Поразителни бројки за економските релации меѓу Македонија и Русија. Трговскиот дефицит во размената со еден од најголемите пазари во светот надмина 700 милиони долари. Трендот на продлабочување кулминираше годинава поради агресивниот извоз на енергенски и машини од Русија во Македонија. Иако и земјава го зголеми извозот, тоа не беше доволно да се ублажи големиот дефицит.
Јенот и доларот го поттиснаа еврото. Падот на еврото директно ќе ја оштети Македонија. Вредноста на нашиот извоз ќе паѓа, а увезените производи ќе поевтинуваат, предупредуваат експертите. Сево ова дополнително може да го зголеми трговскиот дефицит, кој достигна 2,2 милијарди долари. Еврото во целата мината недела губеше од својата вредност поради лошите вести за рецесиите во европските економии.
Падот на еврото на светските берзи може директно да ја оштети Македонија со дополнително зголемување на трговскиот дефицит, кој веќе достигна 2,2 млрд долари. Ова го пишува денеска весникот „Дневник“, во анализата, во која консултира повеќе економски експерти, според кои сегашниот негативен тренд на еврото во однос на доларот и јенот, ќе продолжи под притисок на рецесијата и на финансиската криза.
Наталија Томовска Силвана Јовановска Рецесијата што официјално ја објавија Германија и Италија ќе има сериозни последици врз економскиот пораст на земјава. Минатата година во овие две земји сме извезле стока за 830 милиони долари, што е 25 проценти од вкупниот извоз. - Германија и Италија се наши значајни партнери во трговската размена и тамошната рецесија ќе го продлабочи нашиот трговски дефицит.
Растечкиот дефицит може да биде уште поголем бидејќи ќе паѓаат странските инвестиции поради глобалната криза. Соња Маџовска. „Дефицитот на трговскиот биланс во земјава се очекува и натаму да остварува пораст, што е тренд присутен во сите брзорастечки економии“. Вака Владата го оправдува високиот трговски дефицит во земјава, кој за десет месеци годинава се искачи на 2,2 милијарди долари.
Расте трговскиот дефицит кај сите држави на Балканот. Како што пренесува денеска Макфакс, земјите од целиот регион на Југоисточна Европа и годинава бележат големи надворешно трговски дефицити кои до крајот на годинава се очекува да растат. Трговскиот дефицит на Македонија во осумте месеци од годинава се искачи на една и пол милијарди евра, а на Србија од околу пет и пол милијарди.
Во 2009 многу пари ќе се одлеат за плати, пензии, субвенции и реклами, со кои не се обезбедува економски развој Нина Нинеска-Фиданоска Скандалозно голем буџет и дефицит за идната година промовираше деновиве Владата на Никола Груевски, кој наскоро треба да се најде на разгледување пред народните избраници.
Земјите од регионот на Југоисточна Европа и годинава бележат големи надворешно трговски дефицити, а во екот на светската криза, кога се намалува извозот, кусоците до крајот на годинава се очекува да растат. Трговскиот дефицит на Македонија во осумте месеци од годинава се искачи на 1,56 милијарди евра, а Србија во истиот период забележа кусок од 5,36 милијарди евра.