TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Monday, April 16 at 20:00h - 22:00h

Already started

GUESTS

39interested
32going
443invited

Details


Во понеделник, на 16 април 2018, со почеток од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе се одржи третото издание на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“. Манифестацијата е посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол и традиционално се одржува на денот на неговото раѓање - 16 април, на различни простори низ градот. 
Настанот е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, на кое еден од основачите беше и Ристо Соколов Сокол. 
Во организацијата на настанот целосно се вклучени членовите на неформалната група уметници “Сокол Арт“, кои денес кративно функционираат како дел од “Алтер Центар“.
Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо 2018“ е подржана од Министерството за култура на РМ“.
На самиот настан ќе бидат изложени дела од Ристо Соколов Сокол (платна, дела настанати од перформанси и др.), за прват со уметнички фотографии ќе се претстави Билјана Соколова Тодоровска, како и фотографија на Јадран Манчев. Настанот ќе биде дополнет со видео/фото презентација на делото и животот на големиот уметник и човек од неговата приватна колекција, како и од колекциите на неговите долгогодишни соработници Тони Коцев, Јадран Манчев, Марјан Тодоровски, Тони Галабов, Билјана Соколова Тодоровска, Александар Малинков, Деан Мелов Астрато, Трајче Јованов и др., а за музичкиот дел задолжени се членовите на рок бендот Bad-Ass-All.
Фотографијата на официјалниот плакат за настанот е на Тони Коцев, а дизајнот на истиот е на Билјана Соколова Тодоровска.
Се гледаме почитувани пријатели.