TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Предлог-законот за јавните набавки наиде на критики

Дневник - 09.10.2007

Предложениот закон за јавни набавки остава можност за злоупотреби и манипулации зашто е предвидено непосредните договори да важат за набавки до 5.000 евра, наместо до 3.000, како што е сега, оцени вчера опозициската партија СДСМ на расправата во Собранието.

Собранието за предлог-законот за јавни набавки

Макфакс - 09.10.2007

Скопје Собранието денеска ја продолжува 56.седница на која ќе расправа за предлог-законот за јавни набавки. Пратениците, според дневниот ред, ќе расправаат за изменување и дополнување на законите за јавни патишта, за вонпарнична постапка, за изменување на Кривичниот законик, како и за предлогот на ...

Нема тендер за набавки до 5.000 евра

Вечер Прес - 09.10.2007

Со предлогот за донесување нов закон за јавни набавки се остава можност за злоупотреба и манипулации зашто е предвидено непосредните договори да важат за набавки до пет илјади евра наместо до три илјади евра, како што беше досега, обвини вчера СДСМ.

Собранието за законот за јавни набавки

Макфакс - 08.10.2007

Скопје Собраниската 56.седница денеска ќе го одржи десетото продолжение. Според дневниот ред, македонските пратеници ќе дебатираат по предлозите за донесување закони за јавни набавки, за контрола на опојни дроги и за вонпарнична постапка.

Амандманска расправа за законот за јавни набавки

Макфакс - 08.10.2007

Скопје Собранието на Македонија денеска ја продолжи расправата за Предлог законот за јавни набавки, за кој се поднесени околу 40 амандмани. Главните забелешки што опозицијата ги изнесе на продолжението на 56 пленарна седница се дека Владата со овој закон директно ќе учествува во непосредни спогодби.