TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МВР: Форумот на НАТО мина беспрекорно

А1 - 30.06.2007

Организацијата на безбедносниот форум на НАТО што во петокот заврши во Охрид мина беспрекорно и без инциденти соопшти денеска оперативниот штаб на МВР задолжен за безбедноста на учесниците на Форумот. „Се покажа дека припадниците на МВР можат успешно да извршуваат вака сложени задачи за што пофалби ...

Ќе трчаме сами кон НАТО

Време - 30.06.2007

ЗАВРШИ БЕЗБЕДНОСНИОТ ФОРУМ ВО ОХРИД Елизабета С. Илиевска Земјите-членки на Јадранската група, Македонија, Хрватска и Албанија, нема да добијат во пакет покана за членство наредната година во Букурешт. Секоја држава посебно ќе треба да си ја заслужи поканата со успешно спроведување на ...

Секој сам во НАТО

Вест - 30.06.2007

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО, ЈАП ДЕ ХОП ШЕФЕР ПРЕЦИЗЕН Земјите членки на Јадранската група во која е и Македонија индивидуално ќе бидат оценувани за својот напредок и така и ќе добиваат покани за членство во НАТО беше прецизен генералниот секретар на НАТО, Јап де Земјите членки на Јадранската ...

Зошто НАТО е нова византиска јагула

Време - 30.06.2007

Пишува: Зоран Андоновски Малку е познато дека клучниот аргумент на нашиот амбасадор во НАТО, Ружин (кој е толку долго во Брисел што наместо Нано, ќе се прекрсти во НАТО Ружин) за Охрид да ја добие организацијата на форумот била - јагулата.

По Охрид, на ред е Скопје

Време - 30.06.2007

Благоја Марковски Од политичко-безбедносен аспект Македонија и Охрид минативе два дена живееја во несекојдневна „вонредна“ состојба. Ќе се согласам со скептиците дека форумот на ЕАПС не е самит, дека нема потреба од еуфорија, дека од форумот нема да произлезе документ, туку само заклучоци од ...

Форумот на НАТО во Охрид

Утрински - 30.06.2007

СТИЛ: ВИП На Самитот на НАТО во Охрид, кој се одржа на 28 и 29 јуни, учествуваа 26 земји-членки и 23 земји-партнери на НАТО Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, допатува од Брисел со сточлена делегација, додека Ленс Смит, командант на командата на НАТО, допатува со шест лични ...

Нема пакет аранжман за прием во НАТО

Утрински - 30.06.2007

Шефер во Охрид ги урна надежите на Јадранската група за групно влегување во Алијансата Групна фотографија на учесниците на Форумот во Охрид. НАТО ги пофали земјите-аспиранти но не презеде врз себе ветувања за покани по дифолт на идниот самит што треба да се одржи во Букурешт ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Охрид ...

Најтешки се последните километри до НАТО

Дневник - 30.06.2007

Многу направивте, но не треба да создадете слика дека се' е постигнато, бидејќи не е, оцени Шефер Македонија многу постигна, но уште многу треба да направи, затоа што одлуката за членство ќе се носи врз основа на резултатите, оцени генералниот секретар на НАТОЈапдеХоп Шефер на Форумот за безбедност ...

Во НАТО преку Приштина

Дневник - 30.06.2007

Дали шансите на Македонија за влез во НАТО се компромитирани поради тоа што станува се' поочигледно дека решението на косовскиот статус се одолжува и одложува? Евроатлантската интеграција и развојот на регионот ќе бидат забавени ако не биде најдено решение за Косово, изјави генералниот секретар на ...

Ја трчаме последната милја до НАТО

Вечер Прес - 30.06.2007

Одлуката на АлијансатаБезбедносниот форум оваа година да се одржи во земјава е признаниеза вкупната реформскаполитика на Македонија Вратите на НАТО остануваат отворени, но од земјите-кандидати зависи дали на самитот во Букурешт следната година ќе добијат покана за членство, порача вчера генералниот ...

Шефер: НАТО ќе помогне околу реформите

А1 - 29.06.2007

„Морате уште многу да работите на децентрализацијата, на еднаква застапеност, на реформите во судството, на религиозната слобода“, изјави во интервјуто за А1 Јап де Хоп Шефер, генерален секретар на НАТО. Можете ли да ни кажете, го спомнавте тоа на дискусијата, можно ли е на следниот самит во ...

Влезот во НАТО е далеку од завршена работа

А1 - 29.06.2007

Зачленувањето на Македонија во НАТО е далеку од завршена работа. Доста е направено, но останува уште многу да се сработи пред земјава да биде подготвена за зачленување. Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер денеска од Охрид, од Безбедносниот форум, кој се одржува два дена, ги потсети, но и ...

Балканските евроинтеграции зависат од Косово

А1 - 29.06.2007

Евроатлантските интеграции на Балканот ќе бидат забавени доколку не се донесе решение за Косово, предупреди генералниот секретар на НАТО Шефер и внесе нервоза меѓу македонските, албанските и српските претставници на Северноатлантскиот партнерски совет.

Цел Охрид влезе во НАТО

Време - 29.06.2007

БЕЗБЕДНОСЕН ФОРУМ НА ЕАПС Елизабета С. Илиевска Под невидени безбедносни мерки вчера во Охрид почна дводневниот безбедносен форум на НАТО (ЕАПС). Градот под Самоиловата тврдина досега не доживеал таква опсада. Буквално под секое дрво, под секоја сенка има полицаец, а околината постојано ја ...

"Македонија се движи во вистинска насока"

Вест - 29.06.2007

ГЕНЕРАЛОТ НА НАТО ЛЕНС СМИТ ЗАДОВОЛЕН ОД РЕФОРМИТЕ Македонија се движи во вистинска насока околу зачленувањето во НАТО е оценката која произлезе од средбата помеѓу министерот за одбрана на Република Македонија Лазар Еленовски и командантот за трансформација на НАТО Ленс Смит, одржана како ...

Форумот во Охрид нов чекор кон НАТО

Утрински - 29.06.2007

НАТО се надева дека Македонија ќе ги заврши реформите за да може да добие покана за членство ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Охрид – Во Охрид вчера се' беше подготвено за почетокот на безбедносниот форум на НАТО, кој треба да биде дополнителен придонес на Македонија во нејзините аспирации за членство во ...

Форумот е доказ дека сме зрели за во НАТО

Дневник - 29.06.2007

Ова е голема шанса да се претставиме како држава-сериозен кандидат, но и на НАТО да му понудиме можност за дискусија, оцени шефот на дипломатијата Антонио Милошоски Форумот на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС) во Охрид е доказ дека Македонија е подготвена за членство во НАТО и дека Алијансата ...

Шефер на прес-конференција во Охрид: Во Македонија е многу постигнато, останува уште да се направи

Канал5 - 29.06.2007

Во Македонија навистина е многу постигнато, но останува уште многу да се направи. Од суштинско значење е спроведување на реформите, пред се судските, почитување на верските слободи и на правата на малцинствата, како и воспоставување нормални односи меѓу партиите, истакна генералниот секретар на ...

Шефер: Oва е последната милја но последните милји можат да бидат многу тешки и комплицирани

Канал5 - 29.06.2007

Би можело да се каже дека ова е последната милја или последните милји, но јас како маратонски тркач знам дека последните милји можат да бидат многу тешки и комплицирани... Никогаш порано Македонија не била толку блиску до НАТО. Ова е изјава на официјални претставници на македонската влада.

Преку Охрид во НАТО

Вечер Прес - 29.06.2007

Околу 600 претставници од 49 земји, вчера до доцна попладнето пристигнуваа во Охрид, каде се одржува дводневниот Безбедносен форум на НАТО во организација на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС). Првите гости од Командата на НАТО, беа задоволни од условите што ги обезбеди Македонија за одржување ...

Јадранската група во Охрид сака гаранција за прием

А1 - 28.06.2007

ЕАПС во Охрид е местото каде Јадранската група држави - Македонија, Албанија и Хрватска се обидуваат да извршат притисок со кој ќе се гарантира влезот во Алијансата следната година. Очекувано, претставниците од овие три земји својата надеж ја гледаат во Америка, која во моментов е најголемиот ...

Македонија ги промовира капацитетите во Охрид

А1 - 28.06.2007

Самитот на НАТО во Охрид е одлична можност Македонија да ги промовира своите капацитети во пресрет на наредниот самит на НАТО закажан за април догодина во Букурешт. Инаку, денеска и утре во Охрид пристигнаа и ќе пристигнат претставници на 49 земји членки на НАТО, Партнерството за мир, Русија, ...

Предизвиците на мирот и стабилноста

Време - 28.06.2007

ПОЧНУВА ФОРУМОТ НА НАТО ВО ОХРИД „Промовирање на мирот и стабилноста - предизвици и решенија“ е главната тема на дводневниот безбедносен форум на НАТО (ЕАПС), кој почнува денеска во Охрид, со кој ќе претседава генералниот секретар на Алијансата, Јап де Хоп Шефер, а негов домаќин ќе биде министерот ...

"Горица" експресно со кујна по ЕУ стандарди

Вест - 28.06.2007

ДЕНЕС ПОЧНУВА ФОРУМОТ НА ЕАПС ВО ОХРИД Најголемиот туристички центар во Македонија - Охрид, денеска и утре, ќе биде и најбезбедниот град во државата поради безбедносниот Форум на Евроатлантскиот партнерски совет во хотелот "Горица".

Започнува безбедносниот форум на ЕАПС во Охрид

Утрински - 28.06.2007

Безбедносниот форум на Евроатлантскиот партнерски совет денеска и утре во Охрид по вторпат ќе ги собере на едно место претставниците на 26-те земји-членки и 23-те земји партнери на НАТО на неформална дискусија на темите кои ја засегаат Алијансата.

Охрид на систематски преглед

Дневник - 28.06.2007

Во градот и во околината се засилени контролите од различни единици на полицијата Низ Охрид денеска ќе минат најмалку 56 конвои со учесниците и со набљудувачите на вториот Безбедносен форум на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС), кој ќе се одржи утре.

Денешните средби во Охрид увертира за утрешниот НАТО форум

Канал5 - 28.06.2007

Охрид полека се полни со делегациите на 49-те земји – членки на евроатланскиот партнерски совет кои утре на безбедносниот форум ќе дебатираат за Косово, Авганистан, енергетската безбедност. Охрид полека се полни со делегациите на 49-те земји членки на евроатланскиот партнерски совет кои утре на ...

Форум не е исто што и Самит

Вечер Прес - 28.06.2007

Од Безбедносниот форум нема да произлезе документ. Ќе бидат донесени некакви заклучоците од дискусиите кои подоцна ќе бидат предмет на натамошни дискусии на формалните состаноци на работните тела на Евроатлантскиот партнерски совет во седиштето на НАТО, во Брисел Неколку илјадници полицајци, ...

Дојдоа првите гости за форумот на НАТО

А1 - 27.06.2007

Охрид веќе живее во поинаков ритам од вообичаениот на ден пред официјалниот почеток на безбедносниот форум на НАТО. Првата од педесетината најавени делегации, пристигна околу 15 часот, при што извесно време во прекин беше сообраќајот од аеродромот „Свети апостол Павле“ кон хотелите.

Од денеска Охрид под посебен режим

Време - 27.06.2007

УТРЕ ПОЧНУВА НАТО-ФОРУМОТ Привршуваат подготовките за безбедносниот форум на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС), кој треба да се одржи утре и задутре во Охрид во хотелот „Инекс Горица“. Тимот на Алијансата од 15 стручни лица веќе една недела е во Охрид и ги надгледува завршните активности за ...

Со охридскиот ќе се одржи и младински безбедносен форум во Струга

Утрински - 27.06.2007

Напоредно со Безбедносниот форум на ЕАПС на НАТО во Охрид, в четврток и в петок во Струга ќе се организира Младински безбедносен форум во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија. Форумот во Струга ќе третира три панел-теми, исто како и охридскиот форум, и тоа: иднината на Балканот во ...

Кремљ и НАТО на спротивни страни околу ракетниот штит

Утрински - 27.06.2007

Путин и генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, сметаат дека дијалогот, сепак, треба да продолжи Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Русија и НАТО и понатаму имаат апсолутно спротивни ставови кога станува збор за американската противракетна одбрана, како и начинот на решавање на ...

Форум на млади лидери во Струга

Дневник - 27.06.2007

Евроатлантскиот совет на Македонија (НАТО-клуб) по повод одржувањето на Безбедносниот форум на ЕАПС, во Струга организира младински безбедносен форум на тема „Предизвиците на глобалната безбедност и одговорност 2007“. Како што рекоа на вчерашната прес-конференција организаторите од НАТО-клубот на ...

Охрид пред утрешниот Форум на ЕАПС

Канал5 - 27.06.2007

Пред утрешниот почеток на најзначајниот собир одржан во Македонија, Безбедносниот форум на ЕАПС во Охрид, во градот домаќин атмосферата е вообичаена и секојдневна. Сообраќајот и покрај најавените ограничувања се одвива нормално посебно по главната сообраќајна артерија во Охрид, булеварот ...

Да се зачлениш во НАТО е како да купуваш акции

Време - 26.06.2007

ШТО ЌЕ ДОБИЕМЕ АКО ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО? Мери Јордановска Дали изборите во вашата држава се демократски и се одржуваат според западните стандарди? Дали во земјата се почитуваат правата на малцинствата? Дали одбраната е организирана според НАТО-стандардите? Колкава е сигурноста во вашата држава? Дали ...

Црвенковски сепак ќе одржи прием на форумот

Време - 26.06.2007

СПОРЕД АГЕНДАТА ЗА СОБИРОТ ВО ОХРИД Претседателот на државава Бранко Црвенковски сепак ќе присуствува на безбедносниот форум на НАТО (ЕАПС), кој ќе се одржи на 28 и 29 јуни во Охрид. Според официјалната програма за форумот, тој ќе има прием за добредојде на министрите и шефовите на делегациите в ...

Со знаме, но без име

Вест - 26.06.2007

НА ФОРУМОТ НА ЕАПС ВО ОХРИД Пред учесниците на Форумот на Евроатлантскиот партнерски совет кој на 28 и 29 јуни ќе се одржи во Охрид, нема да пишува од која земја доаѓаат, туку ќе стои само знамето на нивната држава и нивното име.

„Синтезис“ и Даутовски ќе ги забавуваат гостите на НАТО

Утрински - 26.06.2007

Македонија на форумот ќе ја претставуваат Милошоски, Еленовски и Рафајловска и неколку пратеници ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Настапите на „Синтезис“, Драган Даутовски и огномет од среде Охридското Езеро ќе бидат забавно-културниот дел од безбедносниот форум на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС) на НАТО ...

НАТО бара итно решение за Косово

Дневник - 26.06.2007

Генералниот секретар на НАТО вчера во Русија се заложи за што е можно побрзо решавање на статусот на Косово, врз основа на планот за „набљудувана независност“ што го понуди специјалниот посредник Марти Ахтисари. Јап де Хоп Шефер изрази надеж дека Русија нема да го искористи правото на вето во ...

Охрид од утре окупиран од Безбедносниот форум

Дневник - 26.06.2007

Од утре во Охрид ќе бидат воведени посебен сообраќаен режим, вонредни мерки на безбедност и ограничување на движењето, а во градот ќе пристигнат околу 1.500 членови на делегации, персонал и набљудувачи на вториот Безбедносен форум на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС), кој ќе се одржи в ...

Јанкуловска: Обезбеден е секој милиметар во Охрид

Време - 25.06.2007

МВР и НАТО потпишаа меморандум за обезбедување на претстојниот форум во Охрид. За обврските што ги презеде македонската страна разговаравме со министерката Гордана Јанкуловска. Ќе може ли да одговорите на сите нивни барања? - Она што го бараше НАТО и покрај тоа што е вообичаен стандард за ваков тип ...

Посебни мерки за безбедност во Охрид

Дневник - 25.06.2007

Од вчера во Охрид се преземени посебни мерки чија цел е поголема безбедност во сообраќајот поради Форумот на НАТО, кој ќе се одржи на 28 и 29 јуни. Се запираат сите градежни работи во централното градско подрачје, а од 27 до 30 јуни се воведува посебен режим во сообраќајот.