TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кажете ја вистината за да си ја исчистите совеста

Време - 17.03.2007

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ Нека ја кажат вистината за барем делумно да си ја исчистат совеста. Со вакви зборови на вчерашното рочиште за случајот „Бачило“ им се обрати обвинетата адвокатка Ленче Димчевска на нотарот Никола Стојменовиќ и на поранешната судијка Марија Дубровска.

Не ставав очила кога потпишував

Вест - 17.03.2007

ОБВИНЕТИТЕ ОД БАЧИЛО ПРОТИВ НОТАРОТ СТОЈМЕНОВИЌ "Ме викаше Никола Стојменовиќ и ми даваше нешто да потпишувам. Не знам што потпишував. Толку многу му верував што не ставав очила да прочитам што потпишувам", тврдеше пензионерот Ордан Милановски, обвинет дека е еден од главните во шемата со "Ме ...

Обвинетиот полицаец тврди дека му ја фалсификувале белешката за бачилото

Утрински - 17.03.2007

Стојанов вели дека видел загинати овци и кратер од експлозивна направа ЉУБИША СТАНКОВИЌ Полицаецот Душан Стојанов, обвинет во случајот „Бачило“ и „Денационализација на државно земјиште“, тврди дека некој му ја фалсификувал службената белешка што ја изготвил по посетата на бачилото на Иснифарис ...

Командирот видел мртви овци во бачилото на Иснифарис

Дневник - 17.03.2007

Полицискиот командир Душан Стојанов изјави дека тој не ја подготвил службената белешка за гранатираното бачило што била доставена до Судот Командирот Душан Стојанов од полициската станица Попова Шапка изјави дека во 2001 година видел мртви овци и кратер од експлозија во бачилото на Иснифарис ...

За да ја исчисти совеста, Никола треба да ја каже вистината

Вечер Прес - 17.03.2007

Вината нема да ја зголеми туку ќе ја исчисти совеста, рече обвинетата Ленче Димчевска. Таа вели дека вината е нејзина оти му верувала. За да се утврди вистината треба да се следи патот на парите, тврди адвокат Димчевска -Никола го знам дваесет години, ми беше ученик.

И пензионерот Милановски се сврте против адвокатот Стојменовиќ

А1 - 16.03.2007

Обвинетиот пензионер Ордан Милановски остана без своите адвокати. Се сврте против нотарот Никола Стојменовиќ. Во судницата го промени својот исказ даден пред истражен судија. Милановски тврдеше, потпишував многу документи, но ниту еден не го читав.

Нотарот Никола Стојменовиќ ме викаше од планина и ме мамеше

Вест - 16.03.2007

ОВЧАРОТ ОД КАМЕЊАНЕ ИСНИФАРИС ЏЕМАИЛИ ПРЕД СУДОТ ТВРДЕШЕ На поранешната судијка Марија Дубровска ќе и се суди одвоено откако судот доби известување дека не може да биде приведена оти лежи многу болна на Клиниката за онкологија "Во врска со наредбата, Ве известуваме дека лицето е пронајдено во ...

Стоименовиќ: Слабоста на институциите ми ја префрлија мене!

Време - 16.03.2007

ПОЧНА РАСПИТОТ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ Нанесена ми е голема неправда. Месец и пол сум под седативи, бидејќи слабоста на првостепениот и второстепениот суд, на правобранителството и на обвинителството ми беше префрлена на мене.

Иснифарис Џемаили тврди дека не знаел како се перат пари

Утрински - 16.03.2007

Судот одлучи да ја издвои во посебна постапка обвинетата Марија Дубровска поради болест ЉУБИША СТАНКОВИЌ „Јас не знам како се перат пари. Се чудам и се прашувам како оделе тие пари со мое полномошно. Никола Стоименовиќ и Марија Дубровска и тој адвокатот, Емил Гашев, да ги вратат парите на државата, ...

Овчарот се сврте против ортаците

Дневник - 16.03.2007

Овчарот Иснифарис Џемаили на вчерашното судење ги обвини нотарот и поранешната судијка дека го измамиле и сами го конструирале случајот „Бачило“, во кој државата му исплати 720.000 евра отштета. - Предлагам обвинетите, нотарот Никола Стојменовиќ и судијката Марија Дубровска, да и' ги вратат парите ...

На третиот ден од судскиот процес „Бачило“, обвинетите се свртеа против нотарот Никола Стојменовиќ

Канал5 - 16.03.2007

И на третиот ден од судењето, обвинетите во Бачило,против првообвинетиот, нотарот Стојменовиќ. Тој ја смислил целата работа, па ако има совест нека признае и нека ни се извини, сведочеше денеска пред судот Ленче Димчевска обвинета во случајот „Бачило“.

Џемаили: Мозок на аферите Бачило и Спорна денационализација бил нотарот Никола Стојменовиќ

Канал5 - 16.03.2007

Драматичен тек на судскиот процес „Бачило“. Само што застана зад пултот да сведочи, Иснифарис Џемаили рече: Никола Стојменовиќ сакаше да ме убие. Кога открив дека е криминалец и измамник му побарав пари за адвокат кој ќе ме застапува пред судовите. Драматичен тек на судскиот процес Бачило .

Нотарот не измами - тврди Џемаили

Вечер Прес - 16.03.2007

Овчарот од Камењане тврди дека нотарот Стојменовиќ многу лица зел на врат, додека Стојменовиќ тврди дека е невин, притоа напаѓајќи го обвинителството дека го имале предметот во раце, а сега вината му ја префрлаат нему "Не знам како се перат парите, но се чудам колку книшки и пари минале кај нотарот ...

Иснифарис Џемаили во судот го обвини Стојменовиќ

А1 - 15.03.2007

Измамник, љубител на пари. Со овие зборови овчарот Иснифарис Џемаили во судот му се обрати на нотарот Никола Стојменовиќ. Го обвини дека тој е виновникот затоа што се нашол зад решетки. Обвинетите на првото рочиште од случајот „Бачило“ се свртеа еден против друг, обидувајќи се да ја докажат својата ...

Ќе ја носиме на носила и со инфузии

Вест - 15.03.2007

ОДРЕДЕН ПРИТВОР ЗА ТЕШКО БОЛЕН ОБВИНЕТ ВО СЛУЧАЈОТ БАЧИЛО И ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА "Се одбива предлогот да се направи медицински преглед на обвинетата Марија Дубровска бидејќи тоа е со цел да се одолжува судењето. Се определува притвор за обвинетата оти Судот смета дека ќе се крие и ќе одбегнува да ...

Поранешната судијка Дубровска на суд во носилка

Време - 15.03.2007

ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ Мери Јордановска Со автобус од истражниот затвор во Шуто Оризари и со лисици на рацете, вчера во скопскиот Основен суд 1, на првиот претрес за случајот „Бачило“, беа донесени овчарот Иснифарис Џемаили, нотарите Никола Стоименовиќ и Гордана Ракочевиќ, поранешната ...

Започна судењето за аферите „Бачило“ и лажната денационализација

Утрински - 15.03.2007

Судењето беше веднаш одложено поради неприсуство на Марија Дубровска. Судот и' одреди притвор ЉУБИША СТАНКОВИЌ Во големата сала на Врховниот суд вчера започна судскиот процес за 23 лица обвинети за учество во криминални злоупотреби во аферите кои ја вознемирија македонската јавност - „Бачило“ и ...

Притвор и за болната судијка Марија Дубровска

Дневник - 15.03.2007

Судот се сомнева дека таа ќе избегнува да доаѓа на судење и дека ќе ја одолжува постапката На пензионираната судијка Марија Дубровска и' е одреден притвор бидејќи вчера не се појави на судењето за случајот „Бачило“. Советот на скопскиот Основен суд 1 не го прифати предлогот на нејзиниот адвокат да ...

За отсуство - притвор

Вечер Прес - 15.03.2007

На обвинетата Марија Дубровска која вчера не беше присутна на првиот главен претрес, судијата претседател на судскиот совет Лилјана Шопова и одреди мерка притвор. Судењето за дваесет и три лица обвинети за мега аферата Бачило и денационализација, вчера стартуваше во Основниот суд Скопје 1.

Почна судењето на обвинетите за „Бачило“

А1 - 14.03.2007

Започна најголемиот судски процес за корупција. Со силно полициско обезбедување, обвинетите за случајот „Бачило“ и „Денационализација“ од истражниот затвор во Шутка, во судот пристигнаа со автобус. Нивните роднини веќе беа таму. Големата сала во Врховниот суд беше преполна.

Почна судењето за случајот Бачило - притвор за екс судијката Марија Дубровска оти не дојде во судот

Канал5 - 14.03.2007

Од 23 обвинети во случаите „Бачило“ и „Спорна денационализација“ 22 денеска седнаа на обвинителна клупа. Не дојде само обвинетата Марија Дубровска, поранешна судијка, за која во обвинението пишува дека примила околу 24 милиони денари, пари за посредување Иснифарис Џемаили да добие што поголема ...