TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Муратовски: Специјалците ги испровоцираа работниците

Вест - 06.04.2002

НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ ГО ОБВИНУВА МВР ЗА ТЕПАЧКАТА ПРЕД СОБРАНИЕТО Новиот синдикален лидер бил изнервиран и не мислел сериозно, кога по завчерашниот судир меѓу полицијата и работниците изјави дека за наредниот штрајк своите луѓе нема да ги донесе голораки пред Собраниет Претседателот на ССМ ...

Повредени 25 полицајци во штрајкот на загубарите

Вест - 06.04.2002

ПРЕС НА ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ Од страна на МВР ќе бидат преземени соодветни законски мерки против организаторот на протестот, бидејќи тој не ги презел соодветните мерки за одржување на редот и мирот и не организирал редарска служба Во завчерашниот протест на вработените од претпријатијата-загубари ...

Штрајкувачите повредиле 25 полицајци

Утрински - 06.04.2002

Според првиот човек на полицискиот синдикат "Во непријатните случувања пред Собранието се повредени дваесет и петмина припадници на полицијата", истакна вршителот на должноста претседател на Полицискиот синдикат, Тихомир Климовски, на прес-конференцијата по повод синоќешните инциденти.

Синдикатот ги обвинува специјалците за инцидентите

Утрински - 06.04.2002

ССМ ги анализира случувањата на последниот протест на загубарите пред Собранието "Синдикатот целосно отфрла каква било одговорност за инцидентите што се случија за време на завчерашниот протест на загубарите пред Собранието. Комплетната вина е на Владата, која е глува на барањата на работниците и ...

Премиерот "непријатно изненаден" од синдикалните протести

Дневник - 06.04.2002

љубЧо георгиевски во гевгелиЈа Премиерот Љубчо Георгиевски вчера изјави дека бил непријатно изненаден од синдикалните протести завчера во Скопје, одржани пред Парламентот. - Видовме како со автобус се оди на македонската полиција, истата онаа полиција, која до вчера беше во првите борбени редови ...

Синдикатот ги брои повредените, МВР пријавите

Дневник - 06.04.2002

ПО ПРОТЕСТот НА ЗАГУБАРЦИТЕ Македонија е пред социјална експлозија. Ако Владата продолжи да ги игнорира работниците ќе избувнат големи немири, а таа ќе ја сноси одговорноста за се што ќе се случува понатаму - предупреди вчера Сојузот на синдикатите на Македонија.

Несуден дипломат на чело на синдикалната колона

Дневник - 06.04.2002

Портрет - Ванчо Муратовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија Зборува англиски, француски и грчки, но отсега најчесто ќе говори со јазикот на синдикалната борба. Неодамна стана лидер на најголемото синдикално семејство и во неговиот вокабулар доминираат зборовите: генерален ...

Работниците се судриле со „Лавовите“, не со полицијата

А1 - 05.04.2002

„Целта на вчерашните протести на работниците од фирмите загубари беше на мирен начин да се изрази револтот кон владата и парламентот бидејќи се уште не е донесен законот кој на работниците со повеќе од 25 години стаж ќе им обезбеди социјална сигурност до пензионирање“, изјави првиот синдикалец ...

Опсада на Собранието

Вест - 05.04.2002

НАЈЖЕСТОК ПРИТИСОК НА ЗАГУБАРИТЕ Откако претпладнето претседателот Стојан Андов не го исполни ветувањето дека ќе ги прими, работниците се обидоа со сила да влезат во Собранието и заработија ќотек од полицајците. Синдикалците не се задовол Неколку илјади работниците од фирмите загубари, вчера ...

Загубарците добија нови ветувања и ќотек

Дневник - 05.04.2002

ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО Синдикатот бара итно да се донесат законските измени со кои ќе се обезбеди социјална сигурност за отпуштените работници со 25 години стаж Неколку штрајкувачи од претпријатијата-загубари беа полесно повредени на вчерашниот протест пред Собранието, поради недонесувањето на ...

Штрајкувачите од загубарите се судрија со полицијата

А1 - 04.04.2002

Околу илјада работници од фирмите загубари денеска на штрајкот пред парламентот се судрија со полициското обезбедување, во обидот насилно да влезат во зградата на собранието. По половина час чекање прием кај претседателот на собранието Стојан Андов, со намера да влезат во собраниската зграда околу ...

Загубарите се спремаат за опсада на Парламентот

Вест - 03.04.2002

УТРЕ НОВ ШТРАЈК ПРЕД СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА Ако успеат да влезат во Собранието, синдикалците од фирмите загубари најавуваат дека нема да излезат се додека народните пратеници не ги усвојат измените на Законот за вработување со кои ќе им се овозможи Работниците од фирмите загубари утре повторно ќе ...

Барањата на загубарите не можат да бидат поддржани

Утрински - 03.04.2002

Зоран Крстевски ?Ставот на Владата во врска со причините за штрајкот на Сојузот на синдикатите на Македонија веќе е познат и тој став е координиран со Светска банка", изјави потпретседателот на Владата, Зоран Крстевски, по завршувањето на вчерашната владина седница.

Муратовски најавува најмасовен штрајк од сите досегашни

Утрински - 03.04.2002

Загубарите утре повторно излегуваат на масовни протести поради манипулациите околу законските измени за социјална сигурност Пресметките на ССМ покажуваат дека за примена на измените се потребни 46 милиони евра во период од 10 години или по 350.000 евра месечно МАЈА ТОМИЌ Без разлика на тоа дали ...

Законот на загубарите државата ќе ја чини 46 милиони евра

А1 - 02.04.2002

Законот кој на работниците со повеќе од 25 години стаж ќе им се обезбеди социјална сигурност државата ќе ја чини 46 милиони евра кои ќе треба да се платат во период од 10 години, почнувајќи од 2004-та година. Ова се податоци од последната анализа што ја направи Сојузот на синдикатите на Македонија.

Генерален штрајк на здравството на 11 април

Вест - 02.04.2002

ПОРАДИ НЕИСПЛАТА НА К-15 И НЕЗАДОВОЛСТВО ОД РЕФОРМИТЕ Здравствените синдикалци, на 11 април ќе стапат во генерален штрајк. Незадоволни од неисплатата на паричниот и материјален надоместок за К-15, од стартот на најавените реформи, како и од фактот дека последниве десет години ниту за денар не се ...

Белите мантили закажаа генерален штрајк за 11 април

Утрински - 02.04.2002

Со едногласна одлука на Советот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Барања: стопирање на реформските измени на Законот, определување на цената на трудот и исплата на К-15 На 11 април во седум часот ќе почне генералниот штрајк на вработените во здравството.

20 илјади здравствени работници на штрајк

А1 - 01.04.2002

Повеќе од 20 илјади здравствени работници - лекари, медицински сестри и болничари од целата држава на 11-ти април ќе стапат во генерален штрак кој ќе се одвива во здравствените организации. Вака денеска едногласно одлучија членовите на синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита.

Загубарците си ги бараат предвремените пензии

Дневник - 01.04.2002

СИНДИКАЛЦИТЕ за Четврток НАЈАВУВААТ НОВИ ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕТО Светската банка и ММФ не се согласуваат со барањата на синдикатот за предвремено пензионирање на загубарците Вработените во претпријатијата загубари во четврток на 4 април ќе протестираат пред Собранието ако дотогаш пратениците не ги ...