TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Молотов коктел фрлен во објект на ИВЗ

Утрински - 19.02.2007

ТЕТОВО - Во барака на Исламската верска заедница, ноќта спроти саботата, низ искршено прозорско стакло, е фрлено шише со запалива течност. Од предизвиканиот пожар, изгорел тепихот, а биле оштетени дел од инвентарот и ѕидовите. Полицијата трага по сторителите.

„Молотов коктел“ во барака на ИВЗ

Дневник - 19.02.2007

Нема повредени во пожарот што избувнал во барака што е во близина на џамија во изградба, откако во објектот бил фрлен „молотов коктел“, во петокот на улицата 176 во Тетово. Засега е непознато кој го фрлил „молотовиот коктел“. Во пожарот изгоре дел од барака сопственост на Исламската верска заедница.

Фрлен молотов коктел во барака

Вест - 19.02.2007

ВО ТЕТОВО ДО ЏАМИЈА ВО ИЗГРАДБА Во петокот ноќта, непознат сторител фрлил шише со запалива течност во бараката во која се чува градежен материјал за изградба на новата џамија во станбениот блок 82 во Тетово. Непознатиот прво го скршил стаклото на прозорецот на бараката, а потоа го фрлил шишето за ...

Подметнат пожар во барака на ИВЗ

Време - 19.02.2007

ТЕТОВО Барака на Исламската заедница, која се наоѓа во склоп на неизградена џамија, била опожарена откако непознати сторители преку скршен прозорец фрлиле молотов коктел. Според информациите на тетовската полиција, инцидентот се случил ноќта меѓу четвртокот и петокот, но бил пријавен подоцна во ...

Молотов коктел за ИВЗ

Вечер Прес - 19.02.2007

Полицијата од Тетово трага по непознато лице кое ноќта спроти петокот фрлило молотов коктел во барака на Исламската верска заедница во Тетово. Притоа дошло до опожарување на внатрешноста, но по извршениот увид е утврдено дека повредени лица нема, а причинета е незначителна материјална штета.