TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: Клуб на млади на Црвен крст на РМ - Општинска организација Крушево

Saturday, May 23 at 09:00h - 14:00h

Already started

ОУ „Никола Карев”

GUESTS

13going
17interested

Details


Почитувани дарители на крв

КРВОДАРУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА,
COVID-19 ИНФЕКЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ СО КРВОДАРУВАЊЕ

Доброволното дарување на крв продолжува да се спроведува, бидејќи крвта и крвните продукти се постојана потреба за пациентите.
Крводарувањето е континуирано и безбедно, но мора да се земе во предвид дека се очекува намален број на крводарители, поради влијанието на јавно здравствените мерки кои се преземаат во врска со пандемијата. Сите кои се здрави, можат и сакаат да даруваат крв не треба да го одложат крводарувањето бидејќи се воведени дополнителни мерки за безбедност на дарителите и безбедна крв за пациентите. Медицинскиот персонал е дополнително обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки. Воведен е систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите.
Крводарителската акција ќе се одржи во сабота , 23.05.2020 година, од 9 до 14 часот во долното училиште  Никола Карев Крушево. Ве молиме, сите заинтересирани крводарители да се јават на 071/379-920 или да пратат порака на фб профилот на Клуб на млади на ООЦК Крушево со цел да ги распоредиме во соодветен временски период. 

ДАРИТЕЛИ НА КРВ, ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ДАРУВАТЕ КРВ ДОКОЛКУ:
-во последните 28 дена сте патувале надвор од државата
-имате симптоми на настинка, кашлате и кивате
-имате покачена телесна температура
-сте биле во контакт со болен чии симптоми личат на инфекција со корона вирус.

Повеќе информации можете да прочитате на https://www.facebook.com/bloodbankTENK/ страницата на ИТМ.