TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕВН до петок треба да ги уплати парите за ЕСМ

А1 - 19.03.2006

Австриската компанија ЕВН најдоцна до петок треба да ги уплати парите за купување на ЕСМ Дистрибуција. Откако 225-те милиони евра ќе легнат на сметка на државата, Австријците ќе ги добијат акциите. Европската банка за обнова и развој се уште не одлучила дали таа ќе земе акции во ЕСМ.

ЕВН се подготвува да ја преземе контролата врз ЕСМ

А1 - 18.03.2006

Два дена по продажбата на ЕСМ, австријците забрзано се подготвуваат за преземање на контролата врз компанијата. Со ревизија на договорот за ЕСМ, се заканува опозицијата. Власта не престанува да ја глорифицира приватизацијата.

Парите ќе ги троши новата влада

Време - 18.03.2006

ЕСМ-ДИСТРИБУЦИЈА ПРОДАДЕНА НА АВСТРИЈЦИТЕ ЗА 225 МИЛИОНИ ЕВРА Мирче Котевски Австриската компанија ЕВН АГ и официјално стана нов сопственик на ЕСМ откако со понуда од 225 милиони евра и инвестиции од 96 милиони евра победи на тендерот за продажба на ЕСМ-Дистрибуција.

СМРТНО ЗАПИРКА НАВРЕДЕНА

Вест - 18.03.2006

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска ЕСМ СЕ ПРОДАДЕ. ПАРИТЕ ОДАТ ЗА ФЕНИРАЊЕ. НЕМА СМИСЛА ОВЦИТЕ ДА СЕ ШЕТААТ НЕСРЕДЕНИ - ПОСЛЕ СТРИЖЕЊЕ Супер што се продаде ЕСМ, парите ќе одат во резервите, како што се прави во секоја богата држава.

Бучковски: Маневски станува експозитура на ВМРО - ДПМНЕ

Вест - 18.03.2006

Парите од продажбата на ЕСМ Дистрибуција ќе ги троши новиот парламентарен состав, повтори премиерот Владо Бучковски, по носењето на одлуката ЕВН да биде новиот газда на ЕСМ Дистрибуција. За обвинувањето на ВМРО - ДПМНЕ дека не е послушан гласот на народот и дека сумата за која е продадена ...

ВМРО-ДПМНЕ: Високата цена за ЕСМ е тројански коњ за народот

Вест - 18.03.2006

ВМРО - ДПМНЕ смета дека Владата шири неоснована еуфорија оти постигнала висока цена при продажбата на ЕСМ, со оглед на тоа што експертите ја процениле нејзината вредност на повеќе од 900 милиони евра, а таа ја продала за четирипати помала вредност.

ЕвН и Владата го потпишаа договорот за ЕСМ дистрибуција

Вест - 18.03.2006

ЕКСПРЕСНО КОПЛЕТИРАНА КУПОПРОДАЖБА На прашањето за колку години планираат да си ги повратат 225-те милиони евра Леер одговори дека ќе го искористат 100-годишното искуство во дејноста Министерот Фатмир Бесими и претставниците на австриски ЕвН Петер Леер, член на бордот на директори на компанијата и ...

Министрите се обложувале

Вест - 18.03.2006

Премиерот Бучковски беше препотен кога ја даваше изјавата за продажбата на ЕСМ Дистрибуција. "Добро е што задоцнија фоторепортерите па испотен излегов само на телевизија, но не и во весници", ни рече тој кога го прашавме зошто беше толку возбуден.

Бучковски го обвини Маневски за пристрасност

Утрински - 18.03.2006

Премиерот против претседателот на Антикорупциската комисија Владо Бучковски сака да нў замолчи, изјави вчера Михајло Маневски, откако премиерот го посочи како страшливец и го обвини дека "наместо како претседател на Антикорупциска комисија, се однесува како експозитура на ВМРО-ДПМНЕ".

Со влегувањето на ЕВН, Македонија чекор напред до ЕУ-интеграциите

Утрински - 18.03.2006

Изјави Според министерот Бесими, влегувањето на компанијата ЕВН на македонскиот пазар отвора можности за влез и на други инвестиции во земјата."Од името на сите граѓани му посакувам на ЕВН големо добредојде и успешна соработка на сите нивоа.

„Дистрибуција“ продадена за 225 милиони евра

Утрински - 18.03.2006

Победник на тендерската трка за дел од ЕСМ е австриската фирма ЕВН аг Бучковски: Ние сме задоволни, ова е највисоката постигната цена за електростопанство во регионот и потврда дека се создава исклучително поволна бизнис-клима во Македонија МАЈА ТОМИЌ Австриската енергетска компанија ЕВН АГ е ...

Опозицијата тврди дека продажбата ќе ја уништи економијата

Утрински - 18.03.2006

Ставови на политичките партии откако австриската ЕВН ја купи "Дистрибуција" "Глас за светлина" и покрај дождливото време и вчера ги блокираше главните скопски сообраќајници МАЈА ТОМИЌ По завчерашната одлука на Владата за продажба на ЕСМ "Дистрибуција" на австриската ЕВН АГ, следуваа многу реакции ...

Австриската ЕВН го купи монополот на Дистрибуција

Дневник - 18.03.2006

Австријците за 90 отсто од капиталот на ЕСМ понудија 225 милиони евра и ветија дека ќе инвестираат 96 милиони евра во наредните три години Австриската компанија ЕВН е новиот сопственик на ЕСМ дистрибуцијаа. Купопродажниот договор вчера го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и членот на ...

Продолжува притисокот од "Глас за светлина"

Дневник - 18.03.2006

Здружението "Глас за светлина" им порача на граѓаните да размислат дали треба да ги платат сметките за електрична енергија. Здружението е против продажбата на ЕСМ и смета дека со неа Владата докажала оти не работи во интерес на граѓаните туку се води само од политички интереси.

Oд понеделник ќе го започне примопредавањето на ЕСМ Дистрибуција

Канал5 - 18.03.2006

Новиот австриски газда ќе седне во фотелјата на македонската дистрибуција по 10 април. Од понеделник стартува примопредавањето на средствата и обврските. Целата процедура се очекува да заврши најдоцна за три недели. Новиот австриски газда ќе седне во фотелјата на македонската дистрибуција по 10 ...

ДУИ: Приватизацијата на ЕСМ најтранспарентен процес досега

Канал5 - 18.03.2006

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека со приватизацијата на ЕСМ дистрибуција успешно завршил циклусот на реформите на електро-енергетскиот сектор во Македонија со што земјата станала дел од интегрираниот европски пазар.

Груевски кога ќе дојде на влст ќе спроведе истрага за приватизацијата на ЕСМ Дистрибуција

Канал5 - 18.03.2006

Јавноста се доведува во заблуда дека за „ЕСМ дистрибуција е добиена висока цена критикуваше денеска Груевски. Зашто биле продадени и хидроцентралите заедно со Дистрибуцијата. Ветува дека ќе го ревидирал договорот, се сомнева дека Владата не играла фер со сите странски фирми.

Австриската ЕВН го купи "ЕСМ - дистрибуција"

Вечер - 18.03.2006

Австриската фирма ЕВН за 225 милиони евра го купи "ЕСМ-дистрибуција". Компанијата понуди и инвестиции од 96 милиони евра во следните три години поради што Владата одлучи дека е најдобра финансиската понуда на Австријците. Во финалната трка, второрангирана е чешката компанија ЧЕЗ со понуда од 181,55 ...

ВЛАДАТА ГО ПРОДАДЕ ЕСМ ЗА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ПОЕВТИНО

Вечер - 18.03.2006

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2002 година изјави дека целото ЕСМ имало вредност од над 2 милијарди евра, но поради пост-воениот конфликт и лошата кондиција на производниот дел од ЕСМ, тогашната власт даде оценка дека компанијата нема да се продава под 1,2 милијарди евра.

Јавноста нема увид на договорот за ЕСМ

А1 - 17.03.2006

ЕСМ Дистрибуција се продаде со таен договор, без на јавноста да и биде даден на увид во него пред да биде потпишан. Тоа ја испровоцира Антикорупциската комисија. Се огради од продажбата и од евентуалните штетни последици по граѓаните.

Владата го потпиша договорот со ЕВН

А1 - 17.03.2006

ЕСМ оди во австриски раце. Министерот Бесими и претставници на австриската ЕВН ставија потпис на купопродажниот договор. Колку ќе поскапи цената на струјата, австриските газди не сакаа да кажат. „Ова не е добро прашање за почеток, да се прашува колку ќе чини струјата во иднина, бидејќи ние имаме ...

„Глас на светлина“ и денеска организираше блокади

А1 - 17.03.2006

Здружението на граѓани „Глас за светлина“ и денеска, за кога е закажано потпишувањето на купопродажниот договор за ЕСМ Дистрибуција, организираше блокади кои се упатени против приватизацијата на оваа компанија. Портпаролот на Здружението Марина Христовска изјави дека протестите биле најавени и оти ...

Главниот бизнис на ЕВН е во Австрија и Бугарија

А1 - 17.03.2006

Која е ЕВН? Оваа австриска компанија во моментов оперира во повеќе земји, но главниот бизнис и е во Австрија и во Бугарија. Фирмата има вкупно околу два милиони и 300 илјади електро претплатници, а од нив 770.000 се во Австрија, милион и пол во Бугарија.

Партиски реакции за продажбата на ЕСМ

А1 - 17.03.2006

Додека партиите од власта ја фалат продажбата на ЕСМ Дистрибуција како најдобра приватизација, опозицијата обвинува дека штетна и погубна за државата. „Навидум високата цена постигната при продажбата на А.Д. ЕСМ е типичен тројански коњ, кој Владата на СДСМ му го подарува на сопствениот народ, затоа ...

Или ЧЕЗ или нов тендер!

Време - 17.03.2006

„ВРЕМЕ“ ТИПУВА Понудите на италијанската компанија ЕНЕЛ, австриската ЕВН и на чешкото електростопанство ЧЕЗ, кандидати за купување на ЕСМ-Дистрибуција се вреднуваа вчера до 16 часот, а потоа Владата требаше да се изјасни дали ќе избере нов мнозински акционер во „Електростопанство“.

Понудите се отвораа како на глувонем филм

Време - 17.03.2006

МАТНА ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА НОВ ГАЗДА НА ЕСМ Мирче Котевски Понудата за ЕСМ од австриската „ЕВН АГ“ немаше восочен печат, кој ја гарантира тајноста на тендерот, а пакетот на италијанскиот ЕНЕЛ беше без адреса на Министерството за економија.

Новиот газда ќе добие куп хидроцентрали и неплаќачи на струја

Време - 17.03.2006

ШТО СЕ ПРОДАВА? Мирче Котевски Слабата наплата на сметките, секојдневните кражби на струја и лошата состојба на дистрибутивната мрежа, се дел од проблемите со кои треба да се соочи новиот сопственик на „ЕСМ-дистрибуција“. Со делењето од производството, дистрибуцијата ја доби најтешката задача - да ...

Пликовите јавни, понудите тајни

Вест - 17.03.2006

ВО ВЛАДАТА СЕ ОТВОРАА КУТИИТЕ НА ЕвН, ЕНЕЛ И ЦЕЗ ЗА ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА Вчера до пладне во Владата јавно се отвораа понудите на трите заинтересирани купувачи за ЕСМ Диструбиција. Отворањето на понудите за купување почна со проверка на комплетноста на доставените документи од чешкото ЦЕЗ, австриската ...

Компаниите ги запазиле тендерските правила

Утрински - 17.03.2006

Вчера заврши тендерот за продажба на ЕСМ †Дистрибуција" Владата синоќа на специјална седница требаше да го избере новиот газда на ЕСМ МАЈА ТОМИЌ Под строго утврдена тендерска процедура и под засилени мерки на надзор вчера во Скопје беа отворени тендерските документи на претендентите за ЕСМ ...

„Глас за светлина" и вчера го блокира Скопје

Утрински - 17.03.2006

Протести Здружението на граѓани "Глас за светлина" и вчера ги продолжи блокадите против приватизацијата на ЕСМ "Дистрибуција", кои беа поставени на четири раскрсници во центарот на Скопје и траеја од 12,30 до 15 часот. Портпаролот на Владата, Сашо Чолаковски, вчера изјави дека последните протести ...

Kутиите oтворeни, понудите затворени

Дневник - 17.03.2006

ПРОДАЖБАТА НА ЕСМ ПРИ КРАЈ Слободан Содиќ Понудите за купување на "ЕСМ дистрибуција" што ги доставија чешката компанија ЧЕЗ, австриската ЕВН и италијанската ЕНЕЛ вчера беа отворени во Владата. По повеќечасовно нивно разгледување и бодување, во доцните вечерни часови Владата требаше да ја избере ...

Пссст, тишина, тендер се распишува

Дневник - 17.03.2006

Сашо Кокаланов Дали транспарентна држава е таа во која јавноста има увид во фудбалските вештини на премиерот и на министерот за економија или таа во која е дозволен увид во купопродажниот договор со кој се отуѓува дел од најголемото јавно претпријатие? Не знам дали ова прашање си го поставија ...

Експертите оценуваат – 225-те милиони евра за ЕСМ дистрибуција над очекувањата

Канал5 - 17.03.2006

Благо над очекувањата. Ова се денешните коментари на експертите за 225 те милиони евра што австриската ЕВН ги понуди за ЕСМ дистрибуција. Тргнуваат од фактот што е постигната највисока цена во регионот. Благо над очекувањата.

Владатата и ЕВН го потпишаа купопродажниот договор за ЕСМ Дистрибуција

Канал5 - 17.03.2006

Австриската ЕВН и официјално е новиот сопственик на ЕСМ Дистрибуција. Го потпиша купопродажниот договор со Владата. Ја добија за цена од 225 милиони евра и инвестиции од 96 милиони евра речиси рамномерно вложувани во следните три години. Новите газди задоволни што победија на тендерот.

Опозицијата критикува, власта ја слави продажбата на Дистрибуција

Канал5 - 17.03.2006

Власта еуфорична. Опозицијата разочарана од продажбата на македонската дистрибуција. Владата му подари на сопствениот народ Тројански Коњ со навидум високата цена постигната при продажбата на ЕСМ дистрибуција, велат во ВМРО ДПМНЕ. Власта еуфорична.

Koj a „ЕВН“ - новиот сопственик на ЕСМ

Канал5 - 17.03.2006

Австриска компанија која снабдува со струја и гас над еден милион потрошувачи во Австрија и Бугарија. Според минатогодишниот бизнис план на менаџерскиот тим на ЕВН приоритет ќе биде ширењето на компанијата во Југоисточна Европа.

Австриската компанија “ЕВН АГ” Нов сопственик на ЕСМ Дистрибуција

Канал5 - 17.03.2006

Австриската компанија “ЕВН АГ” е новиот сопственик на АД ЕСМ “Дистрибуција”, објави вечерва на прес-конференција премиерот Владо Бучковски. Австријците понудиле 225 милиони евра и инвестиции од 96 милиони евра. Скопје, 16 март (МИА) - Австриската компанија ЕВН АГ” е новиот сопственик на АД ...

ЕСМ-дистрибуција отиде!

Вечер - 17.03.2006

Владата синоќа требаше да го избере новиот газда на "ЕСМ-дистрибуција", откако тендерската комисија оцени дека финансиските понуди на трите странски компании се комплетни и уредни. Во трката за купување на 90 проценти од капиталот на "ЕСМ-дистрибуција" учестуваат чешката ЧЕЗ, италијанската ЕНЕЛ и ...

„Глас за светлина“ повторно го блокираа Скопје

А1 - 16.03.2006

Денеска, кога се отвараат понудите од можните купувачи на есм, блокади низ Скопје. Пораката на „Глас на светлина“: ЕСМ да не се продаде. Се надеваат дека Владата нема да прифати ниту една од понудите на трите компании заинтересирани за Електро дистрибуцијата.

Владата ги разгледува понудите за продажбата на ЕСМ

А1 - 16.03.2006

Во Владата веќе седум часа трае неизвесноста за тоа кој ќе биде новиот газда на ЕСМ-Дистрибуција. Најголемо е нетрпението кај претставниците на трите компании. Комисијата веќе 4 часа ги разгледува финансиските понуди на австриската, италијанската и чешката компанија, но процедурата оди споро затоа ...

ЕСМ продаден на австриската ЕВН за 225 милиони евра

А1 - 16.03.2006

Премиерот Бучковски, по завршувањето на владината седница, соопшти дека австриската фирма ЕВН ги победи конкурентите ЕНЕЛ од Италија и ЧЕЗ од Чешка во битката за купување на македонското Електростопанство. ЕВН понуди 225 милиони евра плус 96 милиони инвестиции во наредните три години и во тесна ...

Не ја продавајте Дистрибуција!

Време - 16.03.2006

ЗДРУЖЕНИЕТО „ДЕН“ АПЕЛИРА Здружението „Ден“ вчера повторно апелираше Владата да ја прекине постапката за продажба на ЕСМ - Дистрибуција. - Во ситуација кога огромното мнозинство граѓани се противат на овој чин упатуваме уште еден апел до Владата да покаже одговорност, разбирање и секако слух за ...

Од ЕСМ се откажаа и Германците и антикорупциска

Време - 16.03.2006

ИЗНЕНАДУВАЊА И СКАНДАЛИ ГО СЛЕДАТ ТЕНДЕРОТ Мирче Котевски Три светски енергетски компании вчера ги доставија понудите на тендерот за продажба на ЕСМ Дистрибуција. Четвртата компанија која најави учеству - германската РВЕ во последен момент се откажа од наддавањето.

Скопје блокирано, оган пред ЕСМ

Време - 16.03.2006

„ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА“ Активисти од граѓанското здружение „Глас за светлина“ вчера уште еднаш го парализираа центарот на Скопје поради владината одлука за продажба на ЕСМ. Блокади беа поставени на шест раскрсници, а пред седиштето на „Електростопанство“ малобројните активисти симболично запалија оган.

Со преобразбата на ЕСМ не се оштетени граѓаните

Време - 16.03.2006

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСУДИ Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Законот за преобразба на ЕСМ АД за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија во државна сопственост, пренесе МИА.

Германците се откажаа од ЕСМ дистрибуција

Вест - 16.03.2006

ВЛАДАТА ЌЕ БИРА МЕЃУ ЕВН, ЕНЕЛ И ЧЕЗ Министерот за економија Фатмир Бесими вчера по 16 часот соопшти дека понуди доставија австриската ЕвН, италијанската ЕНЕЛ и чешката компанија ЦЕЗ, како и дека не е разочаран од откажувањето на германската РЊЕ бидејќи вакви работи вообичаено се случув Од ...

Последен повик на опозицијата да не се продава „Дистрибуција“

Утрински - 16.03.2006

Реакции и блокади поради продажбата на ЕСМ „Дистрибуција“ СДСМ ќе бара од Антикорупциската комисија да утврди од каде се финансира "Гласот за светлина" Скопје и вчера беше блокирано од членовите на Здружението на граѓани "Глас за светлина", кои протестираат против приватизацијата на ЕСМ ...

Во трката за ЕСМ остануваат ,,Чез", ЕНЕЛ и австриската ЕВН

Утрински - 16.03.2006

Владата денеска ќе ги отвора трите финансиски понуди за ЕСМ Бесими: Процесот се води најтранспарентно и единственото прашање во продажбата на ЕСМ што останува отворено е дали граѓаните им веруваат на Владата и на институциите МАЈА ТОМИЌ Со истекувањето на рокот за доставување на финансиските понуди ...

Антикорупциската условена да молчи

Дневник - 16.03.2006

ДЕНЕСКА СЕ ОТВОРААТ ПОНУДИТЕ ЗА ЕСМ Слободан Содиќ Антикорупциската комисија вчера не го виде купопродажниот договор за "ЕСМ дистрибуција" бидејќи од Министерството за економија беше условена да молчи за неговата содржина. Членовите на антикорупциската одлучиле под тој услов да не извршат увид во ...

"Варијации" на продажба на ЕСМ

Дневник - 16.03.2006

Писмо Прашањето на годината, барем според она што се случува, е дали да се продаде "ЕСМ дистрибуција". Некои сметаат дека треба да се продаде, некои дека не треба. Според мене, и двете одлуки имаат свои предности и недостатоци.

„ЧЕЗ“, „ЕНЕЛ“ и „ЕВЕН“ доставија понуди за „ЕСМ Дистрибуција“

Канал5 - 16.03.2006

Три компании доставија понуди за ЕСМ Дистрибуција. чешкото „ЧЕЗ“, „ЕНЕЛ“ од Италија и австриската „ЕВЕН“ се потенцијалните газди. Во последен момент се откажа германското „ЕРВЕ“ иако во текот на процесот важеше за еден од најсериозните кандидати. Три компании доставија понуди за ЕСМ Дистрибуција.

Вонредна владина седница - топ тема избирање на најдобра понуда за купувач на ЕСМ Дистрибуција

Канал5 - 16.03.2006

Започна е вонредното владиното заседание – продажбата на ЕСМ Дистрибуција е единствената точка. Пред тимот на Бучковски се понудите на трите компании кои останаа во трка по дистрибуција. Чешкото „ЧЕЗ“, италијанското „ЕНЕЛ“ и австриската „ЕВЕН“. Во последен момент се откажа германската „ЕРВЕ“.

Срамна тендерска фарса

Вечер - 16.03.2006

Во ВМРО-ДПМНЕ се "непријатно изненадени од изјавата на министерот за економија, Фатмир Бесими, дека договорот за продажба на ЕСМ не може да биде ставен на јавен увид". - Ваквата одлука единствено укажува дека Владата, премиерот и министрите се однесуваат тотално дилетантски и аматерски кон ...

Владата и стави вето на Антикорупциската комисија

Вечер - 16.03.2006

Антикорупциската комисија нема да го разгледува договорот за продажба на "ЕСМ-дистрибуција" бидејќи Владата побарала од членовите на Комисијата да се обврзат дека нема јавно да ја коментираат содржината на документот. Комисијата вчера преку соопштение информираше дека ја донела ваквата одлука ...

Михајло Маневски: Договорот за ЕСМ да биде ставен на увид

А1 - 15.03.2006

„Јас не знам што би било тајна во тој договор, зошто не треба да знае јавноста“, изјави во интервјуто за А1 Михајло Маневски, претседател на Антикорупциската комисија. Г-дине Маневски, зошто одбивте да го разгледате договорот за продажба на ЕСМ? Во последниот ден кога се прибираат понудите до ...

Повик за граѓанска непослушност ако ЕСМ се продаде

А1 - 15.03.2006

Повик на граѓанска непослушност ако ЕСМ се продаде. Ова е денешната порака на „Гласот на светлината“ до Владата. По продажбата, цената на струјата ќе се покачи, а граѓаните нема да можат да си ги платат сметките. „Можно е по приватизацијата да дојде до изразување на граѓанско незадоволство од друг ...

Доставени три понуди за купување на ЕСМ

А1 - 15.03.2006

Трите финансиски понуди за купување на ЕСМ Дистрибуција на италијанската, австриската и чешката компанија веќе два и пол часа се во Владата. Се чуваат во посебни простории, каде снимање не е дозволено. Инаку, од трката се откажа германската РВЕ, а на само еден час пред истекот на рокот претставници ...

Најголем дел од експертите против продажба на ЕСМ

А1 - 15.03.2006

Продажбата на ЕСМ е еден од најконтроверзните процеси, кој предизвика серија експертски реакции. Најголем дел од стручњаците се противеа, или на продажбата или на избраниот модел за приватизација. „Кога продавате Електростопанство, продавате еднаш засекогаш.

Владата: Антикорупциска да не ги обелоденува деталите за ЕСМ

А1 - 15.03.2006

Антикорупциската комисија нема да го разгледува договорот за купопродажба на ЕСМ. Одбива да изврши увид, затоа што Владата ја условила да не ги обелоденува деталите. Од Антикорупциската велат дека Министерството за економија побарало да потпишат претходен договор за доверливост, кој ќе значи ...

„Светлина“ денеска ќе го парализира Скопје

Време - 15.03.2006

ПОМИНА РОКОТ ЗА ПОНУДИ ЗА ЕСМ Активисти од граѓанското здружение „Глас за светлина“ денеска ќе го парализираат центарот на Скопје и ќе се обидат да ги спречат четирите европски компании, потенцијални сопственици на ЕСМ, да достават понуди за купување на Дистрибуцијата.

СДСМ со сите средства против продажбата на ЕСМ!?

Време - 15.03.2006

КАКО МУТИРААТ ПАРТИСКИТЕ СТАВОВИ „Владата во последните два месеци од својот мандат сака да ја спроведе најкорумпирачката и политички најлоша активност во сферата на економијата - да го приватизира најголемото јавно претпријатие во земјава - Електростопанство на Македонија.

ЕСМ ќе се продаде со таен договор

Дневник - 15.03.2006

ДЕНЕСКА ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПОНУДИТЕ ОД ЧЕТИРИТЕ КОМПАНИИ Четирите компании заинтересирани да ја купат "ЕСМ дистрибуција" до завчеравечер не му одговорија на министерот за економија Фатмир Бесими на барањето од купопродажниот договор за ЕСМ да се тргне клаузулата за доверливост.

“Глас за светлина” и денеска со блокади во Скопје против приватизацијата на ЕСМ Дистрибуција

Канал5 - 15.03.2006

Здружението на граѓани “Глас за светлина” денеска блокадите против приватизацијата на ЕСМ дистрибуција ги организира пред Владата на Република Македонија, дирекцијата на ЕСМ дистрибуција, како и на четири раскрсници во централното градско подрачје.

Странците го чуваат договорот за ЕСМ во фиока

Вечер - 15.03.2006

Четирите странски компании-потенцијални купувачи на "ЕСМ дистрибуција" не дозволуваат Владата да ја објави пред јавноста содржината на купопродажниот договор за "ЕСМ-дистрибуција". Иако министерот за економија Фатмир Бесими најави дека јавноста ќе има увид во содржината на договорот, сепак, ...

Антикорупциска ќе има увид во договорот за ЕСМ

А1 - 14.03.2006

Антикорупциската во трка со времето: договорот за продажба на ЕСМ ќе можат да го видат утре, на последниот ден од тендерот, кога фирмите треба да ги достават понудите за купување на ЕСМ. Како единствени луѓе во Македонија што ќе имаат шанса да видат што крие овој договор, велат дека веднаш ќе го ...

Договорот за ЕСМ бил строго доверлив

Вест - 14.03.2006

ПИШМАН ДРЖАВА Министер Фатмир Бесими вели дека јавниот увид во документот е невозможен бидејќи Владата со компаниите потпишала договор за тајност на податоци и купувачите не сакале да се дознаат нивните бизнис проекции. Најдоцна Владата се пишмани од намерата купопродажниот договор за "ЕСМ ...

Бесими: Договорот за ЕСМ засега ќе остане тајна

Време - 14.03.2006

ВЛАДАТА ПОПУШТИ ПОД ПРИТИСОКОТ НА КУПУВАЧИТЕ Мирче Котевски Владата се премисли и реши да го остави во тајност купопродажниот договор што се очекува задутре да го потпише со фирмите-кандидати за новите сопственици на ЕСМ-Дистрибуција.

„Глас за светлина“ повторно ќе ја блокира Владата

Утрински - 14.03.2006

ПРОТЕСТ Здружението на граѓани „Глас за светлина“ најави дека утре ќе ги продолжи активностите против продажбата на АД ЕСМ „Дистрибуција“, со блокада на Владата, на ЕСМ „Дистрибуција“ и на четири раскрсници во центарот на Скопје, информира вчера на прес-конференција портпаролот на здружението, ...

Бесими бара дозвола од компаниите да го обелодени договорот за ЕСМ

Утрински - 14.03.2006

Купопродажниот договор за ЕСМ "Дистрибуција" се уште не стана јавен Досега ниту една од четирите компании не одговорила потврдно на владиното писмено барање за јавност на документот МАЈА ТОМИЌ Иако Владата планираше вчера да го стави на јавен увид купопродажниот договор за ЕСМ „Дистрибуција", тоа ...

Договорот за ЕСМ остана тајна

Дневник - 14.03.2006

ВЛАДАТА БАРА ДОЗВОЛА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ОД КУПУВАЧИТЕ Слободан Содиќ Купопродажниот договор за "ЕСМ дистрибуција" повторно е таен. Иако Министерството за економија најави дека од вчера сите заинтересирани можат да видат што пишува во овој документ, со кој државата го отуѓува највредното ...

Доверливо недоверливо за ЕСМ

Дневник - 14.03.2006

Слободан СодиЌ Договорот за продажба на ЕСМ од вчера повторно е строго доверлив и недостапен за јавноста. Владата трет пат во последната недела сериозно го менува ставот за транспарентноста на спогодбата за купопродажба на најголемото државно претпријатие.

Финале за ЕСМ - 24 часа пред крајниот рок за доставување на понудите, молчат сите инволвирани

Канал5 - 14.03.2006

Ден пред финалето на продажбата на ЕСМ. Воздржаност од сите страни. Владата не доби дозвола од компаниите да го покаже договорот, но си премолчи. И опозицијата без јавни настапи. Од Гласот на светлината мирни- барем до утрешниот како што го најавуваат пеколен ден.

Ќе го види ли јавноста договорот за продажба на ЕСМ дистрибуција

Канал5 - 14.03.2006

Купопродажниот договор за ЕСМ останува тајна. Јавниот увид засега е празно ветување на Владата. По еднонеделно тактизирање и конечно објавија- се повлекуваат од ветеното. Оправдувањето е притисок од странците кандидати за ЕСМ. Немале нивна дозвола. Купопродажниот договор за ЕСМ останува тајна.

Владата го крие договорот за "ЕСМ-дистрибуција"

Вечер - 14.03.2006

Владата вчера не дозволи јавен увид во купопродажниот договор за "ЕСМ-дистрибуција" откако четирите компании што учествуваат на тендерот за продажба побарале документот да не се објавува. Според министерот за економија Фатмир Бесими, Владата одлучила засега да не ја објавува содржината на ...

Владата го сокри купопродажниот договор за ЕСМ

А1 - 13.03.2006

Владата го сокри од јавноста изгледот на купопродажниот договор за Електростопанство. Иако најави дека денеска ќе биде достапен, во последен момент се откажа од таа намера. Се правда дека фирмите така барале, но што крие овој договор, дали по урнек на Телекомот и сега ќе се потпише документ чија ...

Пеколната недела на „Гласот на светлината“ почнува во среда

А1 - 13.03.2006

Најавената пеколна недела на „Гласот на светлината“ почнува во среда. Ќе се блокира целосно Владата, зградата на ЕСМ и четири раскрсници. Протестите се совпаѓаат со датумот кога ќе бидат предадени понудите за продажбата на ЕСМ.

Од среда Владата и ЕСМ под опсада

Време - 13.03.2006

ГЛАС НА СВЕТЛИНА Зградите на Владата и на „Електростопанство“ од среда 15 март, денот кога заинтересираните компании ќе ги достават понудите за купување на домашната дистрибуција повторно ќе бидат под опсада. Здружението „Глас за светлина“ најавува масовни протести и во наредните денови, а од 12 до ...

Увид во купопродажниот договор за ЕСМ

Утрински - 13.03.2006

Од денес во Владата за сите заинтересирани Регистрирањето ќе се врши со валиден документ за идентификација, односно лична карта или пасош. Ниту едно лице не смее да преснимува, да прави копии, ниту препис од купопродажниот договор.

“Глас за светлина” најави блокада на владата против продажбата на ЕСМ Дистрибуција

Канал5 - 13.03.2006

Здружението на граѓани “Глас за светлина” денеска најави дека в среда ќе ги продолжи активностите против продажбата на АД ЕСМ Дистрибуција, со блокада на Владата, на ЕСМ дистрибуција и на четири крстосници во центарот на Скопје, информира на денешната прес-конференција портпаролот на здружението ...

Увид во купопродажниот договор за "ЕСМ-дистрибуција"

Вечер - 13.03.2006

Владата денеска ќе го стави на увид купопродажниот договор за мнозинскиот пакет акции во "ЕСМ дистрибуција". Од Министерството за економија соопштуваат дека на секое заинтересирано правно или физичко лице ќе му биде овозможено во просториите на Владата да ја разгледа финалната верзија на ...