TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Гори шума во демирхисарско и крушевско

А1 - 22.07.2007

Над 400 хектари дабова и букова шума изгоре во двата пожари во демирхисарско и крушевско кои неколку дена беснеат во овој крај. Поради жешкото време и непристапниот терен, противпожарните екипи не можат да ги локализираат. Тие се малку на број, а немаат никаква помош од месното население.

ЦУК: Нови пожари во Тетовско

Канал5 - 22.07.2007

Регионалниот центар за управување со кризи во Тетово денеска соопшти дека во селата Желино и Долна Лешница избивнал нов пожар во кој гори ниска стеблеста мешана шума. Пожарот има висок пламен, но се уште нема податоци за зафатнината.

Се уште беснее пожарот во Катланово

А1 - 21.07.2007

Се уште беснее пожарот над Катланово. Непристапниот терен на повеќе места го отежнува гасењето на огнот. Огнената стихија денеска стигна речиси до селото Брезница. „Во атарот на село Катланово пожарот синоќа, бидејќи имаше силен ветер, се префрли над тунелот каде интервенираме со четири ...

Изгореа стотици хектари шума

Дневник - 21.07.2007

Авионите на фирмата „Бониер“ во пет наврати атерираа и го гаснеа пожарот на врвот од планината во националниот парк „Јасен “ Во Македонија деновиве беснеат големи пожари, кои изгореа стотици хектари шуми и пасишта. Од Центарот за кризи велат дека и покрај големиот интензитет, засега нема опасност ...

Македонија во пламен, шумите пеплосани

Утрински - 21.07.2007

Нови пожари има кај Катланово, Крушево, Македонски Брод, Велешко и Штипско СВЕТЛАНА УНКОВСКА Неколку поголемите пожари што беснееја изминатите неколку дена се' уште се активни. И во текот на вчерашниот ден гореше во шумскиот резерват „Јасен“, потоа кај Горна Матка, а пожарот кој се префрли во ...

Изгоре совеста на надлежните

Утрински - 21.07.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СВЕТЛАНА УНКОВСКА Последниве два месеца во пожарите што ја зафатија цела Македонија се уништени илјадници хектари шуми. Само последниве две недели се регистрирани 217 пожари, во Скопско изгореа околу 400 хектари шума, во Катланово уште толку, а во овој пожар настрада и викенд- населбата.

Проширување на мерките за справување со пожарите кои секојдневно пеплосуваат стотици хектари шума

Канал5 - 21.07.2007

Шеесетина војници на АРМ од претпладнето помагаат во гаснењето на пожарот кај Катланово кој веќе трет ден ја пустоши шумата. Шеесетина војници на АРМ од претпладнето помагаат во гаснењето на пожарот кај Катланово кој веќе трет ден ја пустоши шумата. Пожарот попладнето се уште не беше изгаснат.

Пожарот кај Катланово му се заканува на автопатот – по изгорени две илјади хектари шума

Канал5 - 20.07.2007

Македонските шуми се десеткувани, околу 2 илјади хектари шума изгореа во пожарите само во последниве дваесетина денови. Македонските шуми се десеткувани, околу 2 илјади хектари шума изгореа во пожарите само во последниве дваесетина денови.

Гори во „Јасен“ и во Суводол

Време - 20.07.2007

ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ Пожарот во националниот парк „Јасен“, кој се уште е активен, се шири и ко потегот Буковиќ-Раовиќ, кој може да премине ко Тетово, соопшти Центарот за управување со кризи. За негово гаснење ќе се интервенира со авиони, само со еде налет, бидејќи, како што истакнуваат од ...

Пожарот кај Горна Матка се спушта кон Тетово

Утрински - 20.07.2007

Aктивни жаришта има во Демирхисарско, Струмичко, на Голак, а пожар има и на прилепската Могила на непобедените СВЕТЛАНА УНКОВСКА Горна Матка вчера изгледаше морничаво. Се' уште се чувствуваше мирисот на изгорено од огромните опустошени делови од планината, изгорените дрвја и пеплосаната земја.

Организирано спречување и гасење на пожарите

Вечер Прес - 20.07.2007

Над 217 пожари се регистрирани во јуни а опожарена е површина од околу 3,5 илјади хектари, додека од 1 до 17 јули околу 1.700 хектари, се информациите презентирани од Главниот штаб за управување со кризи -Проблемот со пожарите со кои се сретнуваме не е ексклузивно присутен само на територијата на ...

Пожар во националниот парк „Јасен“

А1 - 19.07.2007

Гори шумата во националниот парк „Јасен“. На повеќе места на планината пожарот не може да се стави под контрола, гори нискостеблеста шума, а гаснењето е отежнато поради недостапните места. Противпожарни бригади на терен нема, гаснењето го вршат три авиони кои повремено фрлаат млазови вода врз ...

Пожари беснеат насекаде, горат стотици хектари шума

Утрински - 19.07.2007

Во пожарот на планината Древеник се зафатени 300 хектари шума. Огнот што ја зафати Горна Матка и Чајлане е под контрола СВЕТЛАНА УНКОВСКА Големи пожари се' повеќе се шират низ целата држава и речиси нема регион во земјава кој не е зафатен од огромна огнена стихија, која ги пустоши планините.

Гори шума на границата со Србија

Дневник - 19.07.2007

Над 15 хектари борова шума од завчера гори во атарот на селото Герман, во општина Ранковце, во близина на македонско-српската граница. Во гаснење на пожарот учествуваат екипи на Подружницата „Осогово“ од Крива Паланка на ЈП за стопанисување со шуми и Противпожарната екипа од Крива Паланка, но ...

Изгореа 250 хектари шума во Демирхисарско

Дневник - 19.07.2007

Повеќе од 250 хектари дабова шума изгореа во двата пожара на различни локации во Демирхисарско. Пожарот кај селото Слепче избувнал завчера околу 14 часот и зафатил 50 хектари од шумата. Овој пожар е локализиран, а огнената стихија кај селото Вардино досега уништи 150 хектари под даб и не е ставен ...

Локализира пожарот на Матка

Време - 19.07.2007

ВО АКЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ И МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ Скопските пожарникари успеале да го локализираат пожарот што завчера изби на падините на Матка, јави агенцијата Нетпрес. Вчераутро огнот го зафатил и врвот на Матка, но овојпат пожарникарите брзо го локализирале, информира Благоја Менковски, командант ...

Со огнот се бореа и пожарникарите и селаните

Вест - 19.07.2007

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ОКОЛИНАТА НА МАТКА Силен пожар во вторникот напладне беснееше во атарот на селото Горна Матка во околината на Скопје. Во пожарот кој зафати дел од околината на Матка, опожарена беше поголема површина со сува трева и деградирана Силен пожар во вторникот напладне беснееше во атарот на ...

Шумата гори, надлежниот на одмор

Утрински - 19.07.2007

Авторот и' е познат на Редакцијата Во Демирхисарско веќе две недели беснее огнена стихија, која има направено огромна материјална штета. Моментално активни се два големи пожара, и тоа еден во село Слепче и еден на планината Древеник.

Центар за управување со кризи - известување за пожарите

Канал5 - 19.07.2007

Пожарот во атарот на селото „Горна Матка“ кон селата Чајлане и Семениште е локализиран но, сепак една екипа од Противпожарната бригада е оставена на терен да дежура, додека кон националниот парк “Јасен“ пожарот се шири од сртот кон реката Треска.

Огнена стихија се приближува кон Скопје

Вечер Прес - 19.07.2007

Пожарите пустошат низ повеќе региони во земјава, а најавените пеколни температури се очекува да предизвикаат и нови пожари Два големи пожари два дена беснеат над Матка, во непосредна близина на главниот град. Едниот е само на неколку километри од село Чегране.

Изгореа над сто хектари млада шума во двата пожари што беснееја во околината на Делчево

Канал5 - 18.07.2007

Изгореа над сто хектари млада шума во двата пожари што беснееја во околината на Делчево во исто време во текот на вчерашниот ден. Дури изутрина беше локализиран шумскиот пожар на Голак во атарот на с. Разловци. Изгореа над сто хектари млада шума во двата пожари што беснееја во околината на Делчево ...

Поради високите температури се закануваат опасности од нови пожари

Утрински - 18.07.2007

Огнената стихија во Кумановско е под контрола, но има нови пожари во Демирхисарско, Струмичко и Горна Матка Пожарите пустошат низ повеќе региони во земјава, а најавените африкански температури се очекува да предизвикаат и нови огнени стихии.

Горат над 5 хектари мешана шума

Вечер Прес - 18.07.2007

Голем пожар што зафати поголема површина на мешана шума од вчера беснее во Горна Матка. Според првичните податоци од противпожарните служби, огнената стихија избувнала вчера во 10 часот и 50 минути и опфатила над пет хектари мешана шума, меѓу кои и папрат.

Пожар беснее на Горна Матка

А1 - 17.07.2007

Два големи пожари беснеат над Матка. Едниот е само на неколку километри од село Чојлане. Две противпожарни возила со 10 пожарникари се стационирани во близина на селото. Во гасењето на огнот учествува месното население, но теренот е непристапен и гасењето на огнената стихија е отежната.

Пожари беснеат кај Анталија и на грчки острови

Дневник - 17.07.2007

Во околината на градот Аланија во јужната турска областа Анталија, беснее голем пожар, јави турската телевизија Си-ен-ен Турк. Во пламен се 200 хектари шума, евакуирани се три села, а над 20 куќи изгореле. Пожарот почнал завчеравечер околу 22 часот.

Пожар во Горна Матка

Канал5 - 17.07.2007

Околу пет хектари мешана шума, меѓу кои и папрат се зафатени со големиот пожар што денеска избувна во Горна Матка, соопштија од Центарот за управување со кризи. Скопје, 17 јули (МИА) - Околу пет хектари мешана шума, меѓу кои и папрат се зафатени со големиот пожар што денеска избувна во Горна Матка, ...

Големиот пожар кај Куманово бега од контрола - горат нови двесте хектари шума - тројца се повредени

Канал5 - 16.07.2007

Излегува од контрола пожарот кај Куманово. Горат нови двесте хектари шума, вкупно 500-тини Излегува од контрола пожарот кај Куманово. Горат нови двесте хектари шума, вкупно 500-тини. Огнот кој седми ден беснее опасно се заканува да ги загрози околните села на Скопје, Куманово и Свети Николе.

Авиони ги гаснеа пожарите во Кумановско

Утрински - 16.07.2007

Пожарот кон беснееше во Кумановскиот регион е ставен под контрола со помош на авионска интервенција. Со тоа е изгаснат и пожарот во село Колицко и е спречена можноста за негово проширување кон Скопје. Како што информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК), благодарениe на интервенцијата со ...

Изгаснат пожарот на Плачковица

Дневник - 16.07.2007

Стотина хектари нискостеблеста шума изгореа во пожарот што од четвртокот вечерта до завчера на пладне беснееше на планината Плачковица во близина на селото Припечани. Пожарот е изгаснат, а во локализирањето учестуваа противпожарна екипа од Штип и вработени во шумското стопанство „Серта“.