TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рибкин предизборната кампања ќе ја води од западна Европа

А1 - 13.02.2004

Кандидатот за претседател на Русија Иван Рибкин, кој мистериозно исчезна пред една недела за потоа ненадејно да се појави во вторникот, ја напушти Москва и замина за Лондон. По доаѓањето во британскиот главен град тој соопшти дека бил киднапиран и држен во Киев против своја волја.

Рибкин се врати во Москва, не бил исчезнат бил во Киев

А1 - 11.02.2004

Кандидатот за руски претседател Иван Рибкин, за кого од 5.февруари не се знаеше каде се наоѓа, во првичната изјава по пристигнувањето од Киев во Москва, „му заблагодари на Господ“ и на „некои добри луѓе во Киев“ за тоа дека е во својата земја.

Рибкин се врати дома

Дневник - 11.02.2004

КРАЈ НА МИСТЕРИЈАТА Рускиот претседателски кандидат Иван Рибкин, кој "мистериозно исчезна" пред една недела, вчера се врати дома од приватна посета на Киев, јави Ројтерс. - Го најдовме Рибкин жив и здрав. Тој е во Киев и веднаш ќе дојде - изјави вчера неговиот советник.

„Исчезнатиот“ Иван Рибкин се појави

Канал5 - 11.02.2004

Иван Рибкин, кандидатот за претседател на Русија кој пет дена беше исчезнат, е пронајден жив и здрав во Киев, главниот град на Украина. Наголемо се шпекулираше дека Рибкин, инаку остар критичар на претседателот Путин, бил грабнат или дури и убиен.

Рибкин, противкандидатот на Путин, најден жив во Киев

Вест - 11.02.2004

МОСКВА, 11 февруари, (Ројтерс) - Рускиот политичар Иван Рибкин, кој беше исчезнат 5 дена, е на сигурно место во украинскиот главен град Киев, изјави вчера негов помошник. "Пронајден е. Во Киев е и вечерва ќе се врати во Москва", изјави таа.

Березовски: „Рибкин беше под надзор на службите за безбедност“

А1 - 10.02.2004

Кандидатот за претстојните руски претседателски избори Иван Рибкин беше под надзор на службите за безбедност пред да исчезне во минатиот четврток, изјави денеска рускиот бизнисмен Борис Березовски, сојузник на Рибкин и противник на рускиот претседател Владимир Путин, кој се наоѓа во егзил во Велика ...

Киднапиран, убиен или изборен трик

Утрински - 10.02.2004

Бизарна мистерија во Москва МОСКВА - Бизарната мистерија околу исчезнатиот руски претседателски кандидат Иван Рибкин вчера се продлабочи кога започна истрага за убиство, а потоа брзо беше повлечена. Исчезнувањето на Рибкин (57), жесток критичар на претседателот Владимир Путин, ноќта на 5 февруари, ...

Прекината истрагата за исчезнатиот протривкандидат на Путин

Вест - 10.02.2004

МОСКВА, 10 февруари, (Ројтерс) - Чудната мистерија што го обвива исчезнувањето на рускиот претседателски кандидат Иван Рибкин вчера уште повеќе се продлабочи со отворањето и ненадејното откажување на истрагата за убиство. Исчезнувањето на 57-годишниот Рибкин, кој беше жесток критичар на ...

Кај се крие Иван Рибкин?

Дневник - 10.02.2004

РУСИЈА Бизарното исчезнување на рускиот претседателски кандидат Иван Рибкин вчера се продлабочи откако јавниот обвинител објави истрага за убиство, па по неполн час ја прекина, јави Ројтерс. Рибкин (57), поранешен спикер на Думата, е жесток критичар на претседателот Владимир Путин и близок сојузник ...

Откажана постапката за истрагата за убиството на Рибкин

А1 - 09.02.2004

Руското обвинителство денеска ја откажа истрагата за убиство на претседателскиот кандидат Иван Рибкин, помалку од еден час откако објави дека ја започнува, јавуваат руските гласила. Портпарол на канцеларијата на јавниот обвинител во Москва потврдил дека истрагата е „откажана“.

РУСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ОТКАЖА ИСТРАГАТА ЗА УБИСТВО НА ИВАН РИБКИН

Канал5 - 09.02.2004

Руското обвинителство денеска ја откажа истрагата за убиство на претседателскиот кандидат Иван Рибкин, за помалку од еден час откако ја покрена. Портпаролката на канцеларијата на јавниот обвинител во Москва потврди дека истрагата е “откажана”.

Противкандитатот на Путин за претседател - исчезна

Вест - 09.02.2004

МОСКВА, 9 февруари, (Ројтерс) - Руската полиција вчера почна потрага по противкандидатот на претседателот Владимир Путин на претстојните избори, откако неговата сопруга пријави дека тој исчезнал во четвртокот. Преставници на изборната комисија завчера објавија дека кандидатурата на Иван Рибкин, ...