TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"ГОЛОТО ЛИЦЕ" НА ПОЛИТИКАТА

Вечер Прес - 21.01.2006

За прашањето на евро-нато интегрирањето во Република Македонија е постигнат неверојатен национален консензус. Поддршката е речиси стопроцентна, што некои аналитичари и теоретичари ги наведува да форсираат нов термин евро-монизам. Дури и политичарите тоа го дефинираат како пат во еден правец.

"Порака" со признание за поддршка на лица со попреченост

Вечер Прес - 21.01.2006

Мисијата на Handicap International во југоисточна Европа, вчера на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост "Порака", му додели годишна награда за најдобра практика во областа на сервисни служби во местото на живеење на лица со попреченост.

"Алфите" апсат - судот ослободува

Вечер Прес - 21.01.2006

Минатиот четврток, ноќта, битолските "алфи" го уапсиле 27-годишниот ресенчанец, полицаецот Агрон Кранли, вработен во МВР, во ОВР Ресен, и неговиот братучед Н.К., исто така од Ресен. Двајцата биле запрени во моментот кога со комбе вршеле превоз на албански државјани кон соседна Грција.

Нај момче на "Таа"

Вечер Прес - 21.01.2006

Списанието "Таа" на 24 јануари (вторник), во 13 часот во Блу кафе - Капиштец, ќе прогласи Нај момче за 2005 година. Номинирани од светот на музиката се Јован Јованов, Влатко "Морал", Пеце "Суперхикс", Адријан Гаџа, Владимир Крстевски - Франц, Ламбе Алабаковски, Мартин Вучиќ, водителот Марко (Дај ...

Кој ќе слави со "Плзенско пиво?

Вечер Прес - 21.01.2006

Блескавата победа во "Кале" против Чешка во првата пресметка во групата во квалификациите за СП 2007, дава надеж дека машката репрезентација на Македонија и на реваншот ќе се прикаже во светло издание и ќе успее да се избори за реми што ќе значи пласман во пролетниот бараж.

Странец ќе го "чешла" списокот со гласачи

Вечер Прес - 21.01.2006

Во Комисијата за прочистување на единствениот избирачки список, која ќе се состане в понеделник, покрај претставниците на политичките партии да има претставник од меѓународната заедница е новиот услов кој ВМРО-ДПМНЕ го постави на Министерството за правда.

Баклава во "Лудница"

Вечер Прес - 21.01.2006

Вечерва (21 јануари) во клубот "Лудница" (на Срѓан Јанакиевиќ), етно- составот "Баклава” ќе има настап. Свирката почнува во 22 часот, и ќе биде добра прилика да се проследи групата во живо, за кои немаа можност да го слушната нивниот концерт во кино "Фросина", на неколку дена пред Нова година.

Пристигнува опремата за "Застава 10"

Вечер Прес - 21.01.2006

Во фабриката за автомобили "Застава" од Крагуевац кон крајот на јануари ќе пристигне опрема за производство по италијанска лиценца на автомобили од марката "Фиат Пунто". Заставиниот модел ќе се произведува под името "Застава 10", а во фабриката во Крагуевац ќе се произведува каросеријата на ...

ТВ "Здравкин" прослави 15 години

Вечер Прес - 21.01.2006

ТВ "Здравкин", првата приватна ТВ-станица од Велес, вчера прослави 15 години од своето постоење. Оваа телевизиска куќа емитува 24-часовна програма од различни жанрови, приоритет се вести, но и музика, спорт, сериски филмови, филмови, информативна програма, политички емисии, а емитува и емисии од ...

Чесите куртулија од "десетка"

Вечер Прес - 20.01.2006

Македонија ја доби првата рунда против главниот конкурент за првото место во групата за пласман во баражот за претстојното Светско првенство во 2007 година во Германија. Големиот противник Чешка е победена со 36:31 (15:15), во игра што ќе остане долго во паметење на љубителите на ракометот во ...

Владо Јаневски: "Бај-бај", "Авалон", добредојде во "Аворд"!

Вечер Прес - 20.01.2006

Владо Јаневски, ѕвездата на многу женски генерации станува нов екслузивец на "Аворд ентертејмент"”, за кои потпиша договор за претстојниве три години. "Аворд ентертејмент" е актуелна како продукција која мината година го издаде цедето на Тоше Проекси "По тебе", и детскиот албум на Мартина ...

Возачот на "Хисар" осомничен за автобуската несреќа

Вечер Прес - 20.01.2006

Српската полиција го уапси возачот на автобусот на "Хисар", кој синоќа се преврте кај Сремска Митровица, при што загинаа тројца македонски државјани. Против приведениот Елвир Ризвановиќ, државјанин на Македонија, е поднесена кривична пријава за сторено тешко дело против безбедноста во сообраќајот.

"Мастеркард" и "Маестро" блокирани од техниката

Вечер Прес - 20.01.2006

Околу 15 илјади сопственици на "мастеркард" и "маестро" картичките на "Интернационална приватна банка"- Скопје веќе два месеца не можат да ги користат. Тие од крајот на ноември се употребливи само на 1.200 продажани места, на два банкомати и на шалтерите опслужувани од оваа Банка.

На "Евросонг 2006" 38 земји

Вечер Прес - 20.01.2006

На 51. издание на Изборот за "Песна на Евровизија" ќе има 38 држави учеснички, во Атина, Грција. Првпат на оваа сцена ќе се појави претставник од Ерменија, а оваа година нема да видиме претставници од Австрија и Унгарија. Како и во претходните две изданија и годинава ќе има две вечери.

Косовски "голф" излета од пат

Вечер Прес - 20.01.2006

Во средата се случија две тешки сообраќајни несреќи, едната кај Страцин, другата близу Кичево, во кои две лица се здобија со тешки, а две со лесни повреди. Причинетата материјална штета во двава случаја се проценува на неколку десетици илјади денари.

Се "гланцаат" паркиралишта, улици и зелени површини

Вечер Прес - 20.01.2006

Општина Аеродром започна со акција за расчистување на паркинг-просторите, улиците и зелените површини на нејзината територија. Активностите, како што велат надлежните, се одвиваат во соработка со јавните претпријатија "Водовод и канализација" и "Комунална хигиена".

"Водовод" ја враќа довербата

Вечер Прес - 20.01.2006

Јавното претпријатие "Водовод и канализација" по доаѓањето на новиот менаџмент, направи неколку значајни чекори во работењето, што резултира со враќање на довербата кај граѓаните и зголемување на наплатата за околу 10 проценти.

Адвокат и полицаец "плукаат" по Судот и МВР

Вечер Прес - 20.01.2006

Некои "нови ветришта" дуваат во полицијата и во судството. Чудни работи се случуваат таму и тоа токму сега кога во двете институции се спроведуваат реформи и се прават напори да им се зголемат дигнитетот и угледот. Уште почудно е кои се гласноговорниците на овие нови ветришта со кои Судот и МВР се ...

Почна "лов" на нелегалните имоти и пари

Вечер Прес - 20.01.2006

До крајот на јуни годинава граѓаните кои имаат стекнато имот од неоданочени приходи имаат можност да го пријават на Управата за јавни приходи и да ја одбегнат "казната" што ја предвидуваат измените на Законот за персонален данок од доход.

"Вридило је" на Оливер оди како алва

Вечер Прес - 20.01.2006

Хрватската ѕвезда Оливер Драгојевиќ неодамна го промовираше новиот албум "Вридило је", во загрепскиот "Аквариус”, и прими платинеста плоча затоа што за помалку од еден месец од излегување на албумот на пазарот продаде повеќе од 20.000 примероци од албумот. Ова е негов 20 студиски албум.

"Златарска" пресметка среде град

Вечер Прес - 19.01.2006

Едно лице е тешко рането во оружен инцидент што се случи вчера попладне во Куманово. Во 12.10 часот, засега непознато лице со автомобил пристигнало пред кафеаната "Фрешкими", на улицата "11 Октомври" во кумановското централно градско подрачје.

Парк во парк кај "Опатија"

Вечер Прес - 19.01.2006

Повеќе од два месеца, Општина Центар го уредува просторот околу ресторанот Опатија во Градскиот парк. Станува збор за површина од 25 илјади квадрати што се протега меѓу улиците "Ленинова", "Јордан Хаџиконстантинов-Џинот" и Кејот на Вардар. Просторот е ограден и има три влеза.

"Ледо" ќе плати сладолед од 600.000 куни!

Вечер Прес - 19.01.2006

Загрепскиот Жупаниски суд ја потврди пресудата на Општинскиот суд со која "Ледо" сега и правосилно ќе мора да и исплати 300.000 куни со затезна камата на 20-годишната Лукрица Поповиќ (20) од Хвар, поради тоа што пред повеќе од шест години во наградна игра освоила сладолед "Ледо", а фирмата тоа не ...

Блокадите ја блокираа "Брза помош"

Вечер Прес - 19.01.2006

Протестите против продажбата на "ЕСМ-дистрибуција" им создаваат сериозни проблеми на екипите за Итна медицинска помош, на кои поради сообраќајните блокади, не можат на време да пријдат до пациентите и одвај се пробиваат до Ургентниот центар на клиничките болници во Скопје.

Дирекцијата за храна се "сплетка" и со чајот "Свис Канабис"?!

Вечер Прес - 19.01.2006

Директорката на Дирекцијата за храна при Министерството за здравство, Соња Србиновска, по циркусот со соковите "Фанер", се сплетка и со ледениот чај "Свис Канабис", кој е хит во скопските кафулиња. Таа вчера официјално цел ден беше на некаква едукација во некое друго министерството иако, како што ...

Раководителот на стоматолошкиот сектор ќе пломбира во "Правда"?!

Вечер Прес - 19.01.2006

Министерството за здравство го укинува секторот за стоматологија, дел од вработените се прешалтуваат во другите служби, а некои се на трансфер листа за други органи на управата. На таква листа, наводно за Министерството за правда, според неофицијални извори, е и досегашниот раководител на овој ...

Судот ја одби жалбата на "Сименс"

Вечер Прес - 19.01.2006

Предлогот на австриската фирма "Сименс", за донесување привремена мерка за забрана на печатење на документите, за кои тендерот го доби германската "Гисеке и Девријант", е одбиен. По тричасовно рочиште, судијата од Основниот суд Скопје ,1 Санде Зиков, одлучи да го одбие барањето на "Сименс" и да ...

Промовиран албумот на "Еврофест 2005"

Вечер Прес - 19.01.2006

Вчера напладне во хотелот ВИП се собраа дел од пејачите на "Еврофест 2005", директорот Костадин Костадиновски, новиот претседател на Советот на фестивалот Санде Петровски и љубители на оваа забавна фешта, за да ја одржат промоцијата на цедето на кое се ставени 17-те песни.

"Легнатите полицајци" целосно уништени

Вечер Прес - 18.01.2006

Иако на кичевските улици кои минуваат пред училиштата и детските градинки, беа монтирани легнати полицајци од унифициран тип, по три месеци од нивната монтажа на местата каде што тие беа поставени, останати се само делови кои во моментов немаат никаква употребна функција.

"Макфест" ги повикува авторите Фестивалот на музика "Макфест"

Вечер Прес - 18.01.2006

- Штип распишува конкурс за забавни мелдоии што ќе бидат исполнети на Фестивалот "Макфест 2006", кој ќе се одржи на 12, 13 и 14 октомври 2006 година Композициите упатени на Конкурсот треба да бидат пишувани како забавни- популарни песни - шлагери, инспирирани од современите музички трендови.

"За" или "против" историските објекти

Вечер Прес - 18.01.2006

Во Маџир маало се живее како во Среден век. Без канализација, без водоводна и одводна мрежа, со септички јами и во влага. Главна причина за тоа е што за овој дел, стар дел на Скопје, нема детален урбанистички план, па жителите не можат да ги санираат своите домови, ниту, пак, да ги доградуваат или ...

"Коприварник" со Чоревски

Вечер Прес - 18.01.2006

На втори февруари ќе се прикаже новата верзија на кабарето "Коприварник", во продукција на Иван Карадак. Првиот настап е со актерот и актуелен претседавач на Советот на град Скопје, Благоја Чоревски, кому друштво во кабарето ќе му прават и Дади Ангеловски и Катерина Крстевска.

Менаџери им нудат турнеја на "Леб и сол"

Вечер Прес - 18.01.2006

Влатко Стефановски, македонски гитарист и некогашен фронтмен на групата "Леб и сол“ со кого се попознати музичари сакаат да соработуваат, а наскоро ќе гостува и во една песна на новиот албум на Бајага, за "Блиц" вели дека во оваа година има многу амбициозни планови.

Финска повторно ја "издрибла" Македонија

Вечер Прес - 18.01.2006

Македонската фудбалска репрезентација доживеа уште еден непријатен удар од Финците, по двата порази во Првата група од квалификациите за СП 2006 во Германија. Фудбалската федерација на Македонија пред новогодишните празници ја прифати понудата од Саудиска Арабија да гостува на меѓународниот ...

Владо отвори продукција "Саунд" во Белград

Вечер Прес - 18.01.2006

Од неодамна во Белград е отворена нова Издавачка куќа “Sound production”, чиј сопственик е Владимир, Македонец од Тетовско, кој живее во Копенахеген, каде што долги години има својата продукција "Рокстон". "Рокстон" во Копенгахен има организирано настапи на Тоше и Есма, а работи со големата ...

Антонио не ја "троши" Ноне на Евровизија

Вечер Прес - 17.01.2006

Ноне Неделковска, пуленката на Антонио Димитриевски, односно на неговата продукција "Премиер", иако е доста атрактивна како тинејџерски идол, тој нема намера да ја впушти во евровизиската трка. Нејзино е на раат да го подготвува албумот со Јован Јованов, а во февруари на Филолошкиот факултет - ...

"Црквата се меша во се"!

Вечер Прес - 17.01.2006

"Благодарение на Туѓман, Хрватска има договори со Ватикан какви што нема ниедна друга земја. Ние во се сме "нај", па така сме поголеми католици од сите други католичкид држави", рече проф. д-р Мирјана Кризманиќ, реномиран социјален психолог за Радиото "Слободна Европа" Таа додаде дека ни ...

Работа за 170 000 "неевропејци"

Вечер Прес - 17.01.2006

Италија годинава ќе ги отвори вратите за 170.000 работници од земји кои не се членки на Европската унија, што е за 70,000 повеќе отколку лани. Овој број само делумно ги задоволува потребите за странска работна сила во италијанските фабрики, кои од власти бараа "увоз" на 250.000 странски работници, ...

Чаирчани ја "промашија" целта!?

Вечер Прес - 17.01.2006

Полицијата работи на расветлување на вооружениот инцидент што во саботата се случи на паркингот пред "Илинден", во кој едно лице загина, а едно е рането. Со оглед на тоа дека се работи за комплициран случај, многу детали во врска со истрагата не се соопштуваат.

"Голф" се "зари" во бандера, загина возачот

Вечер Прес - 17.01.2006

Дваесет и двегодишниот скопјанец Марјан Петревски загина рано вчераутро во сообраќајка, што се случи на улицата "11 Октомври", токму пред Собранието на Република Македонија. Тој управувајќи автомобил "голф 2", во правец од кај "Кјуби Македонија" кон "Рекорд", ги минал семафорите кај Градска болница ...

Екс-директори во "трка" за УО

Вечер Прес - 17.01.2006

Советникот на министерот за здравство, екс-директор на Фондот, Борче Наумовски, државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Ратка Куљан, извршниот директор во "Мобимак", поранешниот прв фондовец, Рубинчо Зарески, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, државниот ...

"Влајко" ќе носи годишен приход од 100.000 евра

Вечер Прес - 16.01.2006

Свеченото пуштање во употрба на пешачкиот надвозник "Влајко" во населбата Влае, ќе се случи до крајот на април. Оваа вест ја соопшти градоначалникот на Општина Карпош Андреј Петров, кој и досега во неколку наврати многу амбициозно најавуваше термини, кои за жал беа пролонгирани.

Прва "проститутката Сашка"

Вечер Прес - 16.01.2006

Василичарските обичаи знаат да прераснат и во луда журка. Доказ за тоа е и петочната забава во охридскиот клуб "Арена", каде се доделуваа и награди за најдобра маска. Најзаслужни за подигање на еуфоријата беа маскираните "девојки", кои без многу облека на себе ги покажуваа своите "облини" и ...

Маврово "врие" од гости

Вечер Прес - 16.01.2006

Маврово е во екот на сезоната. Најголем дел од хотелите се полни, а слободна викендичка тешко може да се најде, што главно се должи на достапните цени од 500 до 600 денари за кревет. Во хотел, просечна цена на полупансионот за едно лице изнесува 2000 денари а за две - 4000.

"Како сте? ЛДП го слуша вашиот глас"

Вечер Прес - 16.01.2006

- "Како сте? ЛДП го слуша вашиот глас" ќе биде секојдневното прашање во кое се крие суштината на новата политика на ЛДП. Вака на вчерашниот Централен одбор, лидерот на ЛДП, Ристо Пенов ги поздрави своите сопартијци. Тој најави дека ќе се оди во секое село, населба, град за да се слушне гласот на ...

Има ли "фаули" во капиталните трансакции?

Вечер Прес - 16.01.2006

Новата емисија на акции од страна на ЕСМ во износ од 120 милиони евра ги затече потенцијалните купувачи на Дистибуција. Иако никој не спори со законското право на ЕСМ, односно на Владата како доминантен сопственик, за билансно средување на состојбите, односно трансформацијата на еден капитал во ...

Благица Калева "Кренете ги чашите"

Вечер Прес - 16.01.2006

Струмичаните Благица Калева и групата "Модус" специјално пред дочекот на Новата година снимија весела брза песна од композиторот Драги Станков, "Кренете ги чашите". Претходната "Стани народе" од фестивалот Роса 2005 е голем радио-хит.

Прво "дуел" Костов - Младенов

Вечер Прес - 16.01.2006

Случајот "Швајцарски сметки" добива судска разврска. Во Основниот суд Скопје 1 за в петок, на 27 овој месец, е закажано судење. Директорот на Комерцијална банка и поранешен министер за внатрешни работи и премиер, Хари Костов, го тужи Никола Младенов за навреда и клевета, за серијалот текстови што ...

Шерон Стоун го "фати" 11 години помладиот Рик Фокс

Вечер Прес - 16.01.2006

Славната холивудска ѕвезда и се уште неодолива убавица Шерон Стоун, која неодамна беше прогласена за најсексапилна жена со над 40 години од американското списание "Слај" има ново младо момче. Тоа е поранешниот НБА кошаркар, 36-годишниот Рик Фокс, кој е помлад од Шерон цели 11 години, соопшти "Ин ...

Отворање на "Платформа"

Вечер Прес - 16.01.2006

Од вечерва 20.30 во Младинскиот културен центар (МКЦ) почнува да функционира музичкиот клуб "Платформа", на чија сцена во следните три месеци ќе настапат повеќе македонски стари и нови анденграунд бендови. Музичкиот клуб "Платформа" ќе се одржува на денсинг сцената во МКЦ и е во организација на ...