TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: Здружение за дислексија Ајнштајн

Saturday, Feb 15 at 10:00h - 15:30h

Already started

Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ

ul. Rugjer Boshkovikj 18, 1000 Skopje

GUESTS

138going
523interested

Details


Почитувани,
Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во соработка со Здружението @[473952676054513:274:Brain Genius Kids] ја имаат честа на 15-ти февруари да ве поканат на првиот едукативен семинар „Специјална едукација и рехабилитација – Методи засновани на докази”.

Семинарот ќе се одржи на Филозофскиот факултет во Скопје со почеток од 10 часот.

Аутизмот денеска е се почеста појава кај децата, а во секојденвната пракса увидуваме дека традиционалните начини на работа кои сме ги научиле во текот на нашиот образовен процес се се помалку ефикасни. Наставниците, стручните соработници и сите оние кои работат со учениците со попреченост секојдневно се сретнуваат со бројни дилеми околу за методите за работа.  

На овој едукативен семинар ќе бидат претставени применливи методи алатки наменети за сите  наставници, воспитувачи, специјални едукатори и рехабилитатори, логопеди, педагози, психолози и родители. !☑️📚👌

Семинарот ќе биде поделен во два дела каде што предавач ќе биде еден од најистакнатите експерти за аутизам во Република Србија проф.др. Ненад Глумбиќ од Универзитетот за специјална едукација и рехабилитација во Белград и др. Стеван Несторов експерт за образование на ученици со пречки во развојот.
Едукативниот семинар ќе ги опфати следните области :
➡️Аутистичен спектар на нарушувања (клиничка слика)
➡️Ризик фактори и рано препознавање
➡️Избор на третмани
➡️Организација на просторот
➡️Игри и комуникација
➡️Поддршка во учењето и примена на техники за подучување
➡️Усмерување на неприлагоденото однесување
➡️Бихевиорални интервенции
➡️Применета анализа на однесување
➡️Техники за поткрепнување
➡️Позитивно и негативно казнување
➡️Гасење, поттикнување, моделирање, вмрежување
➡️Подучување на дискриминативни налози
➡️Конвенционален и прогресивен пристап
Не очекува несекојдневна обука која ќе ја реализираат вистински професионалци од својата област.  

Котизацијата за семинарот изнесува 1500 денари или 1300 денари доколку се пријавите група од над 4 учесника.

По завршување на семинарот сите учесници ќе добијат сертификат.👨‍🎓

Сите заинтересирани учесници може да се пријават преку следниот линк https://forms.gle/yGz6KjhiGHzngKHj8 

За подетални информации може да се обратите на 078 296 885

Уште на почетокот на Новата година поставете си приоритети за себеусовршување!


Со почит
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН и Здружение Brain Genius Kids