TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тутунопроизводители се резервирани дека ветувањето од владата ќе биде исполнето

А1 - 11.06.2006

Неколку дена трае исплатата на првиот дел од премијата која Владата им ја вети на тутунарите. 15 денари за килограм се плакат преку шалтерите на банките но, најголемиот дел од прилепските тутунопроизводители се резервирани дека ветувањето во целост ќе биде исполнето.

Тутунарите од Тополница оставени на немилост на „Струмица табак“

А1 - 10.06.2006

Егзистенцијата на цело село зависи од грчките газди на „Струмица табак“. Земјоделците од радовишко Тополница и по три месеци откако го дадоа тутунот, не можат да си ги добијат парите од ланската реколта. На повеќето жители не им е ни откупен целиот тутун, па им виси по таваните.

Тутунарите се истепаа за премија

Време - 10.06.2006

ТУРКАНИЦИ ПРЕД „ТУТУНСКА БАНКА“ ВО ПРИЛЕП Хаос владее во исплатата на половината од премијата, тврдат дел прилепски тутунопроизводители. Тие вчера со часови чекаа пред „Тутунска банка“ за да добијат по 15 денари за килограм тутун што го предале во битолски „Соко мак“ и „Алијанса 1“ од Кавадарци.

Тутунарите ќе го блокираат „Струмица табак“

Време - 09.06.2006

АКО НЕ ИМ ГИ ИСПЛАТИ ПАРИТЕ Околу 500 тутунопроизводители што се уште чекаат пари од „Струмица табак“ за предадениот тутун од минатогодишната реколта се закануваат со блокада на претпријатието и со протести пред Владата. Тие реагираат дека премиерот предизборно манипулира со половичната исплата на ...

Земјоделците ќе ја добијат премијата

Време - 08.06.2006

БУЧКОВСКИ Исплатата на половина од премијата за тутунот од минатогодишната реколта ќе почне веднаш, изјави завчера премиерот Владо Бучковски по затворената средба со земјоделците од Регионалниот сојуз „Клас“. На сите земјоделци ќе им се доисплати и премијата од еден денар за килограм пченица.

Бучко почна да ја исплаќа премијата за тутунот

Вест - 08.06.2006

ПРЕМИЕРОТ ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕДИЗБОРНАТА ДАРЕЖЛИВОСТ Почна исплатата на половината од премијата на тутунот од ланската реколта. Тутунарите во Прилеп на шега коментираат дека пред избори ќе бидат задоволни и земјоделците, кои чекаа и дочекаа исплата и владејачките партии, кои темпираа тоа да се случи ...

Тутунарите добија половина од премијата

Дневник - 08.06.2006

Исплатата на половина од договорената премија за тутунарите почна вчера во Прилеп Исплатата на половина од договорената премија за тутунарите почна вчера во Прилеп. Први парите ги добија кооперантите на прилепскиот Тутунски комбинат бидејќи списоците во оваа компанија најлесно биле подготвени.

Почна исплатата на првата рата од премијата за тутунот

А1 - 07.06.2006

Во Прилеп почна исплатата на првата рата од премијата за тутунот. Владата половично го исполни ветувањето. Тутунарите сега ќе добијат само по 15 денари за килограм. За да се исплати ветената премија од 30 денари, потребни се околу 11 милиони евра.