванова Македонската филхармонија неодамна почна со подготовките околу долгонајавуваниот концерт на шпанскиот тенор Хозе Карерас со кој на 12 јули ќе се отвори ...

Да не беше Карерас не ќе добиевме ништо

Време - 23.06.2005

ГОЛЕМ НАПОР, МИНИМАЛЕН ХОНОРАР Ангелина Димоска Филхармоничарите го прифатија понудениот износ од 100 евра за хонорирање на концертот со Карерас во Охрид, кој директорот Валери Стефановски вчера го договори на разговорот со претседателот Црвенковски и со директорот на фестивалот „Охридско лето“, ...

Ќе свириме, но ум за другпат!

Вечер Прес - 23.06.2005

Тензиите во Македонската филхармонија попуштија. "Нема да го откажеме нашиот настап со мегаѕвездата Хозе Карерас на отворањето на "Охридско лето", но организаторот и покровителот нека знаат дека, во иднина, нашите настапи со големи имиња, треба соодветно да ги наградуваат", вели претседателот на ...

Филхармониска свирка за 13 евра

Дневник - 22.06.2005

Тоше Огњанов Хозе Карерас, еден од најпознатите оперски пејачи во светот, ќе го отвори годинашниот фестивал Охридско лето, а за својот двочасовен труд ќе заработи 90.000 евра. Веројатно тоа е некоја од поевтините тезги што тој ги наплаќа за свој настап.

Карерас им извојува пари на филхармоничарите

Време - 22.06.2005

ХОНОРАР ЌЕ ИМА, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ Филхармоничарите ќе добијат хонорар за концертот со светски познатиот тенор Хозе Карерас, ама се уште не се знае висината на износот. Ова вчера го изјави директорот Валери Стефановски, кој истакна дека по остварените контакти со претседателот Црвенковски и со ...

Парична награда за стимул на музичарите

Утрински - 22.06.2005

Македонската филхармонија сепак ќе настапи на 'Охридско лето" Македонските филхармоничари, сепак, ќе настапат на отворањето на фестивалот "Охридско летоои заедно со шпанската тенорска ѕвезда Хозе Карерас. Ова го тврди директорот на Македонската филхармонија, Валери Стефановски.

Филхармоничарите добија мачка во вреќа

Дневник - 22.06.2005

неизвесни хонорарите Музичарите од Македонската филхармонија ќе добијат парични награди за да настапат со оперскиот пејач Хозе Карерас, но не знаат колкава ќе биде таа сума. Ова е епилогот од вчерашната средба на директорот на Филхармонијата, Валери Стефановски и Горјан Тозија, советник на ...

Билетите за Карерас пламнаа за еден ден

Утрински - 21.06.2005

Огромно интересирање за славниот шпански тенор Од вчера, по 12 часот, во Дирекцијата на фестивалот "Охридско летоои во Охрид и во Дирекцијата за култура и уметност во Скопје, беа пуштени во продажба билетите за концертот на Хозе Карерас со кој на 12 јули ќе се отвори претстојното издание на ...

Колку пари, толку музика за Карерас

Дневник - 21.06.2005

ФИЛХАРМОНИЧАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Ако не бидат исплатени повисоки дневници, музичарите од Македонската филхармонија веројатно нема да настапат со познатиот оперски пејач Хозе Карерас на отворањето на фестивалот Охридско лето. Според Димче Радински, претседател на Синдикатот на филхармоничарите, ако ...

Време за договор на хонорарот

Време - 21.06.2005

СОСТАНОК НА СИНДИКАТОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА Синдикатот на Македонската филхармонија на денешниот состанок ќе ја утврди висината на хонорарите што треба да им бидат исплатени за претстојниот концерт со Хозе Карерас на отворањето на „Охридско лето“.

Карерас во живо на МРТВ

Вечер Прес - 21.06.2005

Настапот на оперската ѕвезда Хозе Карерас ќе се пренесува во живо на првата програма на МРТВ. Уметничкиот директор на Охридско лето, Зоран Стрезовски, вели дека со националната ТВ-куќа веќе се договориле, но деновиве треба да се склучи анекс-договорот.