TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тутунска банка сака да ги купи трезорите на НБМ низ Македонија

Време - 15.03.2007

ПО ЗАТВОРАЊЕТО НА ТРЕЗОРИТЕ ВО БИТОЛА И ВО КОЧАНИ Со затворањето на трезорите во Битола и Кочани после кражбата на 600 илјади евра од кумановскиот трезор на НБМ, покрај централниот трезор во Скопје останаа трезори уште во шест градови во Македонија.

НБМ во лош филм

Дневник - 15.03.2007

Кражбата на 600.000 евра од кумановскиот трезор на Народната банка на Македонија може да биде инспирација за добро филмско сценарио . Но, филмот, кој требаше да заврши со санкции за замешаните и со строги контроли, за жал, доби сосема неочекуван тек.

Под клуч три трезори на Народната банка

Дневник - 14.03.2007

Одлуката за затворање на трезорот во Битола е избрзана, паушална и неиздржана бидејќи не се регистрирани финансиски злоупотреби, тврди раководителката Љубица Талевска Гувернерот Петар Гошев почна да ги затвора трезорите на Народната банка на Македонија во другите градови.

Парите од трезорот во Битола пренесени во Скопје

Утрински - 14.03.2007

Ни ги одзедоа клучевите без да направиме примопредавање, реагираат вработените БИТОЛА - По наредбата на гувернерот на Народна банка, Петар Гошев, трезорот во Битола да биде привремено затворен поради слабости во функционирањето и недоволна безбедност, парите и другите вредносни хартии вчера со ...

Парите на број, вработените дома

Вест - 14.03.2007

И КОЧАНСКИОТ ТРЕЗОР НА НБМ ЗАТВОРЕН По Куманово и Битола, и трезорот на НБ на РМ во Кочани вчера е затворен. Гувернерот Петар Гоше и овде дал наредба за времено прекинување на работата. Сепак, не станува збор дека вработените сториле некаков криминал.

Вработените во трезорите на НБМ во Битола и во Кочани бараат Гошев јавно да објасни зошто ги затвори

Канал5 - 14.03.2007

Вработените во испразнетите трезори на народната банка во Битола и во Кочани бараат од гувернерот Петар Гошев јавно да објасни зошто ги затворил. Вработените во испразнетите трезори на народната банка во Битола и во Кочани бараат од гувернерот Петар Гошев јавно да објасни зошто ги затворил.

Се затвори и трезорот во Кочани

Време - 14.03.2007

ПО НАРЕДБА НА ГУВЕРНЕРОТ НА НАРОДНА БАНКА По кражбата на 600 илјади евра извршена во трезорот на Народна банка во Куманово, гувернерот Петар Гошев, по трезорот во Битола, вчераутро наредил да се затвори и трезорот на НБМ во Кочани.

Вработените дома - парите во Скопје

Време - 14.03.2007

КАТАНЕЦ НА ТРЕЗОРОТ НА НАРОДНАТА БАНКА ВО БИТОЛА Вчера под силно обезбедување со полицајци со калашникови, од трезорот на Народната банка во Битола, со блиндирано возило беа однесени сите пари, вредносни хартии и документи во централата на НБМ. Шесте службеници си заминаа дома.

Затворен трезорот на НБРМ во Кочани

Вечер Прес - 14.03.2007

Вчера со силно полициско обезбедување во Кочани беше испразнет Трезорот на НБРМ и со специјално возило беа транспортирани за Скопје сите средства за материјално работење и парите што во тој момент се наоѓаа во истиот. По Куманово и Битола, Кочани е третиот град во Македонија каде со одлука на ...

Трезорот на Народната банка во Битола е под катанец

А1 - 13.03.2007

Трезорот на Народната банка во Битола е под катанец. Денеска со силно обезбедување беа одземени сите пари, вредносни хартии и документи и однесени се во централата на банката. Службениците си заминаа дома, а од вчера немаат пристап до просториите на трезорот.

Затворен трезорот на НБМ во Битола

Дневник - 13.03.2007

Гувернерот Петар Гошев вчера го затвори трезорот на Народната банка на Македонија во Битола поради слабости во функционирањето и недоволна безбедност. Ова го утврдиле внатрешните контроли на централната банка. Според соопштението од НБМ, трезорот нема да работи привремено, а вработените ќе добијат ...

Испразнети трезорите во Битола и во Кочани

Канал5 - 13.03.2007

Народната банка денес ги испразни битолскиот и кочанскиот трезор. Луѓе од централата придружувани од полицијата со блиндирани возила ги извадија парите и целата документација. Ги донеле во Скопје. Народната банка денес ги испразни битолскиот и кочанскиот трезор.

Никој не знае каде се парите од трезорот

Време - 13.03.2007

ПО КРАЖБАТА НА НБМ ВО КУМАНОВО Се уште не се знае каде се украдените 600 илјади евра од трезорот на НБМ во Куманово. Од НБМ велат дека ќе остават истрагата да покаже како е извршена постапката со исчезнатите пари, како што велат уште од 2001 година.

По кумановскиот, затворен и трезорот во Битола

А1 - 12.03.2007

По кумановскиот, затворен и трезорот на Народната банка во Битола. Гувернерот Петар Гошев ја донел одлуката, поради слабите внатрешни контроли и недоволната безбедност на објектите. Дирекцијата за трезорско работење веќе ги презеле парите и имотот во трезорот.

Кумановските банкари префрлени во затворот во Шутка

Дневник - 12.03.2007

Седумтемина банкари од трезорот на Народна банка во Куманово, осомничени за проневера на околу 600.000 евра, завчера биле префрлени во Истражниот затвор во Шуто Оризари. Кривични пријави добиле Томислав Т. (55) и Ставре С. (57) , а за помагање се пријавени Воислав К. (54), Лилјана Ц.

Додека колешката била во клозет, си зел еден милион денари

Вест - 12.03.2007

ПРИТВОРЕНИ СЕДУММИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРАЖБА ВО КУМАНОВСКИОТ ТРЕЗОР НА НАРОДНАТА БАНКА Признал во полицијата Томислав Т., еден од осомничените, кој кажал дека си зел еден милион денари и ги напикал во џебовите Седуммина вработени во кумановскиот трезор на Народната банка се обвинети дека организирано ...

Банкарскиот трезор во Куманово бил поткрадуван 10 години

Утрински - 12.03.2007

Притворените ги заменувале банкнотите од 1.000 денари со десетденарки КУМАНОВО - Седумтемина трезорски службеници на филијалата на Народна банка во Куманово се обвинети за кривично дело проневера и од завчера се наоѓаат во притвор во истражниот затвор во Скопје.

Признал оти крадел за да ја лекува сопругата

Време - 12.03.2007

ПО ПРОНЕВЕРАТА ВО КУМАНОВСКИОТ ТРЕЗОР Еден од седумтемина осомничени за кражба на 38 милиони денари од кумановскиот трезор признал дека зел еден милион денари, со оправдување дека парите му биле потребни за лекување на тешкоболната сопруга, дознаваме од извори блиски на истрагата.

Земени биле милион евра?

Вечер Прес - 12.03.2007

Одделот за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и истражен судија од Скопска единица до вчераутро ги распрашувале седумтемина осомничени кои до 7 март присвоиле 38 милиони денари Против седумтемина осомничени за кражба на 600.000 евра од трезорот на Народна банка во Куманово, ...