TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Косовската влада за непроменливост на границите

А1 - 29.04.2006

Владата на Косово го почитува во целост територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија и го потврдува принципот на непроменливост на границите во регионот. Овој став, косовскиот премиер Агим Чеку синоќа во телефонскиот разговор му го пренел на македонскиот премиер Владо Бучковски.

Бучковски и Чеку договорија средба за 5 мај во Скопје

А1 - 29.04.2006

Бучковски и Чеку дефинитивно се помирија и се согласија на 5 мај во Скопје да имаат, како што најавуваат, конструктивна средба. Но, засега не е јасно дали од средбата ќе излезат со конкретен договор околу демаркацијата или само со ново празно ветување.

Чеку ги омекна ставовите, постојат услови за средба во Скопје

Утрински - 29.04.2006

Владо Бучковски по изјавите на косовскиот премиер ОХРИД - Косовскиот премиер Агим Чеку веројатно сфатил дека даде неколку избрзани изјави околу демаркацијата на границата со Македонија и сега ја стивна атмосферата, со што се создадени предуслови за неговата посета на Македонија.

Бучковски драматизирал заради изборите, вели Приштина

Утрински - 29.04.2006

Косовскиот премиер Чеку со обвинувања и со нови гаранции за границата Договорот со Белград ќе се испочитува во практика и границата нема да се менува, изјави Чеку за "Фајненешел тајмс" Косовскиот премиер Агим Чеку ја префрли вчера топката кај премиерот Владо Бучковски, обвинувајќи го дека заради ...

Границата нема да се менува

Дневник - 29.04.2006

Нема да има промена на границата со Македонија по излегувањето на Косово од Србија и прогласувањето на формалната независност, рече косовскиот премиер на Косово Агим Чеку во интервју за „Фајненшел тајмс“. Чеку вели дека линијата за разделување, за која во 2001 година се согласија властите во ...

Нема промена на границата со Македонија

Вечер Прес - 29.04.2006

Нема да има промена на границата со Македонија по прогласувањето на формалната независност на Косово, изјави косовскиот премиер Агим Чеку, во неколку вчерашни интервјуа за странски медиуми. - Обележувањето на границата за Приштина е техничко прашање, а не политичко, и поради тоа не е извор на ...

Чеку: Нема да има промена на границата со Македонија

А1 - 28.04.2006

„Нема да има промена на границата со Македонија и по прогласувањето на формалната независноста на Косово“, изјави премиерот Агим Чеку. Предходно тој за софиска „Нова телевизија“ изјави дека демаркацијата на северната граница е прашање кое непотребно се драматизира.

Бучковски и Чеку со поблаги ставови за демаркацијата

А1 - 28.04.2006

Бучковски и Чеку се помируваат. По острото заладување на односите и меѓусебните закани, денеска двајцата премиери со поблаги ставови околу демаркацијата. Чеку во интервју за „Фајненшл тајмс“ делумно ги повлекува острите изјави и тврди дека нема да дозволи промена на границите, а демаркацијата ...

Не примајте го Чеку!

Време - 28.04.2006

ВМРО-НАРОДНА БАРА Премиерот Владо Бучковски да му ја откаже посетата на косовскиот премиер Агим Чеку, Владата да вложи остар демарш против изјавите за непризнавање на границата што можат да ја загрозат безбедноста на земјата и да побара од ОН одново да ја потврди валидноста на меѓудржавната граница.

Приштина сака нов договор за границата

Утрински - 28.04.2006

Потврда ПриШтина - Спорните прашања околу границата меѓу Македонија и Косово ќе бидат расчистени по утврдувањето на статусот на Косово. Ова за косовската телевизија РТВ 21 го изјави претседателот на косовското Собрание, Кољ Бериша, додавајќи притоа дека околу ова прашање непотребно се крева голема ...

Џафери: Изјавата на Чеку за границата е коректна!

Утрински - 28.04.2006

Лидерот на ДПА за демаркацијата кон Косово Лидерот на ДПА, Арбен Џафери, ја смета за сосема коректна изјавата на косовскиот премиер Агим Чеку и напоменува дека нема "нормален косовски политичар кој го смета за валиден договорот парафиран од официјален Белград".

Туѓа игра

Дневник - 28.04.2006

Најлошата опција е кога некој ќе ве вовлече во својата игра, па уште на ваша штета. Уште повеќе кога перфидно ќе почне да ги диктира правилата на играта за кои ниту сте се договарале, ниту сте ги очекувале ниту се водат од некакви принципи.

Чеку бара нови преговори за границатаКосовскиот премиер ја повика Македонија да почне да сфаќа оти има нов сосед

Дневник - 28.04.2006

Косовскиот премиер ја повика Македонија да почне да сфаќа оти има нов сосед Косовските власти не отстапуваат од ставот дека спорните прашања за границата помеѓу Македонија и Косово ќе се расчистуваат по утврдувањето на статусот на покраината и дека се крева голем прав.

Бучковски сепак не му ја откажа посетата на Чеку на Македонија

Канал5 - 28.04.2006

Косовскиот премиер на 5-ти мај ќе дојде во Скопје. Ова го договориле Бучковски и Чеку во вечерашниов телефонски разговор. Кабинетот на македонскиот премиер соопшти дека Чеку доаѓа со добри намери и заради зацврстување на меѓусебните односи. Косовскиот премиер на 5-ти мај ќе дојде во Скопје.

Чеку: Македонија за Косово е партнер

Канал5 - 28.04.2006

Косово ја гледа Македонија како стратешки партнер и во ниеден случај не сака нејзина дестабилизација, изјави во синоќешното интервју за бугарската “Нова Телевизија”, косовскиот премиер Агим Чеку. Софија, 28 април (МИА) - Косово ја гледа Македонија како стратешки партнер и во ниеден случај не сака ...

Агим Чеку за Фајненшал тајмс: Нема да има промена на границата со Македонија

Канал5 - 28.04.2006

Нема да има промена на границата со Македонија по излегувањето на Косово од Србија и прогласувањето на формалната независност, рече косовскиот премиер на Косово Агим Чеку во интервју за Фајненшел тајмс, јави дописникот на МИА од Лондон.

Кој косовски политичар ќе признае српска спогодба?

Вечер Прес - 28.04.2006

"Кој политичар во Косово ќе признае спогодба која во нивно име е потпишана од српската страна?". Вака лидерот на ДПА, Арбен Џафери, вчера го "објасни" ставот на косовскиот премиер Агим Чеку, дека "не ја признава границата кон Македонија и за демаркација би разговарал по дефинирањето на статусот на ...

Кољ Бериша: Границата кон Македонија ќе се дефинира по статусот

А1 - 27.04.2006

Спорните прашања околу границата меѓу Македонија и Косово ќе бидат расчистени по утврдувањето на статусот на Косово. Ова за косовската телевизија РТВ 21 го изјави претседателот на косовското Собрание Кољ Бериша, додавајќи при тоа, дека околу ова прашање непотребно се крева голема прашина.

Техничкото прашање за демаркацијата стана политички јазол

А1 - 27.04.2006

Техничкото прашање за демаркацијата стана политички јазол. Неизвесноста продолжува, ќе има или не средба меѓу премиерите на Македонија и Косово? Телефонскиот разговор Бучковски-Чеку најверојатно ќе се оствари утре, по што македонските власти ќе треба да решат дали да му го откажат гостопримството.

Бучковски ќе го тестира Чеку пред да го прими

Време - 27.04.2006

ОБЕЛЕЖУВАЊЕТО ГИ БРАНУВА ОДНОСИТЕ СКОПЈЕ - ПРИШТИНА Боби Христов Во телефонски разговор денеска или утре македонскиот премиер Владо Бучковски ќе се обиде да дознае дали неговиот косовски колега Агим Чеку ќе го смени ставот за непризнавање на договорот за границата, по што ќе реши дали ќе му ја ...

Груевски не верува во договор за границата

Време - 27.04.2006

ВМРО-ДПМНЕ Обележување на границата кон Косово треба да се случи што побрзо, но посетата на косовскиот премиер Агим Чеку нема да донесе никаков напредок за ова прашање, оцени вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Според него средбата Бучковски-Чеку ќе била само од ревијален карактер за ...

Заканите од Скопје не допираат до Приштина

Утрински - 27.04.2006

Откажувањето на посетата на Агим Чеку се уште останува во најава Портпаролката на Агим Чеку, Улпијана Љама, вчера за "Утрински весник" изјави дека немаат сигнали од македонска страна за откажување на посетата Слободанка Јовановска Премиерот Владо Бучковски и натаму размислува дали да ја откаже или ...

Македонија нема повторно да преговара за границата

Утрински - 27.04.2006

Претседателот Бранко Црвенковски за изјавата на косовскиот премиер Агим Чеку Иван Бојаџиски КОЧАНИ - Изјавата на премиерот на Косово, Агим Чеку дека не го признава договорот меѓу Скопје и Белград за демаркација на границата помеѓу Македонија и Косово, претседателот Бранко Црвенковски, при својата ...

Наместо демаркација, бизнис-форум со Косово?

Дневник - 27.04.2006

За премиерот Бучковски изјавата на Чеку дека не го признава договорот за границата била „несреќна“, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека посетата ќе биде од „ревијален карактер“ Посетата на косовскиот премиер Агим Чеку, најавена за на 5 мај, се' уште е неизвесна.

Се уште виси посетата на Чеку

Канал5 - 27.04.2006

Одговорот на дилемата - ќе има ли средба Бучковски-Чеку на 5-ти мај во Скопје, е пролонгиран најрано за утре. Се чека на телефонски разговор на двајцата премиери, по кој Бучковски треба да пресече. Одговорот на дилемата - ќе има ли средба Бучковски-Чеку на 5-ти мај во Скопје, е пролонгиран најрано ...

"ВЕЧЕР"ПОГОДИ ВО ЦЕНТАР

Вечер Прес - 27.04.2006

ДА, КОСОВСКОТО ЛОБИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ, ПЛАЌА И ДЕЈСТВУВА СО ЦЕЛ СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА ДА ОСТАНЕ ОТВОРЕНА, А ПОТОА СЛЕДИ НОВА КАРТОГРАФИЈА Пред две недели "Вечер" го објави мегаскандалот дека Владата се обидува готовото, и меѓународно прифатено решение за северната граница на Македонија да го ...

Бучковски можеби ќе му откаже гостопримство на Чеку

А1 - 26.04.2006

Агим Чеку на 5 мај тргнува за Скопје. Никој досега го нема известено дека е можно Македонија и премиерот Бучковски да му го откажат гостопримството по острите изјави околу демаркацијата на границата. Во Скопје, вели Чеку, доаѓал да зборува за друго, а не за границата.

Чеку во посета на Дебалде

А1 - 26.04.2006

Жителите на косовското село Дебалде ги поздравија гаранциите на премиерот Чеку, дека нема да потпише никаков документ, со кој ќе го признае договорот за границата од 2001-ва. Македонија ќе мора да потпише нов договор со Косово откако тоа ќе добие независност, е условот на Чеку.

Чеку ќе дошол со политичка изјава за границата

Утрински - 26.04.2006

Владата не се разочарува од сигналите од Приштина Косовскиот премиер не го признава договорот за границата, но ќе порачал дека ја смета за меѓудржавна Слободанка Јовановска Премиерот Агим Чеку на 5 мај ќе даде уште една усна изјава дека ја признава границата со Македонија како државна, и тоа ќе ...

Бучковски се двоуми дали да го прими Чеку

Дневник - 26.04.2006

Ако процениме дека прашањето добива политичка димензија, ќе бараме одлагање на посетата на Чеку, велат во Владата Македонскиот премиер Владо Бучковски може да му откаже гостопримство на косовскиот премиер Агим Чеку на 5 мај, ако не го смени ставот за прашањето за демаркацијата на границата, ...

Портпаролката на Чеку: За Косово од огромна важност се добри односи со Македонија

Канал5 - 26.04.2006

Косовската влада делумно го омекна ставот за демаркацијата на границата. По најавите од скопје дека Бучковски размислува да му го откаже гостопримството на Чеку на 5-ти мај, од Приштина стигнуваат поинакви тонови. Косовската влада делумно го омекна ставот за демаркацијата на границата.

Косово повторно не ја признава границата

Вечер Прес - 26.04.2006

Косовскиот премиер Агим Чеку на петти мај доаѓа во Скопје. Ќе се сретне со премиерот Владо Бучковски за да му каже дека Косово не ја признава спогодбата за границата меѓу Скопје и Белград. Чеку, завчера, во Приштина рече дека "спогодбата за границата постигната меѓу Скопје и Белград во 2001 година ...

Чеку: Спогодбата за границата меѓу Скопје и Белград не е валидна

А1 - 25.04.2006

Спогодбата за границата постигната меѓу Скопје и Белград во 2001 година не е валидна и не се признава од страна на косовската влада. Ова синоќа во Приштина го изјави косовскиот премиер, Агим Чеку, по средбата со лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија, Арбен Џафери.

Чеку и Џафери се за демаркација по статус

Дневник - 25.04.2006

На 5 мај ќе го посетам Скопје, но не доаѓам за да го решаваме прашањето за разграничувањето, порача од Приштина косовскиот премиер Агим Чеку Границите на Косово ќе се утврдат по решавањето на статусот на протекторатот. Ова е заедничкиот став на премиерот на Косово Агим Чеку и претседателот на ДПА ...

Бучковски ќе му ја откаже посетата на Чеку ако на 5 мај дојде без политичка согласност за границата

Канал5 - 25.04.2006

Бучковски нема да го прими Чеку на 5-ти мај во Скопје, ако косовскиот премиер остане на вчерашниот став за демаркацијата на границата. Бучковски нема да го прими Чеку на 5-ти мај во Скопје, ако косовскиот премиер остане на вчерашниот став за демаркацијата на границата.

АГИМ ЧЕКУ ДОАЃА НА 5-ТИ МАЈ, БЕЗ РЕШЕНИЕ ЗА ДЕМАРКАЦИЈАТА НА ГРАНИЦАТА

Канал5 - 24.04.2006

Новиот косовски премиер, не донесе нова политика за демаркацијата на границата. Агим Чеку доаѓа на 5-ти мај во Скопје, но без решение за отвореното прашање. Новиот косовски премиер, не донесе нова политика за демаркацијата на границата.