TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Судскиот процес за „Политковскаја“ одложен

А1 - 20.11.2008

Судскиот процес против три лица обвинети за убиството на новинарката Ана Политковскаја во 2006 година одложен е за 1 декември. Како причина за одложувањето на судењето се наведува зафатеноста на еден од адвокатите на обвинетите. Семејството на убиената руска новинарка одамна ги критикува судските власти дека го пролонгираат делото, за да му овозможат на извршителот да избега од земјата.

Судењето за убиството на новинарката Пилитковкаја зад затворени врати

Вест - 20.11.2008

МОСКВА, 20 ноември (Ројтерс) - Судскиот процес против тројцата обвинети за вмешаност во убиството на руската новинарка Ана Политковскаја ќе биде затворен за јавноста, соопшти судијата. Кога почна процесот во понеделникот судијата Јевгени Зубов најави дека ќе биде отоврен процес. Но вчера ја смени одлуката велејќи дека поротата не сакала да влезе во судницата во присуство на медиумите.

Судењето за убиството на Политковскаја забрането за новинари

А1 - 19.11.2008

Судијата Евгениј Зубаков, кој го води делото за убиството на новинарката Ана Политковскаја, одлучи судскиот процес да продолжи зад затворени врати. Тој објасни дека членовите на поротата, кои биле одбрани вчера, одбиваат да влезат во судницата во присуство на новинарите.

Судење без новинари!

Вечер Прес - 19.11.2008

Судијата Евгениј Зубаков, кој го води делото за убиството на новинарката Ана Политковскаја, одлучи судскиот процес да продолжи зад затворени врати. Тој објасни дека членовите на поротата, кои биле одбрани завчера, одбиваат да влезат во судницата во присуство на новинарите, пренесе МИА.

Почна судење за убиството на новинарката Политковскаја

Утрински - 18.11.2008

Осомничениот убиец, кој ја уби новинарката пред нејзиниот дом во Москва, и понатаму е во бегство. МОСКВА - Неколку лица се изведени пред судот во Москва под обвинение дека ковале заговор за убиство на познатата руска новинарка Ана Политковскаја во 2006 година. Судскиот процес се очекува да се одржи зад затворени врати во воениот суд.

Судење за убиството на Политковскаја

BBC - 17.11.2008

Неколку лица денес ќе се појават на судење во Москва, под обвинение за вмешаност во убиството на руската новинарка Ана Политковскаја, извршено пред две години. Случајот се разгледува во воен суд и се очекува да биде затворен за јавноста. Политковскаја беше застрелана во нејзиниот стан во нешто што личеше на нарачано убиство.

Почна судењето за убиството на Ана Политковскаја

Макфакс - 17.11.2008

Судењето на обвинетите за убиството на руската новинарка Ана Политковскаја почна денеска во Москва, а по одлука на судот, тоа е отворено за јавноста. Дмитриј Муратов, главниот уредник на „Нова газета“, каде работеше Политковскаја, на почетокот од судењето рече дека отвореноста дава можност за објективност на судскиот процес.

Отворено судење за убиството на Политковскаја

Форум - 17.11.2008

Рускиот суд одлучил, денеска, судењето на тројцата обвинети за учество во убиството на новинарката Ана Политковскаја, да биде отворено за јавноста. Московскиот окружен воен суд ја донесол оваа одука по изнесените мислења на колегите на Политковскаја и на обвинетите. И едните и другите сакале отворено судење, јавуваат светските медиуми.