TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Oсама бин Ладен и Јанез Дрновшек најбарани на интернет

А1 - 16.12.2001

Осама бин Ладен и Јанез Дрновшек се двете личности кои Словенците во текот на годината која изминува најмногу ги барале на интернет, покажаа податоците објавени од словенечкиот провајдер „Најди си“. Словенечките сурфери името на шефот на Ал Каида го испишале 3.683 пати, а на претседателот на ...

Aмериканците и антиталибанците напредуваат кон Тора Бора

А1 - 15.12.2001

Припадниците на елитните американски единици и антиталибанските сили добро напредуваат во борбите во планинското подрачје Тора Бора на истокот на Авганистан, изјави американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд. Рамсфелд додаде дека веќе се предале 50 припадници на терористичката мрежа Ал ...

САД објавија видеолента со бин Ладен како доказ за неговата вина за нападите на 11 септември

Вест - 15.12.2001

Бин Ладен на лентата што ја објави САД Вашингтон, 15 декември (МИА) - Американската влада во четрвтокот вечерта ја објавија видеолентата со Осама бин Ладен, добиена од американските сили во Џалалабад кон крајот на ноември. Лентата била снимена од непознати лица.

Бин Ладен не очекувал кулите да се урнат до темел

Дневник - 15.12.2001

ОБЈАВЕН КРУНСКИОТ ДОКАЗ ПРОТИВ САУДИЕЦОТ Снимката била направена во средината на ноември во база во Авганистан, каде што Бин Ладен дошол да посети некој стар шеик и притоа раскажува за подготовките на нападите Американските власти завчера ја објавија снимката која го поврзува саудискиот терорист ...

"Кога нашите истрчаа на теренот, тие беа пилоти"

Дневник - 15.12.2001

Преводот на говорите од арапски на англиски го објави Пентагон, кој на места ги коментираше изразите и гестикулациите на говорниците. Касетата е снимена во средината на ноември, веројатно во Кандахар, со аматерска камера и со дозвола од Бин Ладен.

Аудио доказ за вмешаноста на Ладен во нападите во САД

А1 - 14.12.2001

Осама бин Ладен го напушти планинското подрачје Тора Бора во источен Авганистан и се засолни на непознато место, јави денеска авганистанската агенција АИП, додавајќи дека тој го напуштил комплексот пештери на 25-ти или 26-ти ноември.

Борците на Ал Каеда избраа да загинат во борба

Дневник - 14.12.2001

ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Речиси е сигурно дека меѓу терористите на Тора Бора го нема лидерот Осама бин Ладен, за чија глава е распишана награда од 25 милиони долари Американски авиони вчера продолжија да ги бомбардираат арапските борци, кои одбија да им се предадат на авганистанските племенски сили што ...

Ал Каеда го отфли вториот ултиматум - нападите продолжуваат

А1 - 13.12.2001

Борците на организацијата Ал Каида, кои се вкопани во планинското утврдување Тора Бора, го отфрлија и вториот ултиматум за капитулација, поради што американските борбени авиони продолжија со жестоките напади. Агенциите јавуваат за силни експлозии.

Пакистански нуклеарни експерти разговарале со бин Ладен

Вест - 13.12.2001

Вашингтон, 13 декември - Двајца пакистански нуклеарни експерти, приведени од властите во Исламабад, признаа дека разговарале со Осама бин Ладен за нуклеарно, хемиско и биолошко оружје, објави вчера "Вашингтон Пост". Според весникот, средбата се одржала во август годинава во авганистанската ...

Талибанските борци пред дефинитивен пораз

А1 - 12.12.2001

По повеќедневното непрестано бомбардирање на планинскиот комплекс Тора Бора, тамошните борци на Талибанците се наоѓаат пред дефинитивен пораз. Американскиот генералштаб се уште не сака да ги потврди информациите дека опколените Талибанци се пред капитулација.

Борците на Ал Каида во Тора Бора мора да се предадат денеска

Вест - 12.12.2001

Џалалабад, 12 декември - Антиталибанските сили во источен Авганистан, обединети во Источната алијанса вчера им поставија ултиматум на борците на Ал Каида, кои се кријата на планината Тора Бора. Според ултиматумот припадниците на Ал Каида треба да се предадат до утре во 8 часот наутро, во спротивно ...

Дружината на Осама бин Ладен се брани од орловско гнездо

Дневник - 12.12.2001

ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН во Кандахар група талибански борци се забарикадирале во болница и не се предаваат Арапските борци лојални на Осама бин Ладен вчера биле притиснати на еден планински врв јужно од Тора Бора и повеќе нема каде да бегаат.

Уапсени двајца високи талибански функционери

А1 - 11.12.2001

„Највисок талибански воен офицер и висок претставник на талибанските разузнавачки служби наводно се уапсени во Авганистан“, изјави претставник на Пентагон, не наведувајќи ги имињата на уапсените. Врховниот талибански лидер, мулата Мухамед Омар е во бегство од паѓањето на Кандахар во петокот.

Терористите на Осама пружаат отпор од планинските врвови

Дневник - 11.12.2001

ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Борците лојални на терористичкиот лидер Осама бин Ладен се уште пружаат отпор на планинските врвови во источен Авганистан, иако се соочени со постојан "дожд" од американски авионски бомби и куршуми и ракети од опозициските сили, јави Ројтерс.

Интензивирана потрагата по Бин Ладен

А1 - 10.12.2001

Американските тенкови со хеликоптерска поддршка се движат кон Кандахар, јавува исламската агенција АИП, повикувајќи се на очевидци. Според некои агенции американски командоси се веќе во последното талибанско упориште. Според најавите, нивната мисија е пронаоѓање на верскиот лидер, мулата Мохамед ...

Осама застанал на чело на 1.000 борци и си ја брани пештерата

Дневник - 10.12.2001

КОМАНДАНТ НА СЕВЕРНАТА АЛИЈАНСА ТВРДИ Американските сили во Авганистан интензивно трагаат по саудискиот терорист Осама бин Ладен и по талибанскиот водач мула Мохамед Омар, но се соочени со крајно противречни информации, јави Ројтерс. - Бин Ладен го бараме и во Авганистан, и надвор од Авганистан.