Првата прегратка за добредојде струмичкиот градоначалник Зоран Заев утрово во Струмица ја доби од видно растреперениот татко Панче.
14 часа траеше процедурата за спроведување на решенијата за аболиција на струмичкиот градоначалник и неговите петмина соработници потпишани од претседателот Бранко Црвенковски. Точно во 6 утрината шесттемина излегоа од притвор.
Претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица денеска во изјава дадена пред Парламентот во Скопје обвини приврзаници на Зоран Заев за упад во неговиот дом во Струмица и за малтретирање на неговото семејство. „Поддржувачите на Зоран Заев ова утро околу 6:15 ч.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој што изутринава заедно со своите пет соработници беа пуштени од притвор со одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, а врз основа на потпишаната аболиција од претседателот Црвенковски, на денешната пресконференција истакна дека власта со сите ...
По ослободувањето од притворот изутрината, во раните претпладневни часови струмичкиот градоначалник Зоран Заев , стигна во Струмица каде во седиштето на општинското Собрание, им се заблагодарил на сите оние кои го поддржувале.
- Одлуката лично не сум ја видел, но знам дека Кривичниот совет состанокот го почна во 1.30 часот а го заврши во 5.00 часот утрово.
Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите петмина соработници, кои беа во притвор поради кривично гонење за случајот „Глобал“ во Струмица, изутринава од истражниот затвор „Шуто Оризари“ беа пуштени на слобода.
Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петтемина општински соработници, по аболицијата на претседателот Црвенковски, изутрината се пуштени од истражниот затвор во Шуто оризари.
ЗОРАН ЗАЕВ И СОРАБОТНИЦИТЕ УШТЕ ВЕЧЕРВА НА СЛОБОДА!? Адвокатите на струмичкиот градоначалник вечерва се пред истражниот затвор во Шутка во очекување Зоран Заев и неговите пет соработници да излезат од притвор - јавува Сител.
По блокадите кон Скопје и Бугарија, денеска еден час беше во прекин сообраќајот на патот од Струмица кон Валандово. Членови на здружението „Правда за праведните“ и симпатизери на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници, уште еднаш дојдоа да го искажат својот револт за нивното притворање.
Последните сведоци во случајот со струмичкиот градоначалник Зоран Заев за трговскиот центар „Глобал“ вчера сведочеа пред истражниот судија со што заврши распитот.
Личната судбина на Зоран Заев, младиот и харизматичен струмички градоначалник, на искушение во притвор, се претвара во типична одредница на македонското општество во една деликатна историска фаза.
Граѓанското здружение Правда за праведните денеска го блокираше магистралниот пат Струмица-Валандово на клучката кај селото Куклиш. При едночасовната блокада се пропуштаа само возила на Брза помош и други итни случаи.
Сведоците Ефтим и Гиго Цуреви, наводно, пред истражниот судија негирале дека добиле надомест за земјиштето на кое е изграден Трговскиот центар „Глобал“ Струмичани нудат имоти како гаранција за ослободување на Заев Љубиша Станковиќ Со распит на последните четворица сведоци, вчера во Кривичното ...
И јас сум Зоран Заев, упасете ме мене. Со оваа максима се завршуваше говорот на секој кој вчеравечер застана пред микрофонот на протестниот митинг во Струмица давајќи подршка за притворениот градоначалник Зоран Заев и петмината негови соработници.
Јавно обвинителство е против пуштањето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев од притвор. Негативното мислење на Обвинителството за понудената гаранција од половина милион евра во недвижнини, со која адвокатите гарантираат дека осомничените ќе останат достапни за судот, денеска го доставија до ...
И јас сум Зоран Заев, упасете ме мене. Со оваа максима се завршуваше говорот на секој кој вчеравечер застана пред микрофонот на протестниот митинг во Струмица давајќи подршка за притворениот градоначалник Зоран Заев и петмината негови соработници.
Јавното обвинителство денеска до Судот го достави негативното мислење за ослободувањето на струмичкиот градоначалник, Зоран Заев за што се нудела гаранција од половина милион евра во недвижнини, со која адвокатите гарантираат дека осомничените ќе останат достапни за судот.
Јавното обвинителство не ја прифати кауцијата за Зоран Заев и неговите соработници. Одговорот на барањето за мислење е негативен, обвинителство смета дека треба да останат во притвор. Заев и соработниците немаат можност на кауција коментира јавниот обвинител.
Имот вреден половина милион евра нудат струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите пет соработници како гаранција за да се бранат од слобода. Секој од нив понудил имот вреден околу 80.000 евра или 5 милиони денари.
Заев не сака аболиција, зашто смета дека не направил никаков криминал и судски ќе го докаже тоа. Меѓутоа истовремено, не ја отфрла таквата опција понудена од Претседателот, доколку продолжел политичкиот прогон и судските игри против него. Адвокатите ќе се обидат најпрво тој да се брани од слобода.
Членови и симпатизери на СДСМ, како и граѓани кои се револтирани од апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите соработници, претпладнево го блокираа меѓународниот пат кон Република Бугарија.
Едночасовна блокада на регионалниот пат Струмица - Ново Село - Бугарска граница. Со вообичаениот декор од транспаренти, свирчиња, и скандирања групата се движеше кон Струмица. За момент крстосницата од влезот на градот се блокира. Не се дозволи движење на возилата.
Пред истражен судија говореа семејствата Божинкочеви и Трендови, кои го побаруваат земјиштето Љубиша Станковиќ Две од трите семејства кои го побаруваат земјиштето на кое е изграден Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица вчера сведочеа во Кривичното одделение на Основниот суд Скопје 1 во предметот ...
Сообраќајот на патниот правец Струмица - Радовиш вчера околу еден час беше блокиран од членовите на здружението за поддршка на градоначалникот на Струмица "Правда за праведните".
Стотина граѓани, членови на СДСМ и симпатизери, вчера го блокираа патот Струмица - Скопје, кај клучката за селото Добрашинци, во знак на протест поради апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев.
Зоран Заев не сака аболиција, пренесуваат неговите адвокати затоа што не сторил никаков криминал и тоа ќе го докажел во судски процес, но таквата законска можност на претседателот останува доколку продолжи политичкиот прогон против градоначалникот и неговите соработници , велат адвокатите.
ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ОДБРАНА ОД СЛОБОДА НА ЗАЕВ И СОРАБОТНИЦИТЕ 30 милиони денари за слободата на Заев и неговите соработници. Адвокатскиот тим на шестмината осмничени го предаде барањето за укинување на мерката притвор.
Членови на Социјал демократскиот сојуз и граѓани кои се револтирани од апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите соработници денес до 14 часот ќе го блокираа меѓународниот пат кон Бугарија.
Претставници на, како што тврдат, 33 граѓански организации од Струмица, вчера, пред истражниот затвор во Шутка, дури по шест дена од притворањето на градоначалникот Зоран Заев, решија да дојдат во Скопје и пред истражниот затвор да го изразат својот револт.
Првите сведоци во случајот што се води против струмичкиот градоначалник Зоран Заев вчера беа сослушани од истражен судија во кривичниот суд.
Семејствата Божинкочеви и Трендови по три часа кај истражниот судија ги избегнаа дополнителни прашања преку задниот влез на судот. Адвокатите на Заев тврдат дека по распитот на четворицата сведоци, се покажало дека семејствата немаат основа да тужат, ниту да се обвинува струмичкиот градоначалник.
Со блокади и протести струмичани трет ден им даваат поддршка на градоначалникот Зоран заев и неговите соработници. Денеска два часа беше блокиран патот Струмица-Скопје.
Три часа влезот во Струмица од правецот на Радовиш беше блокиран од стотина членови на здружението на граѓани Правдина за праведните. Блокадата е нивен израз на незадоволство од притворањето на градоначалникот и петтемина негови соработници. Блиските контакти со нервозните возачи беше неодминлива.
Со марш по улиците на Струмица и со блокада на патот кон Скопје, неколку илјади члена и симпатизери на СДСМ и граѓани вчера продолжија да им искажуваат поддршка на струмичкиот градоначалник и на неговите петмина соработници, кои се во притвор во истражниот затвор во Скопје.
Притворот на Зоран Заев прекина концерт Целовечерниот концерт на Оркестарот за изворна музика на кочанскиот Центар за култура „Бели мугри“ во понеделникот вечерта во Струмица бил прекинат од поголема група граѓани, кои протестирале против притворањето на градоначалникот Зоран Заев.
Сузана Тасева Наташа Јанчиќ Општинската администрација и комуналците во Струмица, во знак на протест за апсењето на нивниот градоначалник Зоран Заев, од вчера почнаа „бел штрајк“, а граѓани на Струмица одржаа протестен марш по улиците на градот.
Од вчера струмичани не можат да добиваат никакви документи кои се во надлежност на Општината бидејќи цела општинска администрација одлучи да штрајкува поради притворањето на градоначалникот Заев и неговите соработници. Паралелно, замрзнати се и сите проекти кои ги работеше Општината.
СТРУМИЦА - Вработените во општинската администрација и ЈП „Комуналец“ од вчера протестираат со неисполнување на работните обврски. Причина е притворањето на градоначалникот Зоран Заев и на неговите соработници. „По притворањето на Заев и неговата екипа, Општината не може да функционира.
Со осум сведоци и со материјално-финансиско вештачење ќе продолжи истрагата за струмичкиот градоначалник Зоран Заев, кој со петтемина соработници е во притвор во затворот „Скопје“. Тие се осомничени дека злоупотребиле 7 милиони евра при изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Струмичките семејства Божинкочеви и Трендови двапати наплатиле отштета од државата за земјиштето на кое е изграден трговскиот центар Глобал - еднаш за експропријација и вторпат за денационализација.
Првите сведоци во случајот Заев ги завршија своите искази. Семејствата Божинкочеви и Трендови ги објасниле постапките за сопственоста на имотот, на кој е изграден трговскиот центар Глобал.
Претпладнево струмичани го блокирале магистралнит пат Струмица-Радовиш кај винарската визба на Грозд, во знак на револт и поддршка на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на неговите петмина соработници.
Утре кај истражниот судија ќе се појават првите од неколкуте сведоци за случајот Заев, пред се семејствата кои тужат за земјиштето каде што е изграден деловниот центар. Токму адвокатите со документи и денеска убедуваа дека ниту обвинението, ниту притворот не се издржани по ниедна точка.
Вработените во Општинската администрација и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ денеска ќе седат на своите места, но нема да ги извршуваат работните задачи. Вака ќе протестираат се до ослободувањето на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници.
Зоран Заев и неговите соработници, осомничени за злоупотреба на службената должност за изградбата на трговскиот центар "Глобал", од завчеравечер се во 30-дневен притвор.
На решението на Кривичниот совет се чекаше цели шест часа за да се обелодени дека има притвор за сите осомничени Љубиша Станковиќ Судскиот совет на скопскиот кривичен суд смета дека постои реална оправданост за определување мерка притвор за струмичкиот градоначалник Зоран Заев, бидејќи проценил ...
Вчера беа отворени неколку пункта за собирање потписи во знак на поддршка на градоначалникот СТРУМИЦА - Струмица вчера беше во шок од завчерашното притворање на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници.
Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петтемина негови соработници од неделата вечер се наоѓаат во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 им изрече 30-дневен притвор.
Шокирани, изненадени и револтирани беа вчера многу струмичани по завчерашното спроведување на градоначалникот Зоран Заев и неговите петмина соработници во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев беше пренесен во Истражниот затвор „Скопје“, откако Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1 определи притвор за него и за четворицата осомничени за случајот со трговскиот центар „Глобал“.
СТРУМИЧАНИ НА МИРЕН ПРОТЕСТ ЗА ПОДДРШКА НА ЗАЕВ ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО СТРУМИЦА Над 200 вработени од општинската администрација и во ЈП за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица денека започна мирен протест на неодредено време во знак на поддршка на ...
Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, нема да присуствува на доделувањето на признанието од Советот на Европа за изградбата на трговскиот центар „Глобал“. Еден ден пред доделувањето, Заев и неговите пет соработници завршија во притвор - токму поради изградбата на трговскиот центар.
Синоќа околу 22 часот, струмичкиот градоначалник Зоран Заев пред своите сограѓани беше испратен на пат кон затворот во Шутка. Солзи и извици „Не те даваме Зоки“ громогласно одекнуваа пред општинското Собрание.
Градоначалникот на Струмица и потпретседател на опозициониот СДСМ Зоран Заев доцна синоќа е пренесен во истражен затвор , по одлуката за притвор што ја донесе Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1.
Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на струмица Зоран Заев од синоќа се наоѓа во истражниот затвор во Шутка. Во затворот се и петтемина негови соработници кои заедно со него се соминичат за злоупотреба на службената положба и овластувањата околу изградбата на трговскиот центар Глобал во ...
Заев од половина час полноќ е во келијата во Шутка. Заедно со петмината обвинети беа донесени со силно полициско обезбедување, кое остана уште некое време, откако беа внесени во затворот. Заев заврши зад решетки по упорноста на Обвинителството и на Кривичниот совет така да биде.
Заев за одлуката за притвор беше известен во општинската зграда во Струмица, каде се собраа голем број граѓани, кои реагираа на судската одлука и се обидоа да го спречат градоначалникот доброволно да замине во истражниот затвор.
Кривичниот совет на Одделението за борба против организираниот криминал при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за 30 дена притвор за струмичкиот градоначалник. Совет заврши со заседавање, но одлуката засега не ја соопштува јавно.
Нема никакви аргументи за одлуката на Кривичниот совет на судот кој одреди притвор за Зоран Заев - таа е паушална и е против законската одлука на истражниот судија - коментира тимот адвокати на струмичкиот градоначалник откако час по полноќ Заев и неговите петмина соработници беа пренесени од ...
- Добар беше, види што направи. Фонтани прскаат, убавина. Не смеат да го затвораат - вели една жителка на Струмица. Огорчени и лути, струмичани денеска со потписи во знак на поддршка за својот градоначалник кој од синоќа, по одлука на кривичниот совет на скопска единица, замина на издржување на ...
СДСМ вчера испрати писма до сите меѓународни организации што се занимаваат сочовековите права, а неговите градоначалници се повлекуваат од ЗЕЛС со образложение оти притворањето е „удар врз процесот на децентрализација“ Градоначалникот на Струмица Зоран Заев завчеравечер беше пренесен во Истражниот ...
Скопје, 28 јули (МИА) - Судскиот совет на скопскиот Основен суд 1 синоќа одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, Заев бил однесен во Истражниот затвор во Скопје.
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера со часови расправаше дали струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петтемина негови соработници да бидат притворени, но до затворањето на весникот одлуката не беше соопштена.
Цели шест часа Кривичниот совет на скопска единица одлучуваше дали струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите петмина соработници ќе одат во притвор или ќе останат на слобода за време на истрагата за случајот со трговскиот центар Глобал.
УТРИНСКИ ВЕСНИК: Кривичниот совет со одлука за притворање на Заев Неофицијално Кривичниот совет на Одделението за борба против организираниот криминал при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за 30 дена притвор за струмичкиот градоначалник, објави “Утрински весник“ на својата интернет страница.
Судскиот совет на скопскиот Основен суд1 вчеравечер одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, заменик претседателот на СДСМ, бил однесен во скопскиот Истражен затвор.
Судскиот совет на скопскиот Основен суд 1 синоќа одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, Заев бил однесен во Истражниот затвор во Скопје.
Откако Кривичниот совет на скопскиот Основен суд еден, реши да му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на петмината соработници, Заев и петмината обвинети сами се јавиле во затворот во Шутка на издржување на притворот, нешто по полноќ.
јавуваат дека градоначалникот откако бил запознаен со одлуката на советот, која ја чекал во зградата на општината во Струмица, со сопственото возило ја напуштил општината и заминал на издржување на 30-дневната казна притвор.
Градоначалникот на Струмица и потпретседател на опозициониот СДСМ Зоран Заев доцна синоќа е пренесен во истражен затвор, по одлуката за притвор што ја донесе Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1.
Зоран Заев и петтемина соработници заминаа во притвор. Во неделата по полноќ со полицско комбе од Струмица беа пренесени во истражниот затвор. Специјални единици и полициски екипи ги пречекаа Заев и неговите соработници. Затворот во Шутка беше под силно обезбедување.
Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд вчера во најстрога тајност расправаше дали на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на неговите пет соработници ќе им се одреди мерка притвор.