TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Thursday, Nov 21 at 08:00h - 16:00h

Already started

Ragusa360 - Rooftop

Sv.Kiril i Metodij 1, 1000 Skopje

GUESTS

87going
402interested

Details


По трет пат во Македонија се случува настанот „Конференција за 200 Жени Претприемачки“, кој оваа година ќе биде збогатен и со избор на „Нај-жена на годината“.

На конференцијата ќе присуствуваат: жени сопственички на бизнис, жени со неограничени претприемачки идеи, жени кои се менаџери, жени кои се лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн). Но, жени на кои им недостига охрабрување да го направат следниот чекор. 

На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) од земјава и странство, кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претприемаштвото. Презентерите на сите учесници ќе им дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

Покрај официјалниот дел на настанот, ќе има многу дружење, вмрежување, ќе се остваруваат нови трајни пријателства, нови контакти и соработници, но ќе се доделуваат и плакети за најдобрите жени.

Бидете дел од елитната конференција, бидејќи ние жените знаеме што ни е потребно, што нè интересира и каде сме најсилни, но многу е поубаво чувството кога сето тоа ќе го доживееме заедно.

На конференцијата ќе слушнете како да стигнете до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот, спортот и воопшто во животот.

Уживајте!

Повеќе информации на: http://bit.ly/200zp2019