TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: Македонски народен театар

Wednesday, Dec 4 at 20:00h - 22:10h

Already started

Македонски народен театар

11 Март бр.3, 1106 Skopje

GUESTS

101going
468interested

Details


4.12 | ПРЕМИЕРА - „ОТЕЛО“ | 20:00
5.12 | Прва реприза | 20:00

Копродукциски проект помеѓу Перипетија продукција, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница

Автор: Вилијам Шекспир
Режисер: Нина Николиќ
Драматург: Тамара Барачков
Преведувачи: Маја Трајаноска Ивановска и Зина Агиќ

Играат: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ – Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед

Сценограф: Вишња Вујовиќ
Костимограф: Ивана Каранфиловска – Угуровска
Сценски движења: Димитриос Сотириу
Дизајнер на светло: Крис Јегер
Композитор: Дуке Бојаџиев
Дизајнер на плакат: Ника Гавровска
Инспициент: Игда Јариќ
Асистент на дизајнерот на светло: Игор Митревски
Изведба на женски костими: Наташа Ташовска и Јулијана Дуковска
Изведба на машки костими: Тасим Даути


Отело – збор на драматургот
Третманот на класиката во современите театарски пракси отвора простор за истражување на начинот на претставување на текстот на сцена, но и испитување, во контекст на овдешните прилики на клучните мотиви и проблеми со кои се занимава драмата. 
Ова читање на Отело е карактеристично поради радикалниот пристап кон шекспировиот јазик и стил, што е можеби нај очигледната интервенција на текстот. Имавме за цел да истражиме на кој начин и во која мера трансформацијата на јазикот и „преведувањето“ во современ говор може да влијае не само на изворниот шекспиров ракопис, туку и на прашањата кои ги нуди драмата. Така, јазикот стана оголен, директен и лишен од поетичноста, со што се акцентирани и нагласени и денес актуелни теми. Сепак, во одредена мера, поетичноста е задржана само во начинот на говор на Отело, што претставува уште една негова дистинкција, детаљ кој го одвојува овој лик од другите. Исто така, со постапката македонските и босанските глумци да ги играат улогите секој на својот мајчин јазик, додатно се развива поигрувањето со говорот како и прашањето на комуникација и меѓусебно разбирање. 
Јаго во оваа претстава не е олицетворение на злото туку човек со слабости, несреќен и несигурен, можеби и несвесен дека една интрига и ситна пакост, која ја прави поради одмазда, ќе покрене ланец на крвави, трагични настани. Во таа смисла, немавме за цел ниту самиот Отело да го ослободиме од вина и одговорност за убиството, ниту да ги прикажеме неговите дела и однесување исклучиво како последица на сплетките и лагите на Јаго. Низ приказната за љубомората и стравот од неверство, се проблематизира односот кон жените кој го препознаваме и во денешното традиционално патријархално општество.
Тамара Барачков, драматург


Премиери
16.11. 2019 БНП, Зеница и 4.12.2019 МНТ, Скопје

Прва реприза 5.12.2019 МНТ, Скопје
Времетраење: 130 мин без пауза

*Цената на билетот е 300 ден.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и онлајн https://mnt.mk/online/index.php?id=411

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304