TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Земјотрес во Калифорнија, нема информации за жртви и штети

Макфакс - 08.06.2005

Лос Анџелес Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во американската сојузна држава Калифорнија, јавуваат американските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил на околу 120 километри источно од Лос Анѓелес, во областа Сан Бернандино.

Силен земјотрес на островот Суматра

Макфакс - 08.06.2005

Џакарта Силен земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа на индонезискиот остров Суматра. Земјотресот предизвика паника кај локалното население, а жителите на градот Синабанг масовно ги напуштија домовите и канцелариите.

Земјотрес во Источна Турција повреди 37 цивили

Вест - 07.06.2005

ТУНЧЕЛИ, 7 јуни (Ројтерс) - Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Труција во 10.41 часот по локално време при што 37 луѓе беа полесно повредени и предизвикаа незначителни материјални штети.

Најмалку 37 повреденипри земјотрес во Турција

Дневник - 07.06.2005

ЗАВЧЕРА ВО ПРОВИНЦИЈАТА БИНЃУЛ Триесет и седуммина се лесно повредени, а неколку куќи и станбени објекти се оштетени во Турција вчера, кога источната провинција Бинѓул ја погоди земјотрес со интензитет од 5,7 Рихтерови степени, јави МИА.

Земјотрес во Калифорнија

Макфакс - 07.06.2005

Стразбур Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на Калифорнија, соопшти Опсерваторијата за наука на Земјата во Стразбур. Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри западно од градот Еурека, на северот на Калифорнија.

Најмалку девет лица повредени во земјотрес во Турција

Макфакс - 06.06.2005

Анкара Најмалку девет лица се повредени и повеќе куќи се урнати во земјотрес што претпладнето ја потресе источната турска провинција Бингол, јавија агенциите. Земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил со епицентар во местото, Карлиова на 900 километри југоисточно од Анкара.

Над 30 повредени во земјотрес во Турција

Макфакс - 06.06.2005

Анкара Расте бројот на повредените во силниот земјотрес што денеска ја погоди источната турска провинција Бинѓул, јавија локалните медиуми. Според последните податоци, најмалку 37 лица се полесно повредени во утринското поместување на тлото.