TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Диего Марадона

Утрински - 22.11.2008

Националниот дрес го носеше на 91 средба, постигнувајќи 34 гола. Најголемата фудбалска ѕвезда на сите времиња, покрај Пеле, не можеше ни да замисли подобар почеток во една за него непозната област досега, каква што е селекторската функција.

Марадона дебитираше со победа на клупата на Аргентина

Алсат-М - 20.11.2008

Диего Армандо Марадона, дебитираше со победа во клупата на Аргентинската национална репрезентација. Во првиот натпревар како тренер на “Гаучосите“, фудбалерите предводени од Марадона освоија минимална победа против Шкотска со резултат од 1:0. Единствениот гол го постигна Макси Родригез, во осмата минута, по добрата асистенција на Карлос Тевез.

Марадона ја имаше својата деби победа на чело на Аргентина

Кирилица - 20.11.2008

„Со ова почна новата ера во аргентинскиот фудбал. Натпреварот беше од големо значење, особено за Марадона, но и за сите нас.Во текот на натпреварот секојпат кога ќе погледнев кон клупата за резервни играчи и таму ќе го здогледав Марадона имав чувство дека можам да полетам. Сите се чувствувавме слично и ова беше преубав натпревар за нас“ рече Хавиер Маскерано.

Марадона: Доста плачевте за 1986 година

Алсат-М - 19.11.2008

Диего Марадона само што пристигна во Велика Британија успеа да ги провоцира Англичаните. Пред натпреварот Шкотска – Аргентина кој ќе се одигра вечерва, медиумите во фокус повторно го ставија „ постигнатиот гол со рака во 1986 година„ Марадона ладнокрвно им препорача да не плачат за ова бидејќи никогаш не заслужеле да бидат светски шампиони.

Голот „Божја рака“ повторно употребен против Марадона

Кирилица - 19.11.2008

Тери Бучер кој инаку беше стандарден репрезентативец на Англија во осумдесетите, му префрли на Марадона дека не може да го заборави и да му прости за голот кои тој го постигна со рака во натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година кога Аргентина ја совлада Англија со 2:1 и подоцна ја освои титулата Светски Првак.

Марадона го изврши првиот тренинг како селектор на Гаучосите

Кирилица - 18.11.2008

„Аргентинската нација не игра пријателски натпревари, во тек се припремите за Светското првенство и натпреварот против Шкотска ќе го гледаме на тој начин. Моите играчи ќе мораат да се борат низ целиот натпревар и се надевам дека ќе се покажеме во подобро светло отколку во последниот натпреварот против репрезентацијата на Чиле“ изјави ...