TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поради Павле, во Атина ќе се слуша „Хеј Словени“

Време - 13.08.2004

СРБИЈА И ЦРНА ГОРА Пратениците на српско-црногорскиот парламент завчера не можеа да се договорат за текстот на новата химна, по што расправата ја одложија за септември. Тие одржаа итна седница, во надеж дека законот ќе биде усвоен навреме и дека ако репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Летните ...

Србија и Црна Гора со "Хеј Словени" на Олимпијадата

Утрински - 13.08.2004

СЦГ не успеа да ја усвои новата химна БЕЛГРАД - Федерацијата Србија и Црна Гора не успеа навреме да ја усвои новата национална химна за Олимписките игри. На специјалната сесија на парламентот беше одложено итното гласање за ова прашање и тоа барем до септември годинава.

Србија и Црна Гора гласа за нова химна

Вест - 12.08.2004

БЕЛГРАД, 12 август, (АП) - Пратениците во Србија и Црна Гора на вчерашната седница во парламентот гласаа за новата химна на државата, која е комбинација на една стара српска и стара црногорска песна. Новата химна е одраз на реалната состојба - Србија и Црна Гора останаа заедно дури и откако ...

СЦГ избира нова химна

А1 - 11.08.2004

Предлог законот за химна на државната заедница Србија и Црна Гора (СЦГ), што ќе биде компилација на српската свечена песна „Боже правде“ и црногорската „Ој, свијетла, мајска зоро“, денеска, ќе биде на дневен ред на седницата на Собранието на СЦГ.

Србите и Црногорците пакуваат нова химна на Олимпијадата

Дневник - 11.08.2004

СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ВО БЕЛГРАД Сојузниот парламент на Србија и Црна Гора на денешната седница ќе настојува да ја усвои новата химна за да може да биде интонирана во Атина ако некој спортист од СЦГ освои златен медал, пишува весникот "Политика".