МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА РЕШИ: Нашето министерство за идната година изработи проект за санација на чинарот, а финансиските средства ќе ги обезбеди фондот на Министерството за животна средина - ни рече министерот Додовски.
НЕВРЕМЕ ВО ОХРИД, СТРУГА И РЕСЕН Дел од стариот охридски чинар вчера се откорна од силниот ветер со дожд што го зафати крајбрежјето на Охридско Езеро. Голема гранка од дрвото старо десет века, симбол на Охрид, е откината од стеблото.
Најстариот и најголемиот чинар во Охрид, падна вчера по бурата што мина низ градот. Чинарот, за кој експертите претпоставуваат дека е стар над 500 години, а охриѓани велат дека е стар барем еден милениум, се урна од силниот ветар и поројниот дожд, околу 11 часот.