TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кардиналите ќе молчат до избирит на нов папа

А1 - 09.04.2005

Католичките кардинали кои се подготвуваат да го изберат новиот папа денеска прогласија молчење до почетокот на состанокот на конклавата и гласањето за новиот поглавар на црквата, соопшти Ватикан. Кардиналите едногласно одлучиле да не даваат интервјуа за медиумите, како што досега тоа го правеа, ...

Ратцингер, движечка сила на Католичката црква

Утрински - 09.04.2005

КАРДИНАЛ РИМ - Кардиналот Јозеф Ратцингер, кој ја водеше погребната миса за папата Јован Павле Втори на плоштадот "Св. Петар°, беше еден од неговите најблиски соработници и засега тој е движечката сила во Римокатоличката црква.

Избран е нов папа!

Макфакс - 09.04.2005

Ватикан Бел чад се издигна попладнево од оџакот на Систсинската капела во Ватикан, означувајќи го изборот на нов папа, јавија светските агенции. Се очекува, наскоро да биде соопштено кој е наследникот на починатиот Јован Павле Втори и под кое црковно име ќе служи новиот поглавар на Римокатоличката ...

Новиот папа е Јозеф Рацингер - Бенедикт XVI

Макфакс - 09.04.2005

Ватикан Новиот папа е Јозеф Рацингер (78), кој го избрал црковното име Бенедикт XVI. Кардиналот Хорхе Артуро Медина вечерва објави дека новиот поглавар на Римокатоличката црква е германскиот кардинал Јозеф Рацингер. Нешто пред 18 часот од оџакот на Сикстинската капела излезе бел чад, а потоа почнаа ...

Повторно црн чад од Систинска капела, конклавата продолжува

Макфакс - 09.04.2005

Ватикан Црн чад се издигна денеска од оџакот на Систинската палата, што покажува дека по новото гласање на денешната конклава кардиналите не успеале повторно да изберат нов папа, јавија италијанските медиуми. Кардиналите на Римокатоличката црква денеска ја продолжија вчера започната конклавата за ...

Продолжува конклавата за избор на нов папа

Макфакс - 09.04.2005

Ватикан Кардиналите на Римокатоличката црква денеска ја продолжуваат вчера започната конклавата за избор на нов папа, соопштено е од Ватикан. По првата молитва треба да има најмалку две гласања, а ако биде избран папа тоа ќе биде објавено со бел чад.

Почнува Конклавата за избор на нов папа

Макфакс - 08.04.2005

Рим Конклавата за изборот на нов Папа започнува денеска во Ватикан, а кардиналите на Католичката црква се уште не решиле дали првото гласање ќе се одржи вечерва или во вторник. Како што соопшти портпаролот на Ватикан Наваро Валс, доколку во првите три дена не биде избран новиот Понтиф тогаш ...

Кардиналите на 18 април го почнуваат изборот на нов папа

Вест - 07.04.2005

ВАТИКАН, 7 април (Ројтерс) - Состанокот на кардиналите на кој ќе се избира нов поглавар на Римокатоличката црква ќе започне в понеделник на 18 април, изјави портпаролот на Ватикан Јоакин Наваро - Валс. Според црковните прописи, конклавата, односно Собранието на кардиналите, треба да почне меѓу ...

На 18 април ќе започне изборот на новиот папа

Утрински - 07.04.2005

Утврден датумот за почетокот на кардиналската конклава во Сикстинската капела на Ватикан Иако се заколнати на молчење, кардиналите почнаа јавно да ги најавуваат своите фаворити ВАТИКАН - На 18 април кардиналите ќе се состанат во конклавата во Сикстинската капела на Ватикан за да го изберат ...

Изборот за нов папа почнува на 18 април

Вечер - 07.04.2005

ВАТИКАН, 7 АПРИЛ (МИА). - Состанокот на кардиналите, на кој ќе се избира нов поглавар на Римокатоличката црква, ќе почне в понеделник попладне на 18 април, изјави вчера портпаролот на Ватикан, Јоакин Наваро - Валс. Според црковните канони, Конклавата, поточно Собранието на кардиналите, треба да ...

Мали шансите Германец да биде иден Папа

А1 - 06.04.2005

Братот на германскиот кардинал Јозеф Рацингер ја отфрла можноста неговиот брат да биде наименуван за наследник на покојниот папа Јован Павле Втори. Георг Рацингер, во интервју за баварскиот весник „Абенцајтунг“, изјави дека се предимензионирани шпекулациите за можноста неговиот брат да стане нов ...

Изборот на нов папа ќе започне на 18 април

А1 - 06.04.2005

Состанокот на кардиналите на кој ќе се избира нов поглавар на Римокатоличката црква ќе започне в понеделник на 18 април, изјави денеска портпаролот на Ватикан Јоакин Баваро - Валс. „Конклавата ќе почне на 18 април попладне“, рече портпаролот на Ватикан.

Кој е тајниот кардинал?

Време - 06.04.2005

СОБИР НА КАРДИНАЛИТЕ ВО ВАТИКАН Додека десетици илјади верници молчешкум му оддаваа почит на телото на папата Јован Павле Втори, изложено во базиликата „Свети Петар“, кардиналите на Римокатоличката црква го одржаа вториот состанок на кој расправале за одржување на конклавата за избор на идниот папа.

Мали шансите Германец да биде иден Папа

Макфакс - 06.04.2005

Берлин Братот на германскиот кардинал Јозеф Рацингер ја отфрла можноста неговиот брат да биде наименуван за наследник на покојниот папа Јован Павле Втори. Георг Рацингер, во интервју за баварскиот весник “Абенцајтунг“, изјави дека се предимензионирани шпекулациите за можноста неговиот брат да стане ...

Изборот на нов папа закажан за 18 април

Макфакс - 06.04.2005

Ватикан Состанокот на кардиналите за избор на нов папа ќе се одржи на 18 април, соопштено е од Ватикан. Базиликата Свети Петар во кој се изложени посмртните останки на папата Јован Павле Втори, утре вечер ќе биде затворена, за да можат кардиналите да ги завршат подготовките за погребот.

Кардиналите ќе одлучуваат за датумот за избор на нов папа

А1 - 05.04.2005

Кардиналите на Римокатоличката црква денеска повторно ќе одржат состанок во Ватикан за да го утврдат датумот на избор на наследникот на починатиот папа Јован Павле Втори, соопштено е од Ватикан. Во седиштето на Римокатоличката црква се уште пристигаат кардиналите од целиот свет.

Обложување на идниот папа

Вест - 05.04.2005

ДАБЛИН, 5 април (Ројтерс) - Еден ирски обложувалничар почна да собира облози за тоа кој ќе биде наследникот на Јован Павле Втори. "Педи Пауер" нуди коефициенти за тоа кој ќе биде нов папа веќе неколку години, но ги запре обложувањата во саботата, по смртта на понтифот.

Погребот на Папата в петок

Вест - 05.04.2005

ВАТИКАН, 5 април (Ројтерс) - Римокатоличките кардинали вчера решија погребот на папата Јован Павле Втори да се одржи на 8 април и почнаа со плановите за иднината на Римокатоличката црква по смртта на папата кој своите верници ги водеше повеќе од 25 години.

Кардиналите ги почнаа разговорите за наследник

Утрински - 05.04.2005

Модерните принцови на Католичката црква од вчера се во Ватикан Сите кардинали се познаваат меѓусебно. Меѓутоа, тие не говорат со ист јазик ВАТИКАН - Во парадата на црвени шапки и појаси, модерните принцови на Римокатоличката црква вчера се упатија кон Болоњската сала, богата со фрески, во ...

Какви предизвици - таков папа

Дневник - 05.04.2005

НЕМА ИДЕАЛЕН ТИП ЗА НАСЛЕДНИК НА ЈОВАН ПАВЛЕ ВТОРИ Ватикан нема изградено идеален модел во кој би се вклопил новиот папа, а кардиналите со години се расправаат какви способности треба да го красат новиот лидер на Римокатоличката црква.

Најмногу кардинали - од Италија

Дневник - 05.04.2005

КОЈ ЌЕ ГЛАСА НА СОСТАНОКОТ НА КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕРЕ НОВИОТ ПАПА Вкупно 117 кардинали од 52 земји ќе учествуваат на конклавата (изборот) за нов папа. Другите 66 кардинали не ги исполнуваат условите за гласање затоа што се постари од 80 години.

Нов состанок на кардиналите, ќе се утврдува датумот за избор на нов папа

Макфакс - 05.04.2005

Ватикан Кардиналите на Римокатоличката црква денеска повторно ќе одржат состанок во Ватикан за да го утврдат датумот на избор на наследникот на починатиот папа Јован Павле Втори, соопштено е од Ватикан. Во седиштето на Римокатоличката црква се уште пристигаат кардиналите од целиот свет.

Се разгорува битката за избор на нов папа

Макфакс - 05.04.2005

Ватикан Два дена пред почетокот на конклавата за избор на нов папа, меѓу кардиналите што ќе учествуваат во гласањето се разжестува битката меѓу “конзервативните“ и “прогресивните“ сили, јавуваат италијанските медиуми. Како неофицијален лидер на конзервативците се смета германскиот кардинал Јозеф ...

Процедура на погреб и избирање нов папа

А1 - 04.04.2005

Римократоличката црква се подготвува за јасно утврдената процедура за верификација на смртта на папата и за избор на новиот поглавар, бидејќи Ватикан и официјално соопшти дека здравствената состојба на папата Јован Павле Втори е крајно сериозна.

Кардиналите и белиот чад ќе ја соопштат веста

Време - 04.04.2005

ИЗБОР НА НОВ ПАПА Правилата на Светиот стол на Римокатоличката црква предвидуваат најдоцна десет дена по смртта на папата да се свика Советот на кардиналите, составен од 122 кардинали. Од нив, тие што се под 80-годишна возраст се кандидати за нов папа.

Папата е мртов

Вест - 04.04.2005

ВАТИКАН ГО ИЗГУБИ СВОЈОТ ДУХОВЕН ТАТКО КОЈ ЈА ВОДЕШЕ ЦРКВАТА 26 ГОДИНИ ВАТИКАН (Ројтерс/АП) - Папата Јован Павле Втори, чие 26-годишно папство помогна да се порази комунизмот во Европа но ја подели римокатоличката црква поради неговата ригорозна ортодоксност, умре завчера по по ВАТИКАН (Ројтерс/АП) ...

Јован Павле Втори го воведе моделот на доживотен папа

Утрински - 04.04.2005

Процесот на избор на нов папа изминативе неколку века претрпе многу промени По смртта на папата Јован Павле Втори, треба да се одбере нов папа. Процесот на селекција во изминативе неколку века претрпе многу промени, а најновите измени беа внесени од досегашниот папа.

Златен пехар наместо гласачка кутија

Дневник - 04.04.2005

Периодот од смртта на папата до изборот на неговиот наследник е исполнет со антички ритуали и живописни церемонии во славни историски објекти, каква што е Систинската капела, живописана од Микеланџело. За овој период се користи латинскиот збор интеррегнум (меѓу владетелите).

Нема фаворит за папскиот трон

Дневник - 04.04.2005

КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПАПАТА ЈОВАН ПАВЛЕ ВТОРИ? За разлика од претходните избори на папа, денес нема јасен фаворит што би го наследил Јован Павле Втори во тронот на Светата столица. Теоретски, за нов папа може да биде избран кој било машки римокатолик, но обично тоа е некој од кардиналите.

Почна обложување за нов папа

Макфакс - 04.04.2005

Даблин Обложувалниците во Ирска од денеска почнаа да примаат уплати за тоа кој ќе биде новиот папа. Според типувањето на првите 5,000 луѓе, најголеми фаворити за наследник на папата Јован Павле Втори се кардиналите Диониџи Тетаманѕи од Италија, и Франсис Аринзе од Нигерија.

Кардиналите денеска за деталите на погребот на Папата

Макфакс - 04.04.2005

Рим Кардиналите на Римокатоличката црква на денешниот состанок во Ватикан треба да донесат одлука за датумот на погребот на Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата доцна навечер. Телото на Папата облечено во посебна одежда три дена ќе биде изложено во Базиликата свети Петар во Ватикан.

Инаугуриран новиот папа

Макфакс - 04.04.2005

Ватикан Новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Бенедикт XVI денеска беше инаугуриран на свечена миса на Плоштадот Свети Марко во Ватикан, при што му беа предадени наметка и прстен со ликот на Свети Петар. На наметката се извезени црвени крстови што ја симболизираат Исусовата крв, додека на ...

Инаугуративна миса на новиот папа Бенедикт XVI

Макфакс - 04.04.2005

Ватикан Инагуративна миса за новиот папа Бенедикт XVI ќе се одржи денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Како што јавуваат италијанските медиуми, од утринава колони верници, свештеници, политичари, почнале да пристигнуваат на плоштадот, каде што ќе присуствуваат на инаугурацијата на новиот ...