Испораката на приодниот гас од Русија преку Украуина може да почне, изјави во Киев чешкиот министер за индустрија Мартин Риман. Минатата ноќ Украинскиот премиер Јулија Тимошенко го потпиша протоколот за контрола на транзитот по разговорите со чешкиот ...
Меѓународните посматарчи се распоредуваат во Украина по договорот што Европската Унија го потпиша со Киев и Москва за мониторинг врз испораката на гасот од Русија преку Украина.
Украина денеска ја прифати иницијативата на Европската унија (ЕУ) за меѓународен транзит на рускиот гас, што значително ги зголеми надежите за излез од гасната криза.
Се проценува дека на Русија ќе и бидат потребни 30 часа за испорака на првите количини гас, а ќе бидат потребни и дополнителни 36 часа за транзит низ гасоводните цевки во Украина до западните граници Завршува гасната криза.
Украина изрази надеж дека по резултатите на обновените преговори со Русија во најскоро време ќе се обезбеди непречена испорака на природниот гас до европските потрошувачи.
Чешкиот Премиер Мирек Тополанек во својство на Преседавач со Европската Унија денеска во Москва ке разговаар со рускиот премиер Владимир Путин во обид да го реши спорот меѓу Русија и Украина поради кој е запрена испораката на рускиот гас за Европа.
Забрзување на активностите поврзани со алтернативната набавка на гас и можен интервентен увоз на природен гас побара синоќа хрватскиот премиер Иво Санадер.
Унгарскиот плински дистрибутер ЕМФЕСЗ поднесе тужба против украинската компанија Нафтогаз поради прекинот на испораката на руски гас. ЕМФЕСЗ втор по големина увозник на плин во Унгарија на својата интернет страна запиша дека го тужи Нафтогаз пред ...
Русија го потпиша договорот со Европската унија со кој дозволува пристап на посматрачи од ЕУ и од Украина до објектите за транзит на гас на своја територија.
Гасната криза заврши. По неколкудневна неизвесност, изгаснати индустриски печки, напнати преговори и студени домови низ цела Европа, Русија се согласи да ги одврти вентилите за проток на природниот гас кон Европа и кон Балканот.
Постигната е согласност за мониторинг на транзитот на руски гас преку Украина, соопштија денеска прес службите на Европската унија(ЕУ). „Постигната е согласност околу деталите за мониторинг мисијата. Сега е важно гасот што поскоро да стигне во ЕУ, без било какво понатамошно задржување“, се вели во соопштението за јавност.
Европската Комисија денеска побара веднаш да биде обновено снабдувањето со руски гас за Европа, бидејки е постигнат договор за посматрачката мисија на транзитниот гасовод низ Украина. Чешка, како претседавач со Европската Унија, соопшти дека премиерот Мирек Тополанек и рускиот премиер Владимир Путин, на синоќешниот телефонски разговор ги ...
Документ за создавање механизам за меѓународна контрола над транзитот на рускиот гас преку Украина, ќе биде потпишан денеска, по што веднаш ќе се обнови испораката на гас. Ова денеска го изјави шефот на Гаспром, Алексеј Милер.
Набљудувачите на Европската унија (ЕУ) денеска попладне допатуваа во Киев во мисија чија цел е да се овозможи достава на руски гас во Европа преку територијата на Украина.
Вонредна состојба ќе се прогласи во Босна и Херцеговина (БиХ), ако до понеделник не се реши проблемот на доток на природен гас, соопштија во Сараево официјални власти на БиХ. Состанокот ги собра членовите на Претседателството на БиХ, министри за надворешни работи и енергетика на БиХ, претставници на Федерацијата на БиХ и други.
Одлуката за обновување на испораката на природниот гас за Европа е донесена откако независни меѓународни експерти од вчера тргнаа во контрола на испораката на руски гас преку Украина Македонија од понеделник ќе добие природен гас од Русија.
Тамам кога почнавме да се привикнуваме на последиците од хипотекарната криза што ни пристигна од развиениот Запад, се најдовме под нов удар од Истокот. Среде грејната сезона, кога цела Европа се тресе од поларните студови, Русија реши да ја дисциплинира „непослушната“ Украина, со затворање на вентилите за испорака на природниот гас за Бугарија, ...
Руската државна компанија „Газпром“ продолжува со блокадата во испораката на природен гас за земјите од балканскиот регион. Поради прекинот на испораката на гас македонската индустрија има големи штети, а најголеми последици се чувствуваат во фирмите што својот производствен процес целосно го приспособија на искористувањето на енергијата што се ...
Српскиот претседател, Борис Тадиќ ги повика денеска граѓаните на Србија да ја штедат електричната енергија и да бидат рационални. Тадиќ, најави дека Унгарија од вечерва и ќе и испорачува на Србија еден милион до два милиона кубни метри гас дневно.
Испораките на руски гас за Европа преку Украина ќе бидат обновени, веднаш откако ќе бидат разместени независни набљудувачи, кои ќе го проверуваат протокот на гас меѓу двете држави. Ова денеска во Брисел го изјави претседателот на руски „Газпром“ Алексеј Милер, пренесуваат западните агенции.
Украина потпиша вечерва Меморандум со Европската комисија за испраќање европски набљудувачи, кои ќе го контролираат транзитот на руски гас за Европа. Претставник на украинската делегација соопшти за западните агенции, дека потпишаниот Меморандум отвора пат за обновување на испораките на руски гас преку територијата на Украина.
Русија и Украина покажаа решеност за да и решат разликите поради кои е запрена испораката на рускиот гас за Европа низ украинска територија, соопшти Европската Унија. Во Брисел како што е познато во тек се разговорите на европските преставници со главните директори на руски Газпром Алексеј Милер и Украински Нафтохаз Олег Дубина.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија нема да ги обнови испораките на гас за Украина, доколку Киев не ја прифати пазарната цена на гасот и не прифати меѓународни посматрачи. Во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Виктор Јушченко, доцна синоќа, Медведев истакнал дека Русија е подготвена во секој момент да го обнови ...
Преговорите меѓу украинската компанија Нафтогас и рускиот Гаспром завршија без конкретен резултат, изјави првиот човек на украинската компанија Олег Дубин. Според него, разговорите со директорот на Гаспром Алексеј Милер завршиле без резултат, но ќе продолжат.
Претставници на руската компанија за гас Газпром и на украинскиот Нафтогаз денеска во Брисел се очекува да имаат средба со претставници на Европската Унија за решавање на спорот меѓу двете земји околу цената и испораката на гас. Имено, во Брисел ќе отпатува директорот на украинската компанија за гас Олег Дубина и на руски Газпром Алексеј Милер.
„Гаспром“ и „Нафтогас Украина“ денеска во Москва треба да ги продолжат преговорите за условите за испорака и транзит на гас за 2009 година. Руската компанија „Гаспром“ ја сопре испораката на гас за Украина на 1 јануари годинава, поради неисплата на заостанат долг, но и поради несогласување околу новата цена на гасот што ја предложи Москва.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошевски вчера ги информирал амбасадорите на Русија и на Украина, Владимир Солоцински и Виталиј Москаленко, дека Македонија трпи сериозни економски последици поради прекинот на испорака на рускиот гас Македонија вчера упати протест кон Русија и Украина, и до нивните енергетски компании Газпром и Нафтагаз, ...
Македонија ги почувствува првите последици од спорот меѓу Русија и Украина и прекинот на испораката на рускиот гас кон земјите на балканскиот регион и Турција. Од завчераутро цевките на македонскиот гасовод остана празни кога руската државна компанија „Гаспром“ во целост ги затвори вентилите на меѓународниот гасоводен коридор што поминува низ ...
Украинската државна компанија за гас Нафтохаз соопшти дека Русија целосно го стопирала снабдувањето со природен гас до европските корисници поради спорот меѓу Москва и Киев околу цената на гасот. Романија, Чешка и Австрија потврдија дека тие во изминатата ноќ воопшто не добиле гас од Русија.
Испораката на природен гас од Русија во транспортниот систем кон Европа од полноќ целосно е прекината, а според најавите состојбата во наредните 24 часа ќе остане непроменета. Македонија, заедно со државите од регионот ќе испрати протест до Русија и Украина поради прекинот на дотурот на гас за Балканот.
Чешкиот премиер Мирек Тополанек им се закани на Русија и Украина дека Европската унија енергично ќе се вмеша во спорот, доколку до утре не се обноват испораките на гас. „Доколку до утре не бидат обновени испораките на гас ќе биде неопходна енергична интервенција на Европската унија (ЕУ)“, изјави Тополанек.
Македонија е без гас, но парно во земјава ќе има, бидејќи Топлификација го префрли своето производство на мазут, а Макстил и кумановската фабрика за производсто на цевки "11 Октомври" се затворени оти нивното производство не може да се пренамени на мазут Македонија остана без природен гас, поради актуелниот спор на Русија и Украина околу новата ...
Чешкиот премиер Мирек Тополанек вчера официјално ги претстави приоритетите на претседавањето на Чешка со Европската унија, чии три главни столба се три "Е": економија, енергетика и Европа во светот, а мотото е "Европа без бариери".
„Гаспром“ и „Нафтогас Украина“ ќе ги продолжат преговорите за условите за испорака и транзит на гас за 2009 година, на 8 јануари во Москва. Ова денеска го соопшти директорот на украинската компанија Олег Дубин. „Ги продолжуваме преговорите на 8 месецов во Москва“, соопшти Дубин попладнево на пресконференција во Киев.
Македонската Влада попладнево одржува итна седница, на која се расправа за најновиот развој на настаните по сопирањето на испораката на руски гас за Македонија. На отворената владина седница се присутни претставници на компаниите, чие производство е директно поврзано со гас.
Рускиот премиер Владимир Путин нареди државната компанија Газпром од денеска да ја прекине испораката на гас за Европа преку Украина. Овој негов потег доаѓа по итниот состанок на европските лидери во Брисел, кои разговараа за спорот меѓу Русија и Украина и неговото влијание врз снабдувањето на Европа со ...
Испораката на гас, што Македонија преку Бугарија и Украина го добива од Русија, денеска целосно е сопрена, поради спорот меѓу Москва и Киев за цената на гасот. „Снабдувањето на Бугарија, како и доставата на гас за Македонија, Турција и Грција, целосно е сопрена.
Бугарија денеска соопшти дека од ноќеска е запрена испораката на руски гас преку Украина за Бугарија, Турција, Грција и Македонија. Турција исто така потврди дека снабдувањето со гас преку западниот крак, кој минува низ Украина, е целосно запрено.
Балканскиот систем оператор на природен гас Топенерџи ги информираше ГА-МА АД и Макпетрол дека од утрината од 04:30 часот е прекинат транзитот на рускиот природен гас за земјите на Балканот и Турција. Како што информираат од Макпетрол, ОДУ ДК " Укртрансгас" НАК "Нафтогас Украина" ја прекинале испораката на гас за Македонија, а како последица на ...
Рускиот Премиер Владимир Путин на Газпром му нареди да ја скрати испораката на гас за Европа низ Украина почнувајки од денеска и тоа за делот за кој Москва го обвинува Киев дека го краде. Газпором соопшти дека дотурот за Европа ке го зголеми преку Белорусија и црно Море.
Рускиот премиер Владимир Путин му нареди денеска на државниот монопол Гаспром да пристапи кон ново скратување на доставките на гас преку Украина за Европа, по оценките дека Киев го краде транзитниот гас за свои потреби.
Испораките на руски гас кон Турција, Грција и Македонија, од вчера, се намалени за 24,8 проценти, изјави претставник на Диспечерскиот центар за Балканот Игор Јелкин, јавуваат руските агенции. Според него, од 1 до 3 јануари оваа година, балканските држави од Украина добиле 21 милион кубни метри руски гас помалку отколку што тоа е предвидено со ...
Во Брисел денеска ке биде одржан итен состанок на европските дипломати посветен на руско – украинскиот спор поради кој има намален дотур на руски гас за Европа. Русија го прекина дотурот за Украина и го обвини Киев дека гасот наменет за европа го пренасочува за своја потреба. Киев пак тврди дека Русија всушност го намали транзитот низ Украина.
Испораките на руски гас кон Турција, Грција и Македонија се намалени за 24,8 проценти, изјави претставник на Диспечерскиот центар за Балканот Игор Јелкин, јавуваат руските агенции. Според него, од 1 до 3 јануари оваа година, балканските држави од Украина добиле 21 милион кубни метри руски гас помалку отколку што тоа е предвидено со динамиката на ...
Испораката на гас за балканскиот регион вчера беше намалена за 24,5 отсто. Поради намалената достава за Бугарија како резултат на украинско-рускиот спор, загрозена е и доставата на овој енергенс за Турција, Грција и за Македонија. Македонските компании чии погони работат на природен гас се исплашени.