TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Иднината на проширувањето на ЕУ по ирското „НЕ“ засега неизвесна

Канал5 - 15.06.2008

Негативниот исход на ирскиот референдум за Лисабонскиот договор, утре ќе биде топ тема на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Негативниот исход на ирскиот референдум за Лисабонскиот договор, утре ќе биде топ тема на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ ...

Можно е запирање на проширувањето на ЕУ

А1 - 14.06.2008

Референдумот во Ирска на кој е отфрлен Лисабонскиот договор, може да предизвика запирање на проширувањето на Европската унијата. Ова предупредување стаса од претседателот на Европскиот парламент Ханс-Герт Потеринг. Можен исклучок од ваквиот развој на настаните е Хрватска, вели високиот Европски ...

Ирско "не" за реформата на ЕУ

Вест - 14.06.2008

НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР ДАБЛИН, 14 јуни (Ројтерс) - Ирските гласачи на референдум го отфрлија Лисабонскиот договор на Европската унија, соопшти вчера ирската влада, што би можело да ги закочи плановите за реформа на ЕУ.

Вчерашниот петок тринаесетти најцрн ден за Брисел

Утрински - 14.06.2008

Ирското вето на Лисабонскиот договор ја доведе ЕУ во поголема криза од таа во 2005 година Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел- Ирците вчера му ставија вето на Лисабонскиот договор доведувајќи ја Европската унија во поголема криза од таа во 2005 година, кога Французите и Холанѓаните го ...

Ирско „не“ за нова Европа

Дневник - 14.06.2008

На референдумот за ратификација на Лисабонскиот договор, на гласање излегле само околу 40 проценти од граѓаните на Ирска Ирските гласачи вчера на референдум го одбија Лисабонскиот договор, документ што на нови основи ги уредува односите во рамките на Европската Унија, јави Ројтерс.

Претстои ли милитаризација на ЕУ?

Дневник - 14.06.2008

Со новата безбедносна стратегија на ЕУ се актуализира слика на една унија со изразени амбиции на меѓународната политичка арена, кои не се разликуваат многу од амбициите преку кои се препознава офанзивната стратегија на САД. Никаде во Лисабонскиот договор не произлегува дека воена операција на ЕУ би ...

ЕУ: Да продолжи ратификација на Лисабонскиот договор

Канал5 - 14.06.2008

Голем број од државите од Европската уинија смета дека треба да се продолжи со ратификација на Лисабонскиот договор иако никој не реагира на негативните последици од неговото отфрлање на вчерашниот референдум во Република Ирска.

Ирското не на Лисабонскиот договор е не и за натамошно ширење на унијата

Канал5 - 14.06.2008

Брисел бара излез од новата криза откако вчера Ирска го отфрли Лисабонскиот договор, кој требаше да биде замена за амбициозниот Устав од 2005-та. Брисел бара излез од новата криза откако вчера Ирска го отфрли Лисабонскиот договор, кој требаше да биде замена за амбициозниот Устав од 2005-та.

Штајнмаер: Не е исклучена можноста за привремено излегување на Ирска од процесот на евро интеграција

Канал5 - 14.06.2008

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер не ја исклучи можноста за привремено излегување на Ирска од процесот на интеграција на Европската унија по негативниот резултат на референдумот за Лисабонскиот договор.

Ирците решаваат за реформа на ЕУ

Вечер Прес - 14.06.2008

Одѕивот на гласачите на референдумот во Ирска, на кој се одлучуваше за тоа дали да се прифати новата европска спогодба од Лисабон, е околу 45 отсто, јави Би-Би-Си, пренесувајќи дека тоа е минималниот процент кој е неопходен за позитивен исход на гласањето.

Ирците се против Лисабонскиот договор

А1 - 13.06.2008

Лисабонскиот договор доживеа фијаско на референдумот во Ирска. Малиот одзив од само 40% говори дека земјата јасно го изразила својот став околу Лисабонската спогодба. Со малата излезност, а со тоа и де факто одбивањето на Лисабонскиот договор веќе се става под знак прашање понатамошниот реформски ...

Велика Британија ќе го ратификува Договорот од Лисабон, дури и ако Ирците го отфрлат на референдум

Канал5 - 13.06.2008

Велика Британија ќе го продолжи процесот на ратификација на Договорот од Лисабон, дури и ако Ирска го отфрли на денешниот референдум, соопшти висок европски дипломат кој побарал анонимност. Брисел, 13 јуни (МИА) - Велика Британија ќе го продолжи процесот на ратификација на Договорот од Лисабон, ...

Ахерн најави неуспех на референдумот за лисабонската спогодба

Канал5 - 13.06.2008

Ирскиот министер за правда Дермонт Ахерн најави неуспех на референдумот за ратификација на Европската спогодба од Лисабон, објаснувајќи дека во повеќето изборни единици во земјата мнозинството гласови се против документот што треба да обезбеди реформирање на инситуциите во Европската Унија, јави ...

Ирците гласаат за спас на Европа

Време - 12.06.2008

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИДНИНАТА НА ЕУ Ирска денеска ќе гласа на референдум за Лисабонскиот договор, настан кој ја зголеми тензијата во ЕУ до точка на вриење, затоа што од исходот на гласањето зависи иднината на Договорот, но и на Унијата во целина.

Грчката опозиција бара референдум за Лисабонскиот договор

Утрински - 12.06.2008

Атина - Опозициските партии застапени во грчкиот парламент побараа да се организира референдум за Лисабонскиот договор. Договорот беше критикуван од најголемата опозициска партија Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), која побара да се спроведе референдум за него.

Ирското „не“ може да ја „закопа“ Лисабонската спогодба

Утрински - 12.06.2008

Референдум во Даблин за ратификација на спогодбата за институционални реформи на ЕУ Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Гласачите во Република Ирска денес на референдум ќе треба да одлучат за тоа дали ја прифаќаат или не Спогодбата од Лисабон, која во декември минатата година на ...

Грчката опозиција бара референдум за Лисабонскиот договор

А1 - 11.06.2008

Опозициските партии застапени во грчкиот Парламент побараа да се организира референдум за Лисабонскиот договор. Расправата во грчкиот Парламент за гласањето за овој договор треба да заврши вечерва и за него ќе се гласа поименично.

Кушнер предизвика гнев кај Ирците

А1 - 11.06.2008

Францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер, предизвика гнев кај ирските политичари со предупредувањето дека и самите тие ќе настрадаат, ако на утрешниот референдум во Ирска биде отфрлен Лисабонскиот договор, пишува денеска францускиот весник „Фигаро“.

Ирското „не“ за Лисабонската спогодба ќе го уназади европскиот процес

Утрински - 10.06.2008

Останува мала разликата меѓу оние што ја поддржуваат и оние што се против новиот документ на Унијата Лондон - Ирското „не“ за Лисабонската спогодба би претставувало „драматично уназадување на европскиот процес“, пишува лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“, кој ги повикува гласачите во Ирска да ја ...

Британскиот парламент го ратификуваше Лисабонскиот договор

Макфакс - 09.06.2008

Лондон Британскиот парламент го ратификуваше Лисабонскиот договор, со што Британија стана првата земја која го прифати Договорот, откако тој беше отфрлен на ирскиот референдум. Лисабонскиот договор синоќа го одобри Горниот дом на британскиот Парламент чии што членови го одбија предлогот на ...

Меркел побара сите членки на ЕУ да го ратификуваат Лисабонскиот договор

Макфакс - 09.06.2008

Берлин - Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска побара од сите членки на Европската унија (ЕУ) да го ратификуваат Лисабонскиот договор. „Ние имаме потреба од Лисабонскиот договор, договорот од Ница не е доволен“, изјави Меркел во Бундестагот.