TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Славевски: Големите потрошувачи сами да си купуваат струја

А1 - 25.11.2006

Големите потрошувачи сами да си купуваат струја, им порача денеска министерот за финансии, Славевски. Овој став набрзо и официјално ќе им биде соопштен. „Најверојатно големите потрошувачи ќе бидат наскоро упатени сами да купуваат електрична енергија на либерализираниот пазар“, изјави Трајко ...

Владата размислува да го поништи 5 годишниот договор на Фени за испорака на струја

Канал5 - 25.11.2006

Петгодишниот договор нема да го заштити ФЕНИ од идејата на Владата сите големи потрошувачи да ги испрати сами на пазарот да си купуваат струја. Владиниот кабинет е пред сериозна одлука да го поништи договорот со кој Фени си обезбеди евтина и сигурна испорака на струја за следните 5 години.

Струјата ќе биде се' поскапа и ќе ја има се' помалку

Утрински - 24.11.2006

За увоз на енергија годинава 616,8 млн евра, односно 20,2 проценти од вкупниот увоз МАЈА ТОМИЌ Експертите прогнозираат дека струјата во наредниот период ќе ја има многу помалку, а ќе биде многу поскапа. Ова се должи на тоа што Македонија е сиромашна со енергија и е силно зависна од увозот на ...

За увоз на струја 200 милиони евра во 2007

Вест - 24.11.2006

ЕНЕРГЕТИЧАРИТЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ ЗА ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЕНЕРГИЈА За увоз на 4.300 гигават-часови електрична енергија в година од земјава треба да се одлеат 200 милиони евра. Тоа е двојно поголема количина струја од годинешниот увоз на МЕПСО, но тоа значи и двојно поголем одлив на пари.

Увозот на струја в година ќе чини 200 милиони евра

Дневник - 24.11.2006

Зголемениот увоз на енергенси го подјадува платниот биланс на државата, вели гувернерот Петар Гошев Увозот на струја в година ќе не' чини околу 200 милиони евра. Од странство ќе треба да се набават околу 4.300 гигават-часови, што е речиси двојно повеќе од количествата за годинава (2.300 ...

За струја годинава ќе потрошиме 616 милиони евра

Вечер Прес - 24.11.2006

Скапиот увоз на струјата ќе влијае на платниот биланс, а со тоа и на нивото на девизни резерви, на задолженоста на земјава и врз инфлацијата, вели гувернерот Петар Гошев Македонија се повеќе енергетски е зависна од увоз, за што годинава ќе потрошиме околу 616 милиони евра.

МЕПСО и ЕЛЕМ бараат големите потрошувачи сами да купуваат струја

А1 - 23.11.2006

Директорите на државните енергетски компании МЕПСО и ЕЛЕМ во координиран настап ја повикаа Владата да го смени законот и да ги примора големите потрошувачи „Силмак“, „Фени“ и „Макстил“ сами да си купуваат струја. „74% е домашното производство, 26% е увезената енергија, точно толку колку што ...

Енергетската зависност ги раздвижи и банкарите

Канал5 - 23.11.2006

Енергетската зависност ги раздвижи и банкарите. Бараат успешно менаџирање со енергетскиот сектор, за да се спречи увозната зависност која може драматично да влијае врз трговскиот биланс, нивото на девизни резерви, буџетскиот дефицит и инфлацијата. Енергетската зависност ги раздвижи и банкарите.

МЕПСО ќе ја вреднува трафостаницата компензирана за долгот за струја

А1 - 22.11.2006

МЕПСО ќе ја утврдува вредноста на трафостаницата, со која „Силмак“ сака да го компензира долгот за струја. Ревизорски тим од државната компанија за пренос на електрична енергија на терен ќе проценува колку чини објектот, со кој освен „Силмак“ со струја се снабдува целиот тетовски регион.

Не смее да има евтина струја за индустријата

Дневник - 22.11.2006

Големите потрошувачи не треба да добиваат струја по повластени цени, оцени Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК), кое му дава целосна поддршка на Македонски електропреносен систем-оператор (МЕПСО) во укинувањето на оваа пракса.

Владата и МЕПСО одлучуваат за количината на струја што ќе ја купат од понудите на тендерот

Канал5 - 22.11.2006

Владата и раководството на МЕПСО одлучуваат за количината на струја што ќе ја купат од понудите на тендерот. Во моментов во владата трае средбата со вицепремиерот Ставревски. Треба да се одлучи дали и колку од понудената количина ќе се купи и од кои компании.

„Силмак“ нуди нова опција за спас на фабриката

А1 - 21.11.2006

Раководството на „Силмак“ и нуди нова опција на Владата за спас на фабриката. Менаџерите се подготвени да и ја отстапат на државата трафостаницата што се наоѓа во непосредна близина на комбинатот како компензација за долгот за струја.

Фирмите не смеат да останат без струја

Дневник - 21.11.2006

Нелогично е да се врши рестрикција на струја кај големите потрошувачи за да се реши енергетската криза, смета Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. - Не мислам дека фабриките не треба да ја плаќаат електричната енергија или дека треба да плаќаат по повластена стапка.

Бизнисмените бараат струја за наредните пет кризни месеци

А1 - 20.11.2006

Затворањето на големите македонски капацитети во текот на зимата ќе ги проблематизира релациите во целата економија, кризата ќе ја чувствуваат сите. Бизнисмените бараат да се најде модел кој ќе овозможи снабдување со струја во наредните пет кризни месеци.

Енергетската криза ќе удри по економијата, стравуваат бизнисмените

Канал5 - 20.11.2006

Енергетската криза ќе удри по економијата. Бизнисмените од Балканот стравуваат - кусокот од струја ќе им наталожи нови долгови и ќе ги направи неконкурентни. Немоќни се самите да се заштитат. Велат, не можат да си помогнат бидејќи ублажувањето на енергетскиот удар е само политичка игра.