TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: Academia Tangom

Saturday, May 23 at 21:30h - 11:00h

Already started

Skopje

GUESTS

11going
16interested

Details


Дами и господа,
 Академиа Тангом со задоволство ве поканува на четвртото издание на ЛАФ ТАНГО МУАБЕТ со Владанка Колева и нејзините гости. 
 
 Станува збор за интерактивна емисија која ќе обработува теми и подтеми од областа на аргентинското танго како социјален феномен и животен стил.
 
 Четвртото издание ќе се емитува во живо на платформата за видео комуникација ZOOM на 23 мај 2020 (сабота), со почеток во 21:30 часот.
 
 Линкот за емисијата ќе биде споделен во самиот настан во 21:00 часот, како би можеле најлесно да се поврзете.
 За да ја гледате и бидете дел од емисијата, потребно е да ја симнете апликацијата ZOOM на вашиот персонален компјутер или вашиот телефон преку линкот http://zoom.us/download . 
 
 Нашата препорака е да ја следите емисијата преку вашиот персонален компјутер за подобра прегледност на сите учесници.
 
 Учеството е бесплатно како и уживањето во виртуелното дружење!
 Се гледаме во сабота на ЛАФ ТАНГО МУАБЕТ!