TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Заев во Струмица пред општинската зграда го дочекаа семејството и негови поддржувачи

Канал5 - 03.08.2008

Првата прегратка за добредојде струмичкиот градоначалник Зоран Заев утрово во Струмица ја доби од видно растреперениот татко Панче.

Во шест часот рано изутрината Зоран Заев и неговите петмина соработници излегоа од притвор

Канал5 - 03.08.2008

14 часа траеше процедурата за спроведување на решенијата за аболиција на струмичкиот градоначалник и неговите петмина соработници потпишани од претседателот Бранко Црвенковски. Точно во 6 утрината шесттемина излегоа од притвор.

Никола Бабамов обвини приврзаници на Заев за упад во неговиот дом во Струмица

Канал5 - 03.08.2008

Претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица денеска во изјава дадена пред Парламентот во Скопје обвини приврзаници на Зоран Заев за упад во неговиот дом во Струмица и за малтретирање на неговото семејство. „Поддржувачите на Зоран Заев ова утро околу 6:15 ч.

Заев: Власта ги употреби сите свои механизми за вршење максимален притисок врз судството

Нетпрес - 03.08.2008

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој што изутринава заедно со своите пет соработници беа пуштени од притвор со одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, а врз основа на потпишаната аболиција од претседателот Црвенковски, на денешната пресконференција истакна дека власта со сите ...

Заев жали што не може да ја докаже невиноста

Кирилица - 03.08.2008

По ослободувањето од притворот изутрината, во раните претпладневни часови струмичкиот градоначалник Зоран Заев , стигна во Струмица каде во седиштето на општинското Собрание, им се заблагодарил на сите оние кои го поддржувале.

Заев и соработниците на слобода

Кирилица - 03.08.2008

- Одлуката лично не сум ја видел, но знам дека Кривичниот совет состанокот го почна во 1.30 часот а го заврши во 5.00 часот утрово.

Зоран Заев на слобода

Нетпрес - 03.08.2008

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите петмина соработници, кои беа во притвор поради кривично гонење за случајот „Глобал“ во Струмица, изутринава од истражниот затвор „Шуто Оризари“ беа пуштени на слобода.

Ослободен струмичкиот градоначалник

Макфакс - 03.08.2008

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петтемина општински соработници, по аболицијата на претседателот Црвенковски, изутрината се пуштени од истражниот затвор во Шуто оризари.

ЗОРАН ЗАЕВ И СОРАБОТНИЦИТЕ УШТЕ ВЕЧЕРВА НА СЛОБОДА!?

Сител - 02.08.2008

ЗОРАН ЗАЕВ И СОРАБОТНИЦИТЕ УШТЕ ВЕЧЕРВА НА СЛОБОДА!? Адвокатите на струмичкиот градоначалник вечерва се пред истражниот затвор во Шутка во очекување Зоран Заев и неговите пет соработници да излезат од притвор - јавува Сител.

Блокиран патот од Струмица кон Валандово

А1 - 01.08.2008

По блокадите кон Скопје и Бугарија, денеска еден час беше во прекин сообраќајот на патот од Струмица кон Валандово. Членови на здружението „Правда за праведните“ и симпатизери на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници, уште еднаш дојдоа да го искажат својот револт за нивното притворање.

Половина милион евра за слободата на Заев

Време - 01.08.2008

Последните сведоци во случајот со струмичкиот градоначалник Зоран Заев за трговскиот центар „Глобал“ вчера сведочеа пред истражниот судија со што заврши распитот.

Кој го затвори Заев

Утрински - 01.08.2008

Личната судбина на Зоран Заев, младиот и харизматичен струмички градоначалник, на искушение во притвор, се претвара во типична одредница на македонското општество во една деликатна историска фаза.

Блокада на магистралата Струмица- Валандово во знак на поддршка на Заев

Канал5 - 01.08.2008

Граѓанското здружение Правда за праведните денеска го блокираше магистралниот пат Струмица-Валандово на клучката кај селото Куклиш. При едночасовната блокада се пропуштаа само возила на Брза помош и други итни случаи.

Струмичани нудат имоти во замена за ослободување на Заев

Утрински - 01.08.2008

Сведоците Ефтим и Гиго Цуреви, наводно, пред истражниот судија негирале дека добиле надомест за земјиштето на кое е изграден Трговскиот центар „Глобал“ Струмичани нудат имоти како гаранција за ослободување на Заев Љубиша Станковиќ Со распит на последните четворица сведоци, вчера во Кривичното ...

ГОЛЕМ МИТИНГ ВО СТРУМИЦА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗАЕВ

Сител - 01.08.2008

И јас сум Зоран Заев, упасете ме мене. Со оваа максима се завршуваше говорот на секој кој вчеравечер застана пред микрофонот на протестниот митинг во Струмица давајќи подршка за притворениот градоначалник Зоран Заев и петмината негови соработници.

Јавното обвинителство против пуштање на Заев од притвор

Макфакс - 01.08.2008

Јавно обвинителство е против пуштањето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев од притвор. Негативното мислење на Обвинителството за понудената гаранција од половина милион евра во недвижнини, со која адвокатите гарантираат дека осомничените ќе останат достапни за судот, денеска го доставија до ...

Голем митинг во Струмица за ослободување на Заев

Нетпрес - 01.08.2008

И јас сум Зоран Заев, упасете ме мене. Со оваа максима се завршуваше говорот на секој кој вчеравечер застана пред микрофонот на протестниот митинг во Струмица давајќи подршка за притворениот градоначалник Зоран Заев и петмината негови соработници.

Обвинителството против ослободување на Заев

Кирилица - 01.08.2008

Јавното обвинителство денеска до Судот го достави негативното мислење за ослободувањето на струмичкиот градоначалник, Зоран Заев за што се нудела гаранција од половина милион евра во недвижнини, со која адвокатите гарантираат дека осомничените ќе останат достапни за судот.

ЗАЕВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР

Сител - 01.08.2008

Јавното обвинителство не ја прифати кауцијата за Зоран Заев и неговите соработници. Одговорот на барањето за мислење е негативен, обвинителство смета дека треба да останат во притвор. Заев и соработниците немаат можност на кауција коментира јавниот обвинител.

Заев и соработниците нудат половина милион евра за да се бранат од слобода

Н.Македонија - 01.08.2008

Имот вреден половина милион евра нудат струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите пет соработници како гаранција за да се бранат од слобода. Секој од нив понудил имот вреден околу 80.000 евра или 5 милиони денари.

Заев не сака аболиција, но не ја исклучува

А1 - 31.07.2008

Заев не сака аболиција, зашто смета дека не направил никаков криминал и судски ќе го докаже тоа. Меѓутоа истовремено, не ја отфрла таквата опција понудена од Претседателот, доколку продолжел политичкиот прогон и судските игри против него. Адвокатите ќе се обидат најпрво тој да се брани од слобода.

Струмичани го блокираа патот кон Бугарија

А1 - 31.07.2008

Членови и симпатизери на СДСМ, како и граѓани кои се револтирани од апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите соработници, претпладнево го блокираа меѓународниот пат кон Република Бугарија.

Блокадата на Правдина за праведните продолжи на патот Струмица - Ново Село - Бугарска граница

Канал5 - 31.07.2008

Едночасовна блокада на регионалниот пат Струмица - Ново Село - Бугарска граница. Со вообичаениот декор од транспаренти, свирчиња, и скандирања групата се движеше кон Струмица. За момент крстосницата од влезот на градот се блокира. Не се дозволи движење на возилата.

Газдите на земјиштето на кое е изграден „Глобал“ два пати биле обесштетени?

Утрински - 31.07.2008

Пред истражен судија говореа семејствата Божинкочеви и Трендови, кои го побаруваат земјиштето Љубиша Станковиќ Две од трите семејства кои го побаруваат земјиштето на кое е изграден Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица вчера сведочеа во Кривичното одделение на Основниот суд Скопје 1 во предметот ...

Блокиран патот Струмица - Радовиш како поддршка на Заев

Вест - 31.07.2008

Сообраќајот на патниот правец Струмица - Радовиш вчера околу еден час беше блокиран од членовите на здружението за поддршка на градоначалникот на Струмица "Правда за праведните".

Струмица го чека Заев на улица

Време - 31.07.2008

Стотина граѓани, членови на СДСМ и симпатизери, вчера го блокираа патот Струмица - Скопје, кај клучката за селото Добрашинци, во знак на протест поради апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев.

Заев не сака аболиција

Канал5 - 31.07.2008

Зоран Заев не сака аболиција, пренесуваат неговите адвокати затоа што не сторил никаков криминал и тоа ќе го докажел во судски процес, но таквата законска можност на претседателот останува доколку продолжи политичкиот прогон против градоначалникот и неговите соработници , велат адвокатите.

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ОДБРАНА ОД СЛОБОДА НА ЗАЕВ И СОРАБОТНИЦИТЕ

Сител - 31.07.2008

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ОДБРАНА ОД СЛОБОДА НА ЗАЕВ И СОРАБОТНИЦИТЕ 30 милиони денари за слободата на Заев и неговите соработници. Адвокатскиот тим на шестмината осмничени го предаде барањето за укинување на мерката притвор.

Меѓународниот пат кон Бугарија блокиран

Кирилица - 31.07.2008

Членови на Социјал демократскиот сојуз и граѓани кои се револтирани од апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите соработници денес до 14 часот ќе го блокираа меѓународниот пат кон Бугарија.

Со митинзи и блокади против Судот!

Вечер Прес - 31.07.2008

Претставници на, како што тврдат, 33 граѓански организации од Струмица, вчера, пред истражниот затвор во Шутка, дури по шест дена од притворањето на градоначалникот Зоран Заев, решија да дојдат во Скопје и пред истражниот затвор да го изразат својот револт.

Сведоците не знаеле дека примиле пари за трговскиот центар „Глобал“

Н.Македонија - 31.07.2008

Првите сведоци во случајот што се води против струмичкиот градоначалник Зоран Заев вчера беа сослушани од истражен судија во кривичниот суд.

Продолжува истрагата за случајот „Глобал“

А1 - 30.07.2008

Семејствата Божинкочеви и Трендови по три часа кај истражниот судија ги избегнаа дополнителни прашања преку задниот влез на судот. Адвокатите на Заев тврдат дека по распитот на четворицата сведоци, се покажало дека семејствата немаат основа да тужат, ниту да се обвинува струмичкиот градоначалник.

Струмичани продолжуваат со протести за Заев

А1 - 30.07.2008

Со блокади и протести струмичани трет ден им даваат поддршка на градоначалникот Зоран заев и неговите соработници. Денеска два часа беше блокиран патот Струмица-Скопје.

Блокада на патот Радовиш - Струмица

Канал5 - 30.07.2008

Три часа влезот во Струмица од правецот на Радовиш беше блокиран од стотина членови на здружението на граѓани Правдина за праведните. Блокадата е нивен израз на незадоволство од притворањето на градоначалникот и петтемина негови соработници. Блиските контакти со нервозните возачи беше неодминлива.

Марш за слобода на Заев

Дневник - 30.07.2008

Со марш по улиците на Струмица и со блокада на патот кон Скопје, неколку илјади члена и симпатизери на СДСМ и граѓани вчера продолжија да им искажуваат поддршка на струмичкиот градоначалник и на неговите петмина соработници, кои се во притвор во истражниот затвор во Скопје.

Притворот на Зоран Заев прекина концерт

Дневник - 30.07.2008

Притворот на Зоран Заев прекина концерт Целовечерниот концерт на Оркестарот за изворна музика на кочанскиот Центар за култура „Бели мугри“ во понеделникот вечерта во Струмица бил прекинат од поголема група граѓани, кои протестирале против притворањето на градоначалникот Зоран Заев.

Струмица се отцепува?

Време - 30.07.2008

Сузана Тасева Наташа Јанчиќ Општинската администрација и комуналците во Струмица, во знак на протест за апсењето на нивниот градоначалник Зоран Заев, од вчера почнаа „бел штрајк“, а граѓани на Струмица одржаа протестен марш по улиците на градот.

Струмичани останаа без документи

Вест - 30.07.2008

Од вчера струмичани не можат да добиваат никакви документи кои се во надлежност на Општината бидејќи цела општинска администрација одлучи да штрајкува поради притворањето на градоначалникот Заев и неговите соработници. Паралелно, замрзнати се и сите проекти кои ги работеше Општината.

Протестираат струмичките административци

Утрински - 30.07.2008

СТРУМИЦА - Вработените во општинската администрација и ЈП „Комуналец“ од вчера протестираат со неисполнување на работните обврски. Причина е притворањето на градоначалникот Зоран Заев и на неговите соработници. „По притворањето на Заев и неговата екипа, Општината не може да функционира.

Истрагата за Заев продолжува со распит на сведоци

Дневник - 30.07.2008

Со осум сведоци и со материјално-финансиско вештачење ќе продолжи истрагата за струмичкиот градоначалник Зоран Заев, кој со петтемина соработници е во притвор во затворот „Скопје“. Тие се осомничени дека злоупотребиле 7 милиони евра при изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

Започна испитот на сведоците во врска со случајот Зоран Заев

Канал5 - 30.07.2008

Струмичките семејства Божинкочеви и Трендови двапати наплатиле отштета од државата за земјиштето на кое е изграден трговскиот центар Глобал - еднаш за експропријација и вторпат за денационализација.

РАСПИТ НА СВЕДОЦИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ ЗАЕВ

Сител - 30.07.2008

Првите сведоци во случајот Заев ги завршија своите искази. Семејствата Божинкочеви и Трендови ги објасниле постапките за сопственоста на имотот, на кој е изграден трговскиот центар Глобал.

Поради притворот на Заев блокиран патот Струмица-Радовиш

Кирилица - 30.07.2008

Претпладнево струмичани го блокирале магистралнит пат Струмица-Радовиш кај винарската визба на Грозд, во знак на револт и поддршка на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на неговите петмина соработници.

Првите сведоци за Заев утре пред истражен судија

А1 - 29.07.2008

Утре кај истражниот судија ќе се појават првите од неколкуте сведоци за случајот Заев, пред се семејствата кои тужат за земјиштето каде што е изграден деловниот центар. Токму адвокатите со документи и денеска убедуваа дека ниту обвинението, ниту притворот не се издржани по ниедна точка.

Струмичката администрација бара ослободување на Заев

А1 - 29.07.2008

Вработените во Општинската администрација и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ денеска ќе седат на своите места, но нема да ги извршуваат работните задачи. Вака ќе протестираат се до ослободувањето на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници.

Зоран Заев во 30-дневен притвор

Вест - 29.07.2008

Зоран Заев и неговите соработници, осомничени за злоупотреба на службената должност за изградбата на трговскиот центар "Глобал", од завчеравечер се во 30-дневен притвор.

Кривичниот совет одредил притвор за Заев за да не го повторел делото

Утрински - 29.07.2008

На решението на Кривичниот совет се чекаше цели шест часа за да се обелодени дека има притвор за сите осомничени Љубиша Станковиќ Судскиот совет на скопскиот кривичен суд смета дека постои реална оправданост за определување мерка притвор за струмичкиот градоначалник Зоран Заев, бидејќи проценил ...

Струмичани револтирани од притворањето на својот градоначалник

Утрински - 29.07.2008

Вчера беа отворени неколку пункта за собирање потписи во знак на поддршка на градоначалникот СТРУМИЦА - Струмица вчера беше во шок од завчерашното притворање на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници.

Заев во затворот „Шутка“

Време - 29.07.2008

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петтемина негови соработници од неделата вечер се наоѓаат во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 им изрече 30-дневен притвор.

Жив штит за полицијата, потписи за судот

Време - 29.07.2008

Шокирани, изненадени и револтирани беа вчера многу струмичани по завчерашното спроведување на градоначалникот Зоран Заев и неговите петмина соработници во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

ДНЕВНИК: Струмичани не го одбранија Заев од притворот

Нетпрес - 29.07.2008

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев беше пренесен во Истражниот затвор „Скопје“, откако Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1 определи притвор за него и за четворицата осомничени за случајот со трговскиот центар „Глобал“.

ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО СТРУМИЦА

Сител - 29.07.2008

СТРУМИЧАНИ НА МИРЕН ПРОТЕСТ ЗА ПОДДРШКА НА ЗАЕВ ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО СТРУМИЦА Над 200 вработени од општинската администрација и во ЈП за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица денека започна мирен протест на неодредено време во знак на поддршка на ...

Заев на радио во Шутка ќе го слуша доделувањето на наградата за „Глобал“

Н.Македонија - 29.07.2008

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, нема да присуствува на доделувањето на признанието од Советот на Европа за изградбата на трговскиот центар „Глобал“. Еден ден пред доделувањето, Заев и неговите пет соработници завршија во притвор - токму поради изградбата на трговскиот центар.

Струмичани бараат ослободување на Заев

А1 - 28.07.2008

Синоќа околу 22 часот, струмичкиот градоначалник Зоран Заев пред своите сограѓани беше испратен на пат кон затворот во Шутка. Солзи и извици „Не те даваме Зоки“ громогласно одекнуваа пред општинското Собрание.

Заев во истражен затвор

А1 - 28.07.2008

Градоначалникот на Струмица и потпретседател на опозициониот СДСМ Зоран Заев доцна синоќа е пренесен во истражен затвор , по одлуката за притвор што ја донесе Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1.

Заев повторно во притвор

BBC - 28.07.2008

Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на струмица Зоран Заев од синоќа се наоѓа во истражниот затвор во Шутка. Во затворот се и петтемина негови соработници кои заедно со него се соминичат за злоупотреба на службената положба и овластувањата околу изградбата на трговскиот центар Глобал во ...

Заев од синоќа е во притвор во „Шуто Оризари“

А1 - 28.07.2008

Заев од половина час полноќ е во келијата во Шутка. Заедно со петмината обвинети беа донесени со силно полициско обезбедување, кое остана уште некое време, откако беа внесени во затворот. Заев заврши зад решетки по упорноста на Обвинителството и на Кривичниот совет така да биде.

ЗОРАН ЗАЕВ ВО ИСТРАЖЕН ЗАТВОР

Телма - 28.07.2008

Заев за одлуката за притвор беше известен во општинската зграда во Струмица, каде се собраа голем број граѓани, кои реагираа на судската одлука и се обидоа да го спречат градоначалникот доброволно да замине во истражниот затвор.

Кривичниот совет со одлука за притворање на Заев

Утрински - 28.07.2008

Кривичниот совет на Одделението за борба против организираниот криминал при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за 30 дена притвор за струмичкиот градоначалник. Совет заврши со заседавање, но одлуката засега не ја соопштува јавно.

Заев од полноќ е во притвор во Шуто Оризари

Канал5 - 28.07.2008

Нема никакви аргументи за одлуката на Кривичниот совет на судот кој одреди притвор за Зоран Заев - таа е паушална и е против законската одлука на истражниот судија - коментира тимот адвокати на струмичкиот градоначалник откако час по полноќ Заев и неговите петмина соработници беа пренесени од ...

Струмичани собираат потписи за поддршка на својот градоначалник

Канал5 - 28.07.2008

- Добар беше, види што направи. Фонтани прскаат, убавина. Не смеат да го затвораат - вели една жителка на Струмица. Огорчени и лути, струмичани денеска со потписи во знак на поддршка за својот градоначалник кој од синоќа, по одлука на кривичниот совет на скопска единица, замина на издржување на ...

Струмичани не го одбранија Заев од притворот

Дневник - 28.07.2008

СДСМ вчера испрати писма до сите меѓународни организации што се занимаваат сочовековите права, а неговите градоначалници се повлекуваат од ЗЕЛС со образложение оти притворањето е „удар врз процесот на децентрализација“ Градоначалникот на Струмица Зоран Заев завчеравечер беше пренесен во Истражниот ...

За струмичкиот градоначалник 30-дневен притвор

Канал5 - 28.07.2008

Скопје, 28 јули (МИА) - Судскиот совет на скопскиот Основен суд 1 синоќа одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, Заев бил однесен во Истражниот затвор во Скопје.

Обвинителот бара притвор за Заев

Време - 28.07.2008

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера со часови расправаше дали струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петтемина негови соработници да бидат притворени, но до затворањето на весникот одлуката не беше соопштена.

Кривичниот совет на скопска единица одлучуваше дали Зоран Заев ќе оди во притвор

Канал5 - 28.07.2008

Цели шест часа Кривичниот совет на скопска единица одлучуваше дали струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите петмина соработници ќе одат во притвор или ќе останат на слобода за време на истрагата за случајот со трговскиот центар Глобал.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Кривичниот совет со одлука за притворање на Заев

Нетпрес - 28.07.2008

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Кривичниот совет со одлука за притворање на Заев Неофицијално Кривичниот совет на Одделението за борба против организираниот криминал при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за 30 дена притвор за струмичкиот градоначалник, објави “Утрински весник“ на својата интернет страница.

За Заев 30 дена притвор

Нетпрес - 28.07.2008

Судскиот совет на скопскиот Основен суд1 вчеравечер одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, заменик претседателот на СДСМ, бил однесен во скопскиот Истражен затвор.

ЗА СТРУМИЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР

Сител - 28.07.2008

Судскиот совет на скопскиот Основен суд 1 синоќа одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, Заев бил однесен во Истражниот затвор во Скопје.

Заев и петмината соработници во притвор во Шутка

Кирилица - 28.07.2008

Откако Кривичниот совет на скопскиот Основен суд еден, реши да му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на петмината соработници, Заев и петмината обвинети сами се јавиле во затворот во Шутка на издржување на притворот, нешто по полноќ.

Заев оди во притвор

Кирилица - 28.07.2008

јавуваат дека градоначалникот откако бил запознаен со одлуката на советот, која ја чекал во зградата на општината во Струмица, со сопственото возило ја напуштил општината и заминал на издржување на 30-дневната казна притвор.

Заев во истражен затвор

Макфакс - 28.07.2008

Градоначалникот на Струмица и потпретседател на опозициониот СДСМ Зоран Заев доцна синоќа е пренесен во истражен затвор, по одлуката за притвор што ја донесе Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1.

СДСМ го пушти низ вода Зоран Заев

Вечер Прес - 28.07.2008

Зоран Заев и петтемина соработници заминаа во притвор. Во неделата по полноќ со полицско комбе од Струмица беа пренесени во истражниот затвор. Специјални единици и полициски екипи ги пречекаа Заев и неговите соработници. Затворот во Шутка беше под силно обезбедување.

Зоран Заев ќе заврши во притвор?

Н.Македонија - 28.07.2008

Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд вчера во најстрога тајност расправаше дали на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на неговите пет соработници ќе им се одреди мерка притвор.